Fear The Walking Dead

  • Креатор на темата Креатор на темата DanielVogel
  • Време на започнување Време на започнување
Ник најкул ми е ги реши зомбиве уште од одма. Оние од TWD го нзаат тоа и не го употребија ник си игра баскет и мака си нема. Најкул тип ми е дефинитивно за сега.
 
Стандард за филмови или серии со зомби= луѓето што се останати живи сто пати поголем проблем отколку зомбите.Добива интересен тек серијата
 
Интересна епизода, Крис веќе станува неподнослив во серијава.
 
ќе го прават главен негативец..:D
 
Ретко, ептен ретко да прекинам серија и да избришам со shift delete од компјутер само после една епизода.
Срамота е серијава, каков очај од епизода, фала богу нема да се замарам дали излегла епизода или не, ја заебувам серијава.
 
Стварно многу нелогична и неповрзана епизода. Не се знаеше кој како и што тера. Сакаа да направат нешто ама да ги прашаш ни самите незнаат што им е целта...
 
И мене епизодава 2,7 никако не ми се разјасни (на страна ефектите -пожарот на пример, кои се прилично аматерски). Ќе видиме до август дали ќе смислат нешто пологички и поразумно.
 
Мене искрено воопшто не ми се допаѓа. А особено очај се ликовите. Какви ликови има во TWD за разлика од овие. Освен Дениел и Стренд другиве мизерија. Се надевам нема да се спојат со TWD оти не им се ни до колена. :D
Ајде ќе видиме во август што ќе биде но од ова што го видов скоро ништо и не ми се допадна. И да, на крај пак ништо не открија а замисли насловот на сезонава е Where all begins.
 
Се врати повторно FTWD. Епизодава налик како неколку од TWD, цела епизода поврзана околу еден лик. Ми се допадна, чисто да се разликува од епизодите од првата половина од сезонава, кои да не речам до негде потфрлија.

Nick Bear Grylls :ROFLMAO:
 
Дечки, пуштете линк од епизодава.
 
Кој лик е овој Крис, нека го изеде веќе некое зомби, не се трпи. :cenzura:
 
Исто како TWD, цело време ништо не се дешава, безврска се разделуваат и им искачаат срања на крај пак се наоѓаат некако, за да последната епизода се издешаваат 300 перипетии,повторни разделби и глупости.
Ги разделуваат ликовите , сеа се 3 групи (Крис со татко му, 3те женски со црнецот, и ник со мехиканос) , само за да можат да го развлекуваат дејството, и тоа е апла очигледно.
Пак ќе кажам, и оваа серија и TWD, имаат енормен потенцијал, имаат основа да бидат прејаки серии, но ете, истото па истото. Причата, т.е plot-от е единствено нешто што ми е интересно кај овие две серии, а иначе продукција, режија и се остало е мање-више тапа. Глумците ко глумци, стандард.
 
Ги развлекуваат ликовите за да имаат повеќе приказни, повеќе сцени за прикажување. Инаку и мене ептен почна да не ми се свиѓа серијава, за разлика од TWD, овде глумата и атмосферата се на мизерно ниво. Ај што пола од ликовите се мизерни, и глумата е ептен на лошо ниво. Па и атмосферата во некои напнати ситуации е на ниско ниво, еве во последната епизода кога Медисон се движеше по мостот, како ништо да не е, како на шетање во парк да е. Во вакви ситуации во TWD беше напнато, во секој момент очекуваш да се случи нешто, атмосферата го доловуваше тоа. Овде ја нема таа неизвеснот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom