Фала ви на тагот.
Многу ме радува темава што повторно постои. Носталгични чувства ме обземаат кога ќе се сетам на почетокот на истата таму некаде пред 5 години. Можам да кажам дека имаше длабок инпакт на мене и таа дружба вечно остана во мојата меморија.
Од друга страна, морам да му честитам на Злате за исправената космичка неправда и конечно добивање на модераторско место на форумот. Ако некој го заслужува тоа, дефинитивно е тој. Сето тоа вложување во инвентивни идеи, труд за да останат активни и сета таа љубов кон филмот конечно се наградени. Малку касно, но, better late than never.
Ах, којзнае од кога е тоа случено, но, еве јас прв пат сега читам што е доволен доказ колку сум закржлавел со форумов и не сум ве следен во меѓувреме.
И сега не можам да ветам, за жал, дека ќе бидам активен како што бев тогаш, но, сигурно од време на време ќе ве посетувам на темата и ќе гледам по некој ваш предлог.
Во меѓувреме имав тежок период во животот, имав и среќен... Многу работи ми се случија, многу моменти, некогаш бев на ивицата да се откажам, а некогаш преполн со волја да продолжам напред. Што и да ми се случуваше, можам да кажам дека овие години живеев. Да, стварно живеев.
Соул.
Го изгледав овака сабајлечки со првото "кафе" и можам да кажам дека е таму некаде, на врвот во анимираните филмови, рамо до рамо до Инсајд Аут.
Преубаво парче анимација, со одлична содржина. А приказната? Баш таа е онаа која го прави толку уникатен, толку добар.
Лекција која треба да ја научиме сите. Можеби мала, скромна, но, баш во таквите мали нешта е всушност целта на ова живеење, во можноста да се допре нешто, вкуси, помириса, слушне, доживее, добро, или лошо, позитивно или негативно, зар е битно? Се додека ги чувствуваме овие емоции, тоа е единствено нешто вредно во овој живот.
А Соул, дефинитивно ги буди во нас и не прави живи.
Што треба филм да понуди повеќе од ова?
Маестрално дело.
9.5
П.с Се надевам дека оваа тешка година за сите нас, ја поминавте добро. Ви посакувам следната да биде многу поразлична од оваа, посреќна, поисполнета.
Среќни празници филмомани.