FILM CLUB (КРУГ 5) (203. Dirty Harry: 14.10-27.10.2024)

Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
На првото гледање ми беше ептен убав, сеа на второ гледање уште поубав.

benini trik.gif
Треба да се проба овој трик некогаш :D

benini wink.gif

benini mars.gif
:place:

life is beautiful.gif
:')

Се восхитувам на Гвидо, начинот на кој ја натера Дора да се заљуби во него, не и остави ама баш ич избор... па нема женско што нема да се стопи на овие работи. Па и во логорот, моментот кога зборуваше преку разгласот, со грамофонот.. Гвидо, каков романтичар бе :love: И колку добра работа само заврши со син му, секогаш позитивен пред него, секогаш насмеан, секогаш знаеше точно што да каже (кога Џошуа го виде како работи, демек тенкот го изработуват), секоја му чест за снаодливоста да се вади на најдобар начин од секоја ситуација... кога почна децата да ги учи како да викат грацие, грацие.... :ROFLMAO: само во последната не успеа да се извлече, а и сега се надевав дека нема да е така, иако второ гледање... :place:
А ништо помалку не и се восхитувам и на Дора, мада мислам дека 99% од мајките истото би го направиле, отиде во речиси сигурна смрт за да остане блиску до сопругот и детето. :cuc:
10/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
После многу години, го репризирав пред месец-два, така да би ми дошло премногу да го гледам пак сега. До скоро ми беше на letterboxd во најдобрите четири филмови, но го заменив со друг, не памтам дали беше Festen дали The Third Man.

10-ка, и нема никогаш да се смени. Мислев дека кога ќе го гледам после толку години ќе се изгуби сјајот ама не, филмот си остана ремек дело, плени со прекрасна енергија и позитивност, која се обидува да го замени црнилото кое ги следи Евреите. Се сложувам во целост со коментарите на @Хоуп дека најмалку треба да се гледа на потезите на Бенини како глупи, иритантни или будали, мене искрено не ми сметаше ниту еден момент во филмот, и покрај тоа што да, свесни сме дека не се најпаметни работи но беа на таков еден начин прикажани, да самото тоа ти изгледа како добрина и радост која сакаше да му ја претстави на синот, и успеа во тоа.

Свесни сме дека ниеден нов филм, нема да има ваков импакт на идните генерации. Ова е вонвременско.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
@Zlatikevichius како оди уствари распоредот за предлози, и кога би дошол мојот ред со моменталниве членови? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.521
Поени од реакции
36.066
Еве вака, пошто сите прашувате, овој е редоследот:

1. Хоуп
2. wicked_1
3. Џонтра Волта (ако успее да издржи да не добие црвен картон за три негледања по ред додека да му дојде редот, но со оглед на тоа што го изгледа сега Life is Beautiful, ќе има право да предложува, зашто после овој, а пред него има само два други филма)

Е сега, овие надолу што ќе ги означам со 0 исто имаат теоретски шанси да се следни за предложување, но треба да се вратат назад во клубот, зашто моментално се со замрзнат статус заради неактивност:

0. Толстој
0. Spiegel
0. RectumAnale
0. ManUtdChampions
0. ob1
0. Bojan van Buuren
0. Leo Bonnie
0. Erich Zann
0. dejan_k
0. Krk1
0. Chovek (кај нејзе фалат и минимум три рецензии за поминатите филмови што се услов за некој да предложува)
0. AniMagus (кај нејзе фалат и минимум три рецензии за поминатите филмови што се услов за некој да предложува)
0. K!KI
0. Saladin
0. Хефест
0. beaverknight (кај него фалат и минимум три рецензии за поминатите филмови што се услов за некој да предложува)
0. Daedalus
0. bobipp

Ако никој од нив не се појави во меѓувреме, тогаш продолжуваме со:

