Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Ина Суслина (y)

Изгледа како најстара во тимот, па за тоа, а како мотиватор и како капитен мислам дека заслужува да биде Јованка Радичевиќ, само слушнете ја кога се држи тајм аут, а и еве по сликите тоа може да се виде.
Но, има време.
 
Суслина дојде уште лани, кога немаше ѕвезди во тимот и не играше ЛШ. Не би било фер некоја друга да биде:)
 
да не важи таа промоција само за деца до 10 години да понесеш.
Во пресрет на следниот натпревар од Лига на шампиони, кој женската ракометна гордост на Македонија ќе го одигра во сабота (19 октомври 2013) против хрватскиот првак Подравка, ЖРК Вардар СЦБТ ве известува дека од денес (15 октомври 2013) ја стартува новата промотивна акција за сите свои фанови. Имено, под мотото „Јас, ти и Вардар! Едно семејство – една љубов!“, организирана е акцијата во чии рамки со секоја купена влезница за следните натпревари кои ЖРК Вардар СЦБТ ќе ги одигра на домашен терен, добивате дополнителен бесплатен влез за уште еден ваш пријател. Одбери го и израдувај го најжестокиот навивач помеѓу твоите пријатели и бидете заедно дел од тимот кој ќе ги бодри Вардарки на патот кон пласман во следната фаза, четврт-финалето на најелитното европско ракометно натпреварување, Лига на Шампиони!
Во рамки на акцијата, која воедно има за цел да го промовира ракометот и како семејна спортска атракција, секој родител со својата купена влезница добива бесплатен влез и за дете до 10 годишна возраст.
 
Ако купиш 1 карта имаш + една гратис.

Ако купиш карта и си родител а притоа имаш дете до 10 годишна возраст можеш да го внесеш со твојата карта.
 
Во првите две кола Вардар ја совлада Бера Бера на гости и одигра реми со Ларвик на домашен терен. Во сабота ви претстои дуелот со Подравка. Кратка анализа на досегашните два меча и она што не очекува во сабота?
Андреа: „Секој прв натпревар на почетокот на така големо натпреварување е тежок. Не ја прикажавме нашата најдобра игра, но најважно е што освоивме два бода. Веќе во натпреварот со Ларвик прикажавме далеку подобра игра. Ако се има предвид дека екипа која е составена пред три месеци одигра нерешено со вицешампионот на Европа е навистина убав резултат! Сакаме така да продолжиме и во сабота. Ние сме нова екипа, вистинските игри допрва претстојат“.
Јованка: „Јас не сум задоволна како игравме на двата меча, има многу простор за напредување. Она што ме радува е што и покрај лошите игри успеавме да одиграме нерешено со вицешампионот Ларвик кој има исклучителна екипа и кои се многу уиграни. Тоа само ни дава дополнителен мотив да знаеме дека можеме многу многу подобро да играме. За сабота очекувам победа, ништо друго не доаѓа во предвид. Знаеме дека Подравка е квалитетна, но се надевам дека на поддршка од полни трибини, затоа што навистина очекувам да не поддржат бидејќи тоа ни е потребно, а и слушнав и видов на машкиот ракомет какви навивачи има Македонија, па се надевам дека ќе ни помогнат да освоиме два бода“.

Колку имате слободно време за приватниот живот, излегување со пријателите, за хоби?
Андреа: „Искрено немавме многу време за излегување. Имавме голем број на натпревари. Се на се Скопје ми се допаѓа и задоволна сум со животот кој го водам овде. Секојдневното кафе е нешто обавезно:)!Многу се дружиме внатре во екипата, па поголемиот дел од времето сме заедно.“
Јованка: „Немаме премногу слободно време, но секогаш го користиме да прошетаме низ Скопје кое е многу убаво.“

Во Македонија владее ракометна еуфорија. Покрај женскиот тим на Вардар, во оваа сезона Скопје е домаќин на натпреварите на Вардар и Металург во машката Лига на шампиони. Имате ли време да ги следите дуелите на ракометарите на двете екипи?
Андреа: „Можам да кажам дека сум воодушевена што играм во земја во која ракометот е број 1. Чуството е исклучително. Луѓето го познаваат ракометот и тоа се чуствува на секој чекор. Имавме можност да ги гледаме натпреварите на
машките екипи и самата атмосфера на тие натпревари е прекрасна!“
Јованка: „Имав можност да ги гледам и Металург и Вардар против ПСЖ на домашен терен и она што ме воодушевува е публиката, која морам да бидам искрена на нас ни недостасува, како и навивачите Комити, кои ги повикувам во сабота да дојдат и да ни дадат поддршка, а ние ќе им вратиме со борбена игра на теренот.Мислам дека за Македонија е голем успех што три екипи играат во Лигата на шампиони. Оваа земја треба да биде горда на своите екипи.“

http://on.net.mk/sportal/rakomet/rakometot-vo-makedonija-e-sport-broj-1

:гик:
 
А зашто уствари Комити не идат на ЖРК? Не мора како на РК Вардар, доволно е само една помала група да има што ќе знае да потегне за сите во сала што се да почнат да навиваат...Сепак ЛШ е, 3 утакмици на домашен терен се само во прашање...И така викендов РК Вардар игра на гости...
 
Влезниците за натпреварот ЖРК Вардар СЦБТ - РК Подравка денес се продаваат и на билетарата на СРЦ „Кале“ пред натпреварот RK Vardar - РК Ловќен Цетиње!
 
Како е ситуација со карти? колку се имаат продадено до сеа некој да не има инфо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom