Ауууу каква утакмица


штета што не беше посолидно исполнета салава, женскиве го заслужуваат апсолутно тоа.
Со овој бод веќе 80% сме во наредната фаза т.е во осумте најдобри екипи.
Гледам некој погоре на незавршена утакмица одма со негативни коментари како требала Индира да лета,па зошто Вардар бил фаворит у кладилница,Бегоња да се избрка

Многу лошо почнавме и по првите 5 минути немавме постигнато гол.Одма следеше тајмаут и смена на Суслина со Лејно.Фати неколку топки и одма се разиграа нашите.На полувреме заминавме со 3 негатива.
Во второ полувреме повторно почнавме лошо.Од тие што највеќе стравував Бланко и Хамерсенг не изрешетаа упм.Пријатно ме изненади младата Мерк за која исто немавме лек.Ларвик се всушност спој на млади и доста искусни ракометарки.Го негуваат оној брз Скандинавски ракомет ама доста и грешат.Но сепак ми се чини дека на крајот ние имавме повеќе технички грешки.
Тие и ни ствараа проблеми кои Ларвик успешно ги претвораа во полу/контри и не полнеа.На моменти имаа и 5 гола предност.Многу се бутавме во средина, а Ларвик убаво ја згусна средината.Во второ изгледа Индира им сугерираше па малку развлекоа и одма се осети разлика.
Почнавме да фаќаме приклучок и да ги стигаме од кога влегоа Дембеле и Црвенковска.Хмирова тотално ме разочара, дефинитивно не е во форма девојкава.Леќик си изигра на ниво.Зебиќ малце и прогледаа низ прсти имаше по некој престап ама на крајот беше најефикасна со 7 гола.
Како и да е наредна сабота играме дома против Подравка.Не би требало да имаме тука проблеми.Очекувам веќе луѓево со овој бод и оваа добра игра на Вардарки ќе сфатат дека вреди овој тим и да дојдат во Борис Трајковски на следните мечеви.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 21:37 ---
Да додадам и дека Николиќ исто така ме разочара.Шлапна некоја од далеку ама само во голманот.Очекувам наредна година да лета и истиов тим само да се надополни со лев и десен бек.