FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Ајде и ја сум ин, ама од вториот. Вакви анимирани не гледам. :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Да.
И после негде у март кризно ќе ве откачам. Ваљда. Ваљда не.
Ма сигурно не.

Ај да не ветувам. Ко шо ветував уназад во претходните клубои. Малер да не ширам.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Трета мајка а? Да пробаме, иако не ветувам ништо, зашто првиот пат се откажав а вториот пат не ни учсетвував. :(

Soul

Не знам ни од кај да почнам искрено, Пиксар дефинитивно постави нови граници и се надмина себеси овој пат. Анимацијата, содржината, ликовите (или карактери?) и предобро смислениов свет прават комбинација на едно поинакво искуство, се тоа пропратено со добра музика!

Пред да го пуштам не очекував апсолутно ништо, кога го пуштив бев малце скептик, мислев дека ќе биде полн стереотипи, дека ќе бидат запазени сите политички коректности и дека ќе ја има онаа стандардна приказна како еден пропаднат музичар гледа да си ја спаси кариерата и на крај станува the next big thing во музичкиот свет..

..ауу колку погрешив!

Буквално ме мавна од земја, после првата сцена прави огромен преокрет филмот и иде во насока во која ни на крај памет не очекував. На многу чуден но прекрасен начин покажува зашто треба да живееме и што е стварно важно во животот. Која е целта на нашето постоење и зашто треба секој ден да се будиме и да уживаме во истиот. И да, можеби ова звучи премногу клише и ти доаѓа да повратиш, ама изведбата и реализацијата на истото во цртанов е на некое следно ниво.

Дизни/Пиксар цртан има полно право емотивно да ме уништи и да ме доведе на момент до степен да се запрашам дали ова што го правам е правилно и тоа во понеделник во 02:00 саат навечер.
Можеби не е најдобриот анимиран филм што го имам гледано, но тука негде е, во мртва трка за најдобар анимиран филм заедно со Marry and Max, Klaus, Up, Wall-E и Zootopia.

Не ми текнува дали оценувавме, али ако да, тогаш дефинитивно 5/5 или 10/10 или 100/100, како и да е.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.010
Поени од реакции
55.284
Секако дека вакво нешто ќе ме мотивира да гледам повеќе филмови во периодот што следи.
Ист старт како на првиот филм клуб, тогаш филм од пред наша ера... не можев да го догледам, баш барав мислење зошто сум го прекинал, знаев, чим не е на Хичкок не глеам стари филмови.

Исто и тука, цртани филмови или модерно наречени анимирани филмови не можам да гледам, едноставно не можам да се поврзам со нешто што не постои, што не е живо и што има вештачки емоции. Јеби га, можеби ова е најглупото мислење на светот ама кур ме боли, таков сум и не верувам дека некогаш ќе го променам размислувањето за ваков тип на филмови... исто ко што сеуште не сум го променил за фантазии и слични филмови и ствари што немаат допирна точка со реалноста.

Не можам, 30 минути гледав и го исклучив, џабе се мачам со сила и се нервирам. Не ме привлекува мене ова, нејќам да го наречам глупост ама не наоѓам ништо интересно нит па возбудливо а уште помалце нешто што ќе ми го промени погледот кон светот и очекувањата у животот.

Доека сеуште не сме почнале асално, јас се повлекувам уште на самиот старт. Осеќам дека нема да можам да ги гледам сите филмови, ќе ја пратам темава и може да искористам некој од предлозите... ама редовно гледање све и свашта што ќе се предложи, нема да можам да испратам.
Неам мотивација за гледање филмови, не можам све да гледам, ме фаќа нервоза и неудобност. Милион филмови иам у букмаркс и не ги чепкам.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Во вакво време Soul е најдоброто нешто што излезе во 2020, полн погодок на Пиксар.

Толку едноставно и топло делува, а истовремено е длабок и пренесува моќна порака. Карактерите се маестрално напишани и гласовите на Тина Феј и Џејми Фокс доловија за мене необјаснива хемија на екранот и ме натера да размислувам за многу работи во животов и како мислејќи дека приоритетите ми се на место испаѓа дека баш она клише enjoy the little things е тоа што најмногу се запоставува и воопшто не ги перцепирам ни уживам тие моменти.
Толку филмов ме стопли што досега ниеден анимиран филм тоа не го доловило кај мене.
Една реченица која добро го доловува Soul:
Not just one of Pixar’s best in a long time, but one of their greatest. Can’t believe this exists.

Чиста 10-ка од мене.

п.с. Можат повеќе пораки да се извлечат (да се поправам). Си има страшен rewatch value, ќе се гледа годишно барем еднаш. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Count me in, иако мислам дека ќе бидам дисквалификуван ради неактивност по некое време... :unsure:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.795
Поени од реакции
33.610
SOUL

Аwwww, филмчево! Значи Пит Доктер е дефинитивно врвот меѓу американските режисери на анимирани филмови. Секој негов филм е пооригинален од претходниот, и цело време оди скалила, скалила погоре. Се сеќавам какви беа коментарите за Inside Out на форумов, по одличните Monsters Inc. и Up. Е па ова е уште подобро!

За анимацијата нема да зборам, сепак се работи за Дизни и Пиксар, тука нема промашување. Овде врвот е сепак приказната. Повторно, слично како во Inside Out, креира цел еден универзум со тие световите пред и по животот, и тоа е толку оригинално, што просто немам зборови. Но сепак, она што најмногу воодушевува тука е пораката која ја носи филмов, а таа е поврзана со животот, и начинот на кој треба да се живее, со секојдневно воодушевување кон, опседнување со и уживање во малите нешта: во изгрејсонцата, во листовите кои паѓаат од дрвата, во вкусот на пицата, во лижавчето од јагоди, во насмевките на тие околу нас... а не во постигнувањата, во трудот кој сме го вложиле или во аплаузот кој ќе го добиеме за нешто што сме направиле од некој кој не ни ни значи.

Одамна немаме видено анимиран филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Последен таков беше токму Up на истиот режисер, Пит Доктер, пред повеќе од деценија. Soul е на добар пат да стане четвртиот таков, за што стискам палци! Од малкуте гледани, за мене ова е најдобриот филм од 2020, до сега. (y)

10/10, се разбира.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Жив очај бев се до декември, декември се окрлавев малце, изгледав ( прегледав ) неколку. Да си почнам 2021 ко што доликува, count me in!
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Фала ви на тагот.

Многу ме радува темава што повторно постои. Носталгични чувства ме обземаат кога ќе се сетам на почетокот на истата таму некаде пред 5 години. Можам да кажам дека имаше длабок инпакт на мене и таа дружба вечно остана во мојата меморија.
Од друга страна, морам да му честитам на Злате за исправената космичка неправда и конечно добивање на модераторско место на форумот. Ако некој го заслужува тоа, дефинитивно е тој. Сето тоа вложување во инвентивни идеи, труд за да останат активни и сета таа љубов кон филмот конечно се наградени. Малку касно, но, better late than never.
Ах, којзнае од кога е тоа случено, но, еве јас прв пат сега читам што е доволен доказ колку сум закржлавел со форумов и не сум ве следен во меѓувреме.
И сега не можам да ветам, за жал, дека ќе бидам активен како што бев тогаш, но, сигурно од време на време ќе ве посетувам на темата и ќе гледам по некој ваш предлог.

Во меѓувреме имав тежок период во животот, имав и среќен... Многу работи ми се случија, многу моменти, некогаш бев на ивицата да се откажам, а некогаш преполн со волја да продолжам напред. Што и да ми се случуваше, можам да кажам дека овие години живеев. Да, стварно живеев.


Соул.

Го изгледав овака сабајлечки со првото "кафе" и можам да кажам дека е таму некаде, на врвот во анимираните филмови, рамо до рамо до Инсајд Аут.
Преубаво парче анимација, со одлична содржина. А приказната? Баш таа е онаа која го прави толку уникатен, толку добар.
Лекција која треба да ја научиме сите. Можеби мала, скромна, но, баш во таквите мали нешта е всушност целта на ова живеење, во можноста да се допре нешто, вкуси, помириса, слушне, доживее, добро, или лошо, позитивно или негативно, зар е битно? Се додека ги чувствуваме овие емоции, тоа е единствено нешто вредно во овој живот.
А Соул, дефинитивно ги буди во нас и не прави живи.
Што треба филм да понуди повеќе од ова?
Маестрално дело.

9.5

П.с Се надевам дека оваа тешка година за сите нас, ја поминавте добро. Ви посакувам следната да биде многу поразлична од оваа, посреќна, поисполнета.
Среќни празници филмомани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom