Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Воска остана без Бехар Фета. Еден од нивните најдобри играчи, плус У-21 играч. Голем удар е тоа за нив, ако воопшто имаат амбиции за опстанок во лигата. Тоа значи ќе треба некој неискусен младинец да треба да им фати место за У-21 во составот, а досега го имаа одличниот Фета. Претпоставувам Зиба ќе им игра како дефанзивен средњак или ќе стават некој напред.

Мислам дека Воска ни е шансата за први бодови. Немаме многу кредити за трошење, мора да ги победиме ако сакаме опстанок. Они секако ни се директни конкуренти за отпаѓање.
 
Самсоненко е убедливо најлошото нешто што му се случило на Вардар. Не ја знаете целата вистина. Набрзо ќе ја дознаете, најдоцна до крајот на септември.
Ама тоа досега требаше на сите да им е јасно. Го остави клубот без никаков имот односно си го присвои, му накалеми 3 милиони евра долг и згора на тоа нема никаква одговорност. За жал има луѓе што сеуште го величат, со појаснување дека бил жртва...
 
,,Проектот Самсоненко испадна дека е најголемото зло на Вардар што му се случило"? Види другар, не ме сфаќај погрешно, не сакам да те напаѓам, ама да кажеш дека Самсоненко бил ,,најголемото зло" на Вардар не точно!
Да не испадне дека политизирам, меѓутоа за жал во 2017та година кога се смени власта државата скроз се поремети. Самсоненко беше под постојан напад од сегашнава власт и цело време му вршеа рекети.
Да, не е оправдување што го остави клубот со долг од 3.5 милиони евра, меѓутоа за жал политиката си го направи своето од кое Вардар го изеде подебелиот крај!
Не заборавај дека благодарение на Самсоненко Рк Вардар освои два пати лига на шампиони, а Фк Вардар освојуваше титули во македонската лига. Исто така за прв пат во историјата на македонскиот фудбал еден наш клуб и тоа Вардар играше во групна фаза Лига Европа.
Понатаму да не заборавиме дека Самсоненко ја изгради салата Јане Сандански и тоа по сите европски стандарди и Рк Вардар си доби своја сала.
Да не заборавиме дека Самсоненко изгради тренинг центар за Фк Вардар во Хиподром исто така по европски стандарди, за кој ниту еден клуб во Македонија нема.
Се надевам дека се разбравме.
Поздрав и имај убав ден!
Моето мислење за најголемо зло го темелам на повеќе факти...
Самсонено не е финансиер и дојде во МК за да биде маска фасада на „главните финансиери“ кои беа партиско-мафијашка група која даваше наши пари во спортот.
Под наши пари мислам на пари од македонските даноци украдени со разни споменици, тендери и останато. Така што ако во периодот пред 2017год си работел и си плаќал даноци, тогаш и ти, и сите ние останати сме си го финансирале спортот во МК, со акцент на РК, ЖРК, а покасно и на ФК Вардар.
Целта на ова финансирање не беа Европски титули (што е наша најголема среќа што воопшто се случија), туку популизам и одвлекување на внимание на народот од товарење на нивните бродови. Слободно изгуглај го „мултимилионерот“ Самсоненко и нема да најдеш ништо за него во Русија освен нешто поврзано со ракометот и тоа откако се прослави со РК Вардар.

Од толку добро што му сакале на ФКВ, си го купија помошното игралиште на ФКВ и тоа на име на своја фирма „Во 2015-та година компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар.
Добро е што се изгради салата во Аеродром ама и за таа сме дале ние пари, па дури и за хотелот кој е во приватна сопственост.
Единствено среќна околност е тренинг кампот во Хиподром кој што е изграден во јавно-приватно партнерство со општината, па останало во државна односно општинска сопственост.

И да не го тупам... веднаш би го избришал и би се откажал од успехот на ФКВ во Лига Европа само во моментов ФКВ да е со 0 долг. Не ми треба таков успех ако го снема клубот. Пример е РК Металург, почнаа со успеси во ЛШ многу пред РК Вардар, а сега „Ракометниот клуб Металург, некогашната гордост, четврт-финалист на Лигата на шампионите и повеќекратен шампион на Македонија е исклучен од машката Супер лига. Ова значи дека автоматски е префрлен во најнизок ранг на натпреварување.