4. moongoses
5. Васил МКД
6. Corvus
7. MDI
8. Донев
9. Shawn Spencer
10. Carax

Секако, за оваа последнава група од 4-10 место се уште не е исполнет барем еден од двата задолжителни услови кои морате да ги исполните за да може да предложите филм:
а) минимум три изгледани филмови и три кратки осврти за истите
б) минимум еден изгледан филм од последните три кои биле предложени (ова за сега сите го исполнувате, но не знаеме што може да се случи додека да ви дојде редот).
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.875
Поени од реакции
6.081
Life is Beautiful
Ова ми е втор пат кој го гледам, и иако беше реприза, уште повеќе ме воодушеви приказната.
Првиот пат кога го изгледав, првиот дел од филмот, каде Гвидо ја освојуваше Дора, не ме фасцинира превише, ми беше исфорсирано, нереално, иако истата приказна беше раскажана од нивниот син, покасно, која најверојатно беше ја слушнал од мајка си.
За разлика од првиот пат, сега го гледав со една драга особа... иии.. емоциите си го направија своето па потонав во таа бајка.
Ќе ми остане во глава разговорот кога ја прашав после воведните минути дали би паднала на некој како Гвидо, на што добив одговор: "Не, нема шанси. Префорсирано го прави сето тоа и изгледа како дворски шут", за на крајот на првиот дел да ми каже: "Знаеш што? Гвидо ме освои". :love:
За вториот дел, стандард, иако ја знаев приказната и владееше хуморот во неа, се осеќаше притисокот во градите. Ах, посебно на сцената каде маршираше пред син му, кон сигурна смрт. Кој би можел на таа сцена да ги сопре солзите? :place::place::place:
Претходно беше оценет со 10, сега да можам, би му дал уште повеќе. Совршена бајка која ќе успее да ги извлече од тебе и најдлабоките емоции.. Среќа, тага, бес.. :)
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Life is Beautiful
Ова ми е втор пат кој го гледам, и иако беше реприза, уште повеќе ме воодушеви приказната.
Првиот пат кога го изгледав, првиот дел од филмот, каде Гвидо ја освојуваше Дора, не ме фасцинира превише, ми беше исфорсирано, нереално, иако истата приказна беше раскажана од нивниот син, покасно, која најверојатно беше ја слушнал од мајка си.
Исто се осеќав и јас. Го паметев како ептен добар филм со малце досадна прва половина и баш си викам ај ќе го издржам првиот дел и се си мислев дека трае ептен време и дека многу ќе ми биде досадно, па и сигурна бев дека тоа и оцена ќе ми намали, ама овој пат повеќе уживав. И во филмот и во првиот дел.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.875
Поени од реакции
6.081
Исто се осеќав и јас. Го паметев како ептен добар филм со малце досадна прва половина и баш си викам ај ќе го издржам првиот дел и се си мислев дека трае ептен време и дека многу ќе ми биде досадно, па и сигурна бев дека тоа и оцена ќе ми намали, ама овој пат повеќе уживав. И во филмот и во првиот дел.
Веројатно многу влијае и (благо)состојбата во која се наоѓаме, на кој начин ќе го перцепираме филмот. Јас сум многу тежок кога се во прашање љубовни филмови, единствен кој успеал да ме воодушеви е бифор трилогијата.
Иначе, велком бек ту ми во филм клубов како што си ветив. Ќе пробам да надокнадам и да ги изгледам филмовите што ги пропуштив, ми стојат даунлодирани во пц. :D
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953

Мило ми е што влегувам во клубот со коментар за најдобриот филм на сите времиња.

La vita e bella кај мене е на врвот од сите филмови што ги имам изгледано. Сигурно се работи за вкусови, субјективност или како сакате наречете го, за мене најважно е чувството после изгледан филм, а колку пати и да го репризирам овој филм тоа секогаш останува исто. Чувство дека во светот сѐ уште има надеж за човештвото.

La vita e bella уште со самиот наслов го прејудицира ваквиот став. Гвидо е едно големо дете кое никогаш нема да поверува дека Дедо Мраз не постои. За скептиците ова е голема бајка, но оптимизмот е очајно потребен да се преживее, особено во ситуации како онаа во која се наоѓаат тој и неговиот син. Комичноста и небитните сцени за мене се голема метафора на бесмисленоста на војната. Изигравајќи будалетинка Гвидо кажува големи вистини критикувајќи ја војната и поделбите кои ги прават луѓето исфрустрирани и искомплексирани.

За Гвидо обврската на еден родител е детето да се чувствува згрижено, сакано и важно и сите негови постапки се во функција на тоа, неговиот син да не расте со омраза, туку со љубов кон животот. Иако кажува лаги и ги зашеќерува сите морбидни ситуации со кои се соочуваат насмевката на Гвидо ни малку не е лажна. Бенини совршено го долови тоа и направи неверојатен баланс меѓу првата романтична и комична половина од филмот и тешката драма во втората, за сето време останувајќи достоен на својот лик.

Филмов верува дека децата не се способни за зло, туку возрасните го всадуваат тоа во нив, а како ќе ги воспитаме нив таква ќе биде иднината на светов. Иако злото секогаш ќе постои, борбата против него е она што се брои.

За многумина е патетично да се направи виц од страдањето на милиони луѓе во Холокаустот и го доживуваат Гвидо како кловн кој бега од реалноста, но дилемата е колку ја познаваме реалноста и колку начинот на кој се бориме против неа е правилен?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Повторно филмов доаѓа кај мене неповикан, можеби е некој знак за да го засакам, нели бидејќи е еден од најдобрите филмови и е сакан од сите филмомани низ светов.
Зошто е сакан? Па како зошто, човекот глуми кловн за да го насмее детето, пред тоа глуми романтичар за да ја освои жената што ја сака, тоа е нешто невидено досега на филм. Имало детенце во филмот, не е мала работа тоа.
Глумење кловн (да пак го кажав тоа) во такви моменти ниту ми е смешно ниту ми е нешто wow, тотално непотребно. Најважно е детето да е среќно? Не, тогаш во тој момент веќе ништо не е важно, џабе глумеше кловн. Никогаш не сум го сакал филмов ниту ќе го засакам, љубовни приказни и комедии во наводници за време на холокаустот ич не ми се смешни, ниту па ми се нешто за да паѓам во несвест и солзи да ронам.
Тука ќе направам една споредба со Шиндлеровата Листа кој е милион пати подобар филм од овој. Крајот на Шиндлеровата Листа не е тажен? Или можеби дека никој таму не глумеше кловн и децата не преживуваа па затоа тој филм не е добар колку овој.
Значи Животот е убав, само затоа што во него има глумење комедијант и една љубовна приказна за која сите мислат дека е ненормално добра и романтична, е толку многу сакан и подобар од другите филмови за холокаустот и војната.
Не знам како го изгледав жими се, страшно ме иритира овој филм, како сакате наречете ме ама ова го изгледав само заради клубов. Овој филм и милиони да ми даваат не би го гледал. Уште кога ќе ми текне дека Роберто собра оскар пред Том Хенкс за Војникот Рајан и Нортон за Американска Историја Х. :facepalm:

5/10.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Ти не би направил се за на некој начин да заштитиш помал брат/сестра, дете? Ако немаш, ај може ќе сфатам. А ако имаш и во таков момент би му рекол ништо сине, спреми се да умреш за некој ден, не знам што да кажам.
 
Кога нема спас и не може да се смени ништо сигурно нема кловн да глумам туку ќе се помирам со судбината. А ако можам да спасам е веќе друг муабет.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Кога нема спас и не може да се смени ништо сигурно нема кловн да глумам туку ќе се помирам со судбината. А ако можам да спасам е веќе друг муабет.
Ти добро, и он си беше помирен. А син ти? И него ќе му кажеш дека ќе умре?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ти добро, и он си беше помирен. А син ти? И него ќе му кажеш дека ќе умре?
Бидејќи немaм aмa кoгa би имaл син или брaт или сестрa, и дa се нaјдеме вo вaквa ситуaцијa, вo лoгoр низ кoј пaтрoлирaaт вoјници, вo време кoгa е вoјнa, сигурнo син ми или брaт ми или сестрa ми немa дa се тoлку глупи и дa мислaт декa си игрaме игрa. Јaс ќе им глумaм клoвн a тие тoa ќе гo прифaтaт, дa сигурнo.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не би го гледал и милиони да ти даваат, ама го гледаше за клубов? o_O
Дa, зa дa не дoбијaм црвен, бидејќи не се знaе дaли вo иднинa би мoжел дa гледaм некoј друг филм. Тoa сo милиoните беше oнaкa, не мислев буквaлнo.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom