Новава сезона мене ми е најдобра, иако ептен го затупеја со тоа што ги разделија.
Кога веќе спомнавте нелогичности, ајде настрана физика и биологија, туку од психолошки аспект мајкава ептен нервира. Две големи деца од кои едниот тежок наркоман, у услови на зомбиленд, а она нешто глуми као заштитничка на децата у смисла да не им се скрши "стакленото ѕвоно". Really?
мене ме нервира што претераа со маскирањето со зомби крв....човек, во другата серија кога првпат го прикажаа тоа, се маскираа со премногу крв, црева, мозоци и други срања за да испадне верно, сега малце на образите ќе се намачкаат и толку......и претераа што секоја епизода се случува тоа по 3-4 пати!
стварно последнава...намачкај се и нема да те осетат дека си жив. Сега почнаа со флешови за минатото. Редно е или што поскоро да ја спојат со ТВД (не знам како, така се збореше на почеток) или да развијат подинамично и подраматично сценарио или полека да ја финишираат. Сегашното дејство е млако (не мислам само на борби со зомбиња) и нема некоја драматика.
Тоа бе! Добро финале!
Тие што требаше го јадоја к$&#*.(крис и маркосите)
Сеа најверојатно ќе се сретнат на граница Ник со Меди и Алиша. 100% и Офелија е таму. И баш ми е жал Виктор што остана во пустиот хотел.
Алехандро мудро ги изигра на крајот оние мајмуните,баш ми се направи ќеифот.
Полека текот на серијата се враќа на американска територија,доста беше во мексико.
Au, ja pratam serijava, mnogu dobra. Imam uste 6 epizodi od 4 sezona. Samo ne mi se dopagase sto nik go ubija, mislam deka trebase uste da potrae, no kako i da e ostanaa uste interesni akteri...
Јас лично ја гледам, иако 4та сезона не беше нешто нај нај.
Многу ми е подобра од TWD од причина дека не го прават истото цело време.
Да цело време и овие и тие се борат ама овие од TWD само наогаат некаде да живеат, војуваат, го губат живеалиштето и јово на ново.
ЕДИT: Треба да ја гледам новата епизода заборавив.
ПС. Гледајте да ставате тоа за новата епизода што е у спојлери.
Не за мене, туку за другите
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.