My Sassy Girl
Го изгледав ноќеска во ниедно време. Уствари тоа ми е и омилено време за гледање филмови, кога сите спијат, тивко е, можам да се фокусирам на филмот и да уживам во него. Како што веќе напоменав и претходно дека РомКоми ми е жанр кој не го обожавам, често сум доста строг кон таквите филмови и не уживам многу во гледањето на истите. Обично при гледањето ми доаѓаат оние ЊТФ?! моменти секој пат кога ќе видам прекумерен излив на емоции. Па од тука очекувањата ми беа ставени на најниско што е можно и кога почна филмот уште на самиот старт, си реков, како ли Девилко ќе ги изгураш овие два саати?
Азијатите имаат типичен смисол за хумор, познат само ним, кој нас на западњациве не ни е смешен, ниту пак разбирлив освен ако не сме ликови кои гледаат анимеа и ја пратат таа нивна к-поп култура. Кај нив во главно, мажите се далеку пофеминизирани и поради тоа гледам дека филмов на некој начин беше критика или осврт на тоа како една модерна Корејска/Јапонска/Кинеска( и останатите жолтици) функционира.
За мене сето тоа изгледа доста далечно, несфатливо и нешто во што не можам да се пронајдам и споредам со ликот, кој ми ствараше стомачна мачнина секој пат кога се глупираше и трпеше тортура од девојката. Сори, тоа папучарското за мене не претставува визија за како треба една врска да функционира и не гледам љубов во тоа. Иако, можам да кажам дека донекаде можам истото да го разберам и самиот сум бил сведок на неколку слични врски како нивната каде што девојката го млатела како магаре, или пак била толку доминантна и му се издеравала у фаца пред друштво за секоја ситница.
Ама, затоа, во вториот дел од филмот поготово, имаше некои сцени каде што успеав да се згазам од смеење и да разбудам се живо и диво во 3 саат сабајле. Посебно на сцената во возот, кога се кладеа со која нога ќе ја пречекорат црвената линија и кога и стегна една чврга, онака појака.
И после со војниците кога му врати и го зашамара она едно 5-6 пати.
Морам да се сложам дека глумицата беше срцка, четувајќи со особа од тој крај ми потврди дека била баш популарна меѓу машкиот свет таму, ама самото нејзино понашање во филмот ми беше turn off. Мене ми е слабост баш спротивното, елегантни, феминизирани жени, покрај овие мушкобањастиве не се пронаоѓам.
Не знам Гранде пред колку време си го гледал филмот, што си му ставил толку висока оценка и успеал до толку да те инспирира. Верувам на второто гледање нема да ти изгледа исто. Или пак ќе ти изгледа, а јас сум опериран од било што романтично....
Како и да е, се осетив за момент дека сум престар за овакви филмови, и ете освен некоја носталгија по тинејџерскиот живот и смеење(гласно) на некои сцени, за мене не успеа да понуди ништо повеќе.
А, да, овие Корејциве повеќе и од Русите пиеле.
5