И Бонус трака, не сум ја знаел оваа постара вест од 2018год ама еве ако прочита некој од Комити да пробаме да го возобновиме овој контакт (на сметка на нарушените односи Укр-Рус) Шахтјор спонзор ФКВ

Имајте убав ден, се гледаме во Охрид во недела!
 
Последно уредено:

Не се согласувам со ова што си го напишал, ама во ред тоа си е твое мислење. Па на крај на денот не можеме во се да се согласиме нели .
А инаку во врска со газдата на Шахтјор да излегуваа такви информации, меѓутоа не знам што стана со нив и од тогаш повеќе нема такви информации.
Сега поготово што се во војна не верувам дека газдата на Шахтјор Ринат Ахметов би се замарал со купување на некој си странски клуб поготово од Македонија.
А инаку би било добро доколку постои можност да го превземе и Фк Вардар и Рк Вардар.
Во секој случај вреди барем некако да се проба да се стапи во контакт со луѓето на Ринат Ахметов. Еве дечките од Комити ако имаат некаков контакт со нив и можности нека пробаат.
 
Не е баш така како што си напишал.
Самсоненко фрлаше нереално многу пари (за наши услови) во РК, ЖРК, па и во ФК Вардар. Играчите земаа плати по 20.000 евра месечно и тие плати одеа од негов џеб.
Во женски ракомет влезе на своја волја, да се афирмира во државава. Во машки ракомет влезе откако виде дека јавноста многу повеќе се пали на машки ракомет.
Во меѓувреме стана стратешко партнерче на дпмне, со Мијалков и Камчев.
Влегувањето во фудбал беше под нивна палка и он никогаш немаше евиденција што се случува во фудбалот, како што ги држеше конците во ракометот.
Он во фудбал само даваше пари, а партиските пиони му го раководеа клубот, на чело со Орце. Во фудбал го крадеа затоа што носеа дрва за високи плати, кои дел од парите им ги враќаа на рака. Во ракомет немаше такви работи, затоа што многу руси и други странци беа во управите.
Партнерството имаше заемна добивка. Од една страна народот беше среќен со успесите, од друга страна он си добиваше тендери за градежниот бизнис. За ич пари доби преатрактивно земјиште во парк на некогашните помошни терени на Вардар.
Значи и волкот беше сит и овците на број.
Изгради предобра сала во Аеродром и одличен тренинг центар во Хиподром.
Еден куп има странски инвеститори во Македонија, па никој не направил ништо приближно на него.
Факт е дека не го болеше кур за Вардар (особено за фудбалот), единствено тоа беше дел пд неговите бизнис интереси во Македонија.
Дпмне го користеа и во рекламни спотови што по мене му беше најголема грешка, затоа што испушти шанса да игра и со наредните власти откако апла се етикетираше.

Проблемите почнаа кога се осети промена на политичката атмосфера во Македонија, уште во 2016/17. Кога виде дека веќе нема да има поврат на средствата преку други бизниси, кога виде дека почнуваат да го кочат во бизнисите, па и неговите да почнат да го крадат на големо, едноставно прекина да дава пари и почнаа да се таложат долговите.
Се погоди да влеземе во ЛЕ во фудбал инаку мислам дека уште тогаш ќе фатеше кидавела од фудбалот.
Кога виде дека нема да биде ќар од спонзорствата, направија договори на штета на клубот, присвојување на академијата итн.

Со други зборови, од некој што го воздигна спортското друштво до ниво кое никогаш нема да биде постигнато во иднина, стана некој кој буквално го погреба ФК, а за малку и РК. ФК немаше спадител како Михо, ама српак и Самс беше подарежлив во ракометот и остави помал долг.
 
Воска остана без Бехар Фета. Еден од нивните најдобри играчи, плус У-21 играч. Голем удар е тоа за нив, ако воопшто имаат амбиции за опстанок во лигата. Тоа значи ќе треба некој неискусен младинец да треба да им фати место за У-21 во составот, а досега го имаа одличниот Фета. Претпоставувам Зиба ќе им игра како дефанзивен средњак или ќе стават некој напред.

Мислам дека Воска ни е шансата за први бодови. Немаме многу кредити за трошење, мора да ги победиме ако сакаме опстанок. Они секако ни се директни конкуренти за отпаѓање.
Зиба не е младинец. Ќе го носат изгледа Бујар Хајдари од Скопје лани шпицот, а ги имаат како у21 и Јахији везен и Тодороски од Победа/Работнички, него вие го баравте ептен ама во Воска појде еве.
 
Voska sekako ispagja
 
Јорго Папули, Роберт Митев и Ѓорѓи Дошев уште се со клубот или си заминаа?
 
Зиба не е младинец. Ќе го носат изгледа Бујар Хајдари од Скопје лани шпицот, а ги имаат како у21 и Јахији везен и Тодороски од Победа/Работнички, него вие го баравте ептен ама во Воска појде еве.
bujar hajdari uste pred nekoja nedela potpisa vo albanija, edino ako planiraat da go pratat na pozajmica.

inace za sega samo voska e tim so koj vardar moze da se drzi preku celata sezoni, drugite site se osetlivo podobro. ne treba da ve lazat porazite na gostivar, kazuvam deka nekoj gi spomna kako konkurent. individualno se dosta podobri, problem im e sto go rasturija timot koj vleze vo prva liga i novite se uste ne se voigrani, a isto potpisuvaat bez plan, menagerite gi dupat deka imaat pari, no ne i golemo razbiranje. deneska na primer go potpisale muhamed elmas, nisto cudno da frlile brdo pari za nasi uslovi za domasen mlad igrac, a tipot e prosecen talent. zivee pred se od toa sto e bratuced na elif elmas, da ne bese toa nemase da ima nikakva fama okolu nego. tipicna balkanska glupost, bratucedot e dobar fudbaler, pa i ovoj mora da e talentiran. slicno kako sto goran i sasko pandev, samo sto tuka e poglupavo deka se bratucedi.

sepak gostivar mislam deka ke se stabilizira bidejki pri tolku frleni pari nesto i ke uspee. do kraj na preodniot rok planiraat da donesat uste barem 4 igraci, nekoi od pregovorite veke se pri kraj, dodatno so tek na vremeto ke se voigraat.
 
bujar hajdari uste pred nekoja nedela potpisa vo albanija, edino ako planiraat da go pratat na pozajmica.
Според трансфермаркт веќе си заминал од Влазнија, изгледа пропаднал трансферот.

Претпоставувам Зиба ќе им игра како дефанзивен средњак или ќе стават некој напред.
Зиба си замина од Воска летово, за Караорман потпиша.
 
Дошев си замина само.

Тука е Дошев, тренира, ќе патува за Охрид. Со оглед на тоа дека ги пропушти комплет летните припреми ќе треба време додека биде во комбинација
 
Според трансфермаркт веќе си заминал од Влазнија, изгледа пропаднал трансферот.
ne zabelezav deka go raskinale dogovorot. nastapi za niv vo kvalifikaciite za liga konferencii i posle na pratev sto se sluci. dobro zasiluvanje bi bil za site nasi prvoligasi deka e U21 igrac.
 
Дечки секоја чест за секој што оди на Вардар овие сезони, што од срце одвоил малку време за да го посвети на клубот кога му е најтешко, погоре се дискутирало дали е далеку Маџари или не оделе луѓе зошто сме играле таму, се е тоа оке ји норнално е дека е најдобро за сите да играме на градски но клубот е во навистина лоша ситуација, оваа сезона може и полоша од претходната, треба максимално да се оди насекаде и да се докаже уште еднаш кој е и што е Вардар и не се согласувам дека и оваа бројка е добра, уште повеќе луѓе и обична публика треба да има. Јас викендот дојдов од Дојран за да го гледам дербито со Слога, неколку утакмици од претходната сезона сум доаѓал а сум знаел дека немам автобус за назад за Штип исто како и ова. Едноставно секоја жртва вреди за Вардар. Не го кажувам ова да се фалам или пак да глумиме фанатизам, ама во наша моќ е барем да бидеме присутни, да ја докаже љубовта кон Вардар. Само тоа останува, утре ќе дојдат подобри денови, лесно е да бидеш Вардарец или Комита кога се дигаат титули, океј тоа е само шлагот на нашето навивање, момент за кои живееме сите, сепак по мене моментално се докажува љубовта кон Вардар, и да не се појавам кога ќе играат ЛШ или ЛЕ ќе има кој да го пополни местото на запад или на јужна, сега ние сме тие кои иако се е во курац отидено од држава до спорт да останеме верни на идеалот за Вардар.

Сите во Охрид по првите 3 бода.
 
Дали бродот почна да тоне Бајо и Грне го напуштаат Вардар.Сега само Господ нека ни е на помош.

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom