Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Едно е сигурно, мора да си ја обавиме нашата должност и да се иде масовно на утакмици.

Ако ништо друго да ги мотивираме дечките што трошат и време и самите себе си се трошат во биткава за да не се осетат сами.

Можеби неможеме да помогнеме директно со финансии или со солуција за целиот проблем, ама може да им се даде на играчите крила и така да се добие некоја атмосфера за која што ќе се збори и ќе се пишува. Јас тука гледам излез и евентуална каписла за некоја добра соработка понатака.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Ако Ватростална е способна да одвои 3 милиони евра за буџет на спортски клуб ондак РК Вардар ќе биде 3 пати по ред европски шампион а не да се ебава да собира ефтини спонзорчиња и подпросечни играчи од српска лига.

Не е така лесно и едноставно како што мислиш. Хари Костов од чиста мира ќе троши свои милиони на фудбалски клуб од кој ќе има апсолутно 0 финансиски ќар. Секако.
За Ватростална муабетот си во право скроз, смешно е да се мисли дека Михајло кој носи просечни играчи од српска лига можел да дава 3 милиони евра, ама за вториот муабет дека евентуален газда не би имал никаков финансиски ќар од Вардар си голема грешка. Правен е муабетот неколку пати, откако УЕФА ги воведе новите правила со ако отпаднеш од квалификации во ЛШ, продолжуваш во квалификации Лига Европа или Лига на Конференции, а самата квалификација таму ти носи приходи од неколку милиони евра, фудбалот и те како е потенцијален бизнис за газдите од помаливе држави. Да останеше Самсоненко во Вардар јас сум сигурен дека секоја сезона по онаа во ЛЕ ние ќе бевме во групи на некое од овие натпреварувања. Не само Самсоненко, под Град Скопје да сме како во времето на Коце повторно сум сигурен дека ние ќе бевме во групи во Европа. Глеј ги само противнициве што ги добиваа Струга, Шкупи и Шкендија последниве години. Струга годинава патот до Европа ја носи преку клубови од држави помали од нас :), епска бламажа ќе е ако не стигнат таму, не постои полесна ждрепка која ја добил наш клуб било кога. Шкупи лани требаше да поминат еден од Шамрок или Балкани од Косово за да се таму и се избрукаа, Шкендија од Луксембуржани испаднаа пред некоја година. Под Град Скопје да сме 3/3 ќе имавме пласман во Европа со вакви прилики ние.
Она што претпоставувам им прави најголем проблем на потенцијалните газди во моментов е долгот, никој не сака да дава милиони за нешто што друг го усрал. Тоа комбинирано со стравот од политички влијанија врз клубот кои се неминовни ако си газда на Вардар и лошата слика што ја имаат оставено Комити во минатото (како што спомна @Saber Rider погоре) и не сакањето од потенцијалните газди да си имаат работа со било кој од навивачите во донесувањето одлуки за клубот бидејќи сликата што они си ја добиваат пред очи кога ќе се спомне Комити сум сигурен дека се ликови ко Жути и Бошко Луди.
Не знам дали дечките што одат на состаноци со потенцијалните инвеститори воопшто го спомнуваат делот дека тие можат да извлечат и профит доколку утре се газди на клубот и дали воопшто овие би им поверувале од погоре наведените причини. Не знам, може единствена шанса што ја гледам во моментов е превземање на клубот од Градот како во 2011-та и така полесно убедување на некој домашен бизнисмен да вложи свои пари. Односно повторување на приказната од пред десетина години со надеж дека нема за спонзор да ни се појави некој како Самсоненко овој пат. Али за сето тоа прво и основно е да се исчисти долгот...
 
Ако Ватростална е способна да одвои 3 милиони евра за буџет на спортски клуб ондак РК Вардар ќе биде 3 пати по ред европски шампион а не да се ебава да собира ефтини спонзорчиња и подпросечни играчи од српска лига.

Не е така лесно и едноставно како што мислиш. Хари Костов од чиста мира ќе троши свои милиони на фудбалски клуб од кој ќе има апсолутно 0 финансиски ќар. Секако.
Види јас само дадов мое мислење за ситуацијата на Вардар. Во ред можеби сте во право за Михајло и Ватростална меѓутоа дека некој си инвеститор како Хари Костов дека нема да има ќар не се согласувам. Со новите правила на УЕФА и те како може да има ќар, секако доколку постои интерес нели . Ме интересира вие што мислите? Како би се решила оваа црна ситуација на Вардар? Пак ќе повторам, Комити немаат финансиски сили да го држат Вардар и ова само ќе биде мачење. Се додека не дојде некој богат инвеститор како што беше Самсоненко ние ништо не правиме. Да се надеваме дека ќе се појави тој инвеститор и дека ќе се реши ситуацијата со Вардар и никогаш повеќе да не дојде до ова дереџе!
 
Ја не знам во кој сон живеете? како не ви е јасно дека доаѓањето на Самсоненко е многу ретка ситуација, прво он си влага у бизниси, а успешната приказната наречена ,,Вардар" беше склоп на случајности.
Нити Самсоненко бил дојден да инвестира у спорт, нити првичното негово влегување беше Вардар да направи некаков успех.
Факт е, инвестирање во Вардар се избегнува од секој успешен бизнисмен, прво поради матните игри што се вртат околу него, второ, матни "играчи" што секогаш никнуваат кога Вардар има успех, трето се Комити, а сега тука се и долгот, правни препреки и политички игри.
Така да влегување на успешен бизнисмен во Вардар е скоро невозможна мисија, да имаме среќа да е некој лудо вљубен ко нас и да е спремен да троши пари, можеби, али таков у ова држава мислам дека не постои.

Така да ќе остане да се мачиме, па со Господ напред, нека среќата бидете наклонета на наша страна.
 
Проектот Самсоненко испадна дека е најголемото зло на Вардар што му се случило. Да разјасниме, помислата дека он е фамозниот инвеститор не е така. Он беше само лик марионета пред јавноста.
Македонски спонзор тешко дека ќе се најде, а додека има и долг, пак тешко и за странски.
Добра е идејата за претставување на можноста за профит на спонзорите од едноставна причина што УЕФА радпределува повеќе пари за помалите клубови преку Конференциска лига. Само за пример Струга до ова коло има инкасирано само од Уефа 1 милион евра (плус тв права, карти итн).
Во оваа ситуација треба да се држат коректни и блиски односи со град скопје, па и со општините, бидејќи од друго место пари не гледаме.
Акцијава со сезонска карта од 1000ден знаев дека нема да биде целосно успешна, но кога веќе почна си купив карта.
Јас сум заговорник за продажба на акции на навивачