FILM CLUB (КРУГ 5) (203. Dirty Harry: 14.10-27.10.2024)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.689
Поени од реакции
43.620
Не ветувам ништо, оти очигледно одговорноста ми е слаба страна, па само ќе кажам дека ќе пробам бар пола од филмовите за 2017та да ги изгледам. :P
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Изи :D

Го немам гледано иначе. Да го догледам Хејтфул 8, па може да се пушти.
 
G

grande-juve

Гостин
Sherlock Jr. :cool: (само видов за кој си дал 30ка во гласањето :D)

И мене 10ка, преклани по трет пат го глеав, сеа таман на блуреј дискче :kajgana:[DOUBLEPOST=1483395593][/DOUBLEPOST]
Јас дури денес, во новава 2017, и тоа на последниот ден од The Hottest State сфатив дека немам пишано ништо за филмов, а го изгледав уште пред скоро недела дена
ја па на 1ви септември го изглеав А.И. и сум забораил да пишам :facepalm:
 
Последно уредено од модератор:
G

grande-juve

Гостин
:noze::D:place:

Гранде филм. Не знам што да кажам осеќам ко се да е кажано за филмов, може зашто многу пати ми е глеан, баш ме интересира како ќе го доживеат тие за првпат што ќе го видат.
Првата половина ми е пресладок ром-ком меѓу Гвидо и Дора, исто и сам кога е Бенини е комедии. И можеш да се насмееш онака убаво зашто војната/ужасите стојат само во позадина и само се надзираат. Потоа ги депортираат, смеење ќе има до крај, ама од друг вид, смешкање, измешано со восхит кон Гвидо, поради неговиот дух и љубов кон Џошуа во обидите да го заштити од тие ужаси, и нормално измешано со солзи, посебно последните 20тина минути.. Последниот поглед на Гвидо кон син му, за после да маршира насмеан кон смртта негова :place::place::place:

Бенини си е маестрален, детето преслатко, музиката погодена, се е наместено за да удри на емоции, и кај мене удира во центар. Единствено на 2-3 места на кратко време ми губи динамика, можда и ради многу репризирања, и затоа 9,5/10 :cuc:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Изгледан :D

Стварно прекрасен филм кој си игра со емоциите на гледачите од почеток до крај. Првиот дел си е баш ко романтична комедија. Гвидо е одлично напишан лик, а и глумецот е перфектен за улогата. Мислам дека дури и без зборење ќе го направеше првиов дел смешен и интересен. Е во вториот дел веќе почнува да станува вистинско, кога гледаш татко кој прави се за да го заштити својот син од суровата вистина. Голем удел игра детето кое исто така е пефтектно погодено за улогата.
И покрај тоа што завршните сцени, марширањето кон смрт пред синот, тенкот и средбата со мајката ми беа совршени и можеби едни од најемоционалните сцени во филмови, пред нив некако ме изгуби филмот на неколку минути, па затоа овој пат добива само силна 9ка од мене.

Дефинитивно ќе ми остане во компјутер и ќе си чека ден кога повторно ќе го изгледам :X3:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Изгледа само јас не паѓам у несвест на филмов. Воопшто не ми е смешен Бењини, нападен ми е некако иако вака ко лик е доста харизматичен и интересен, ама смешен не.

Ја Холокаустот никако не можам да го поврзам со хумор и дебилно ми е малце сето тоа понашање за и околу тој период. Колку сакаш биди позитивен и гледај позитивно на сите работи, во таква ситуација никој човек на светов не би се заебавал и не би изигравал дворски шут. Жими мајка ниеднаш не се насмеав, дури и ме нервираше тоа Чарли Чаплин понашање во вториот дел на филмот односно кога влегоа во логорот. Ниту пак ми беше жал.
Изнервиран го завршив филмот.

Лани го гледав прв пат цел, негде при крај на филмот поточно сцената кај што малиот беше сокриен у тоа железното нешто, слично на шкафче, ми текна дека порано на тв го иам глеано неколку пати. 7.5ка или 8ца му иам дадено ако добро памтам.
Не верувам дека ќе го гледам уште еднаш пошто најверојатно ќе му падне и оваа 8ца што ја има.

8/10
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Изгледа само јас не паѓам у несвест на филмов. Воопшто не ми е смешен Бењини, нападен ми е некако иако вака ко лик е доста харизматичен и интересен, ама смешен не.

Ја Холокаустот никако не можам да го поврзам со хумор и дебилно ми е малце сето тоа понашање за и околу тој период. Колку сакаш биди позитивен и гледај позитивно на сите работи, во таква ситуација никој човек на светов не би се заебавал и не би изигравал дворски шут. Жими мајка ниеднаш не се насмеав, дури и ме нервираше тоа Чарли Чаплин понашање во вториот дел на филмот односно кога влегоа во логорот. Ниту пак ми беше жал.
Изнервиран го завршив филмот.

Лани го гледав прв пат цел, негде при крај на филмот поточно сцената кај што малиот беше сокриен у тоа железното нешто, слично на шкафче, ми текна дека порано на тв го иам глеано неколку пати. 7.5ка или 8ца му иам дадено ако добро памтам.
Не верувам дека ќе го гледам уште еднаш пошто најверојатно ќе му падне и оваа 8ца што ја има.

8/10
Не си единствен, и јaс не пaѓaм. Не знaм кaкo ќе гo изгледaм бидејќи веќе некoлку пaти пoрaнo гo исклучувaв или зaспивaв. Стрaшнo иритaнтен aктер ми е Рoбертo.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
La Vita e Bella :love:

Кога го гледав прв пат толку многу ми беше убав филмов, зошто јас ја обожавам Италија, го сакам јазикот, луѓето, земјата, филмовите, а и без да сум била пристрасна спрема Италија, филмов ми беше совршен. Ме насмеа, ме стопли и ми остави кнедла во грло подолго време откако го гледав. Сега со репризава очекував дека впечатоците ќе се намалат и нема да ми биде исто, ама... Исто беше. Не трепнав. За мене ќе си остане ремек дело и по 101то репризирање.

Бенини вистина делува како недораснат, наметлив, детинест, иритантен и смотан лик, ама само ако го изгледаш филмот 15 мин и го исклучиш. Навистина чудно ми е дека има некој што го гледал филмот до крај, добил краен впечаток дека ликот му е иритантен и дека покрај се тоа што се случуваше глумел дворски шут и се заебавал со ситуацијата. Мада, сепак и Виктор Франкл кој го преживеал Аушвиц и други три различни логори, има раскажано во "Човековата потрага по смисла" дека луѓето во логорот во одредена фаза, кога веќе ја прифатиле ситуацијата онаква каква што е, смислата за живот ја наоѓале баш во хуморот. Се заебавале на своја сметка. Така да ако тоа е единствен проблем, ете факт дека сепак хумор постои и во тие моменти. Иако, хуморот тука беше поради нешто сосема друго, ама ајде ок.

Вистина имаше некои моменти што и мене ми бодеа очи, пример не сакам јас кога нешто треба да биде смешно да се форсира на секое, подобро ми е кога е малце подзатскриено, па ќе заприметиш и ќе се насмееш. Вака ако ти го бутаат пред очи и ти викаат види ова е смешното.. Не е смешно. Така се осетив на почетокот кога Гвидо го глумеше инспекторот во школото, па ја бутнал таа машната со италијанското знаме меѓу нозе и мораше да има после некои небитни моменти само за да ја видиме машната дека му е бутната меѓу нозе. Ова е папок ова е мускул.. Пффф. Видовме одма само што влезе... Ок за глупости се фаќам. Ми текна и мене одма после тоа и си уживав до крај без да се замарам толку.

Ептен сладок беше моментот со црвениот тепих на дождот и скинатото здолниште. И сите моменти кога Гвидо му објаснуваше на детево за војната. Пример кога детето праша зошто на вратата на еден дуќан пишуваше забрането за евреи и кучиња.
- Па на друго место не пуштаат шпанци и коњи, на трето кинези и кенгури... : ))
Па како се снајде цела ситуација да ја прикаже како игра, муабетот за сапунот и копчињата, за палењето живи луѓе..
-Утре ќе се измијам раце со Бартоломеј.. Ах ми падна Франческо : )))
Никако дебилно ова нешто не беше!
А сцената кога го преведуваше војникот. Врв!
Гвидо... Совршен сопруг и татко.

И за крај... Лекарот. Сочно ќе го опцујам. -Помогни ми, не можам да спијам, не можам да пратам моја загатка пред да ја решам последната. Му рече на човек кој преживуваше пекол. Срамота. А на ок човек делуваше!

И за последно една загатка што запамтив и на сите ќе им ја кажувам.
Ако го кажеш моето име, повеќе не сум таму. Што сум јас?
Тишина.

Грев е на овој филм да му се бараат грешки (ко јас што згрешив погоре) и да му се даваат ниски оцени, јас повеќе не сакам да грешам и и овој пат од мене има чиста 10ка!
 
Член од
31 декември 2013
Мислења
101
Поени од реакции
192
Здраво, дечки. Последните неколку месеци ве „сталкав“ на темава и ја користев за наоѓање добри филмови, па сега вака тазегодишно решив и да се придружам. Here goes nothing.

Го гледав La Vita e Bella со другарка, и не престана да плаче. Мене некако не ме погоди многу. Иако рационално ми се чинеше тажно и трогателно, не ми разбуди силни емоции како што тоа го правеле други филмови. Мислам дека е поради несериозниот хумор и бајката. Премногу нереално за да сочувствувам. Настрана од приказната, од сите останати аспекти филмот е феноменален. Тука би ја потенцирал музиката.

Еве како за почеток, од мене има 8.5/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom