FIFA 14

Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Бидејки гледам дека сеуште никој нема отворено тема за оваа толку многу популарна игра, јас ќе го сторам тоа :)

Ново продолжение на според многумина најдобрата фудбалска игра до сега.
Иако ме мрзи да ги набројувам сите новини што ќе ги има Фифа, еве неколку ќе издвојам што ме бендисуваат:

Pure Shot - Играчите ќе имаат таква интелигенција да сами се приспособат на нивните чекори, така што би го нашле патот до мрежата. Со оваа иновација играчите ќе можат да шутираат иако се дебалансирани, или пак турнати.

Variable Dribble Touches - Со оваа функција се овозможува уште не примена топката да се направи финтица, како би се издриблал т.е. измамил противникот што го немаше во Фифа 13. Секако дека има голема врска со кој играч тоа го правите, кај играчите со поголем скил, тоа ќе изгледа многу посовршено за разлика од дефанзивците на пример.

И за крај, она што мислам дека ке биде револуциенорно, тоа е Ingnite Engine - Овој најнов (и се надевам) револуционерен енџин ќе ве натера да чувствувате дека управувате со живи фудбалери.
Карактеристики на овој енџин ќе бидат реални движења на топката, емоции на фудбалерите што придонесува до сосема нов гејмплеј, нова димензија. Исто така друга атмосфера на стадионите, публика и многу реално време кога врже дожд, снег итн.
Големо скратување е тоа што овој енџин ќе можат да го користат ЕДИНСТВЕНО корисниците на ПС4 и X-box One. За ПЦ, ПС3 и Х-Box 360 играта ќе биде иста т.е. нема да го има овој енџин.

Други новости што ќе има на фифа сe: Protect the Ball, Teammate Inteligence, 2nd Chanse Tackles и многу други. Еве линк за тие што сакаат подетално да прочитаат http://www.ea.com/uk/fifa-14

Иначе демото на оваа игра излегува на 10ти Септември, а целосната игра излегува на 24ти Септември во Америка и 26ти во Европа. За ПС4 и X-Box One Фифа ќе излезе после лансирањето на овие 2 конзоли т.е. после 29 Ноември.

Навали народе... :)
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.996
Поени од реакции
84.526
Прво па грешно. (за постот над мојов :D )

Нешто што ептен и фали на играва е game modes. Нешто во стил на My player на НБА 2k.
Или нешто што ептен би сакал да го има (кога јас би бил девелопер на играва) е историски тимови. Игрите на америчките спортови имаат вакви гејм моудови, па не знам зошто ФИФА не реши да нарпави нешто вакво.

Пример:

History mode (aka Liverpool mode :P ):

Имаш две опции:

Опција еден: Бираш екипа со 2 ѕвезди максимум и играш мечеви против најјаките екипи во фудбалската историја. (Барса 2008, Реал 2002, Арсенал 2003 итн. можда ги утнав годинити али ју гет д поинт). Од кога ќе ги победиш сите екипи овие екипи можеш да ги користиш и во кик-оф моудот (ме мрзи да менувам подршка)

Опција два на хистори моудот: Топ меч-апс. Дадена ти е листа на најдобрите (еве како за почеток овој милениум нека е) 10 мечеви во последниве 13 години пр. Ливерпул-Милан, и пред секој меч имаш видео пакет со снимки од вистинскиот живот (истото важи и за погорниот моуд), и сам можеш да ја смениш историјата. Исто така ги отклучуваш овие екипи и за кик-оф моудот кога ќе го завршиш мечот.

Ова за мене е крајно профитна идеа, и ако до сега ниеден вработен во ЕА одделот на ФИФА не помислил на ова дефинитивно треба да ме вработат :D Мислам дека секој би се сложил со една ваква идеа. Бидејќи реално сите спортски игри 90% од изданијата секоја година се исти, единствена разлика се прави во гејм моудовите нешто што 2к го прави ФЕНОМЕЛАНО за НБА игрите. Ама тоа е, кога имаат монопол (добро не баш монопол али доминираат во однос на ПЕС по број на продадени копии) нема сериозни да бидат, последен пат кога се доближи ПЕС на ФИФА, ФИФА направија сосема добра игра.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.824
Поени од реакции
10.552

Ако добро се сеќавам добро на играта UEFA Champions League 2006-2007 имаше такви гејм модови каде што ги играш некои од најдобрите натпревари во историјата на ЛШ како во реалноста, на пример финалето меѓу Милан и Ливерпул во 2005, играш со Ливерпул и почнуваш од второ полувреме со негатива од 3 гола и треба да победиш.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
^^Добро, до некаде си во право, ама јас на модовите гледам како на обични додатоци. Пример мене лично многу ми е побитно да има добар и реален гејм-плеј отколку модови. Пак ќе речам лично јас или онлајн ја плешам или со другар 2ца. Модовите некако повеќе ми се за сам, пример седнеш и си се заебавкаш така.
Исто пример кај Фифа ме нервира тоа што нема во опциите да наместиш рандом време, рандом стадион, туку мораш ти да го бираш, кај ПЕС тоа го има. Е сега исто многу ме бендисуваше модот на ПЕС на 2 одиграни партии, исто така модот каде ти се паѓаат рандом играчи, па ги составуваш како тим.
Пак ќе повторам, ова ми се некако како додатоци. Многу ми е поважно да има екстра гејм-плеј пред останатото :)
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.013
Поени од реакции
6.040
Големи копи*иња се ЕА, и „расисти“ ќе ги наречам.
Новиве конзоли нов енџине, старите конзоли стар(што е ОК донекаде), а ама да оставиш стар енџин на ПЦ верзијата е најголема идиотштина од нивна страна. За ова треба од Конами да учат.
Џабе е се ново што ќе има, подобрувања и слично, кога ќе имаш и играш „старата“ игра. Од било која гледна точка, не се исплати играва да се купи за ПЦ.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Епа цело време е така, освен последниве 2 години.
Предходно цело време играта каснеше за една година т.е. Фифа 10 на ПС3 = Фифа 11 на ПЦ итн итн.
Ваљда смислено им било пред време што 12ката и 13ката ги пуштија исто ПС3 и ПЦ, но до кога? До сега :)
Доколку тоа го направат САМО годинава би ги разбрал и не би им замерил, бидејки сепак, ќе има поголема побарувачка и потрошувачка на новите конзоли. Но од догодина ако го продолжат тој нивни стар тертип, сварно не е во ред и ич не е фер спрема ПЦ корисниците. ПС3 ок, нека користи постар енџин, зошто сепак веќе ќе има понова конзола, мора да се направи разлика, ама ПЦ-то мислам дека нема баш никаква врска со тоа.
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.013
Поени од реакции
6.040
Доколку тоа го направат САМО годинава би ги разбрал и не би им замерил, бидејки сепак, ќе има поголема побарувачка и потрошувачка на новите конзоли.

Но од догодина ако го продолжат тој нивни стар тертип, сварно не е во ред и ич не е фер спрема ПЦ корисниците.
Првиот дел. Ми дојде таква идеја, дека можеби и затоа новиве конзоли добиваат една нова и поразлична игра. :)

А ако продолжат, нек си'бат мајката :D
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Еве интересен линк за тие што планираат да купат X-Box One :)
click

Edit: Еве уште еден линк за диферентноста
клик
Вика.. Fifa 14 on PS4 is "vastly different" to PS3
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Дефинитивно најреален фудбал за мене.
Од ова што гледам за PC ќе биде иста како 13ката.
Како и да е, и покрај расизмот на ЕА во однос ПЦ-Конзола, Фифата сеуште е светлосни години пред роботското механичко сра*е ПЕС.
Буквално и оваа година, победник на секое поле за мене е Фифа.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Дечки еве како да ја инсталирате ФИФА 13/14 :)

Ако му треба на некој линк за да ја симне се знае по ПП ако имате прашања и сл. Пишете :)
 
HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.480
Едвај ја чекам да ја пробам таа next gen игра на next gen конзола.
Ќе имаме повеке лиги оваа година некои ги кажаа некои уште ги кријат. Ги спомнаа тимовите со легенди и ги најавија како новитет, зарем досега немаше 1 тим со легендарни играчи.:confused:

FIFA problems.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Едвај ја чекам да ја пробам таа next gen игра на next gen конзола.
Ќе имаме повеке лиги оваа година некои ги кажаа некои уште ги кријат. Ги спомнаа тимовите со легенди и ги најавија како новитет, зарем досега немаше 1 тим со легендарни играчи.

Имаше. Класик ХЛ и Ворлд ХЛ. Во рест оф ворлд беа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom