The Broken Circle Breakdown
Животот е нешто како редица мигови. Добри или лоши, сеедно, кога се навраќаш назад не гледаш пред очи цел живот, гледаш проживеани моменти. Така јас го сфатив филмот (гледан по втор пат) - како навраќање на моменти од животот на Елиза во нејзиниот мозок, неколку моменти пред да ја исклучат од апаратите кои ја одржуваат во живот. Затоа не, немаше да биде подобро да беше линеарно дејството, како што сугерирате погоре. Баш тие скокови и одличната монтажа за мене го засилија ефектот. Исто, многу јак момент е што по секој feel good момент следи feel bad, и повторно одново исто, ко на некој roller coaster... Слично е и во животот. Затоа за мене филмов како да беше буквално имитација на животот.
Втор момент: јас не го сфатив филмот како само емотивна драма за огромната загуба на двајца родители (иако, секако, тоа е стожерот, и носи најмногу емоции, зашто преболна е глетката кога родител го надживува своето чедо), туку како и филм за религијата, за вербата, за мотивот за живот, за медицината, за етиката... Иако се ова подзатскриени моменти, сепак не смеат да се занемарат и отвараат навистина многу прашања и моменти за дискусија.
Трето: нормално, ова е и филм за блуграсот. Морам овде да го поткрепам тоа со најдобрата музичка тема од филмот, If I Needed You, но овде изведена од можеби најдобриот европски блуграс бенд: The Common Linnets (од Холандија се). По филмов прв пат во животот се заинтересирав и за блуграс и американа, и за останатите American roots правци, и можам да кажам без срам дека за прв пат почна да ми се допаѓа оваа музика.
И она што најмногу ви замерувам: мртви биле, немало емоции, к** се тресе во ладна вода... Како, побогу? Од камен ли сте правени? Не ви се наежи кожата на сцената со погребот? Или на „испраќањето“ на Алабама? Или на тетоважата „Алабама Монро и две срциња“ на крајот? Јас и за првото гледање, и сега имав цела карпа на градите! Уште не можам да се помирам со фактот дека овој masterpiece го изгуби Оскарот од медиокритетен филм од еден од најлошите европски режисери на денешницата! Барем Jagten / The Hunt да победеше тогаш, ич немаше да ми биде криво, ама во таква филмска година да победи таков очај од филм покрај овие два... Остава без коментар!
Инаку, прв пат го гледав филмов пред околу 7 и пол, 8 години, непосредно по неговата номинација за Оскар. Тогаш, штотуку стапен во брак, со жена ми во поодмината фаза на бременост. Гледаме, и двајцата во молк, со огромни кнедли во грлата и без да мрднеме ни со око! Завршува филмот, јас уште занемен и закован во место, а она: „Златко, зошто ми пушташ вакви филмови?“ и плачење кое траеше повеќе од 10 минути! Едвај ја смирив. Јас разбирам, хормони се во прашање, веројатно и природно е, но ни до тогаш, ни од тогаш ја немав видено толку да плаче, што малку и ме подисплаши, и затоа ќе ми остане во сеќавање како единствен филм со кој сум успеал да ја расплачам.
И нормално, оценката останува иста. Една
10/10 најголема на свет! Ова е еден од моите топ 50 омилени филмови, сигурно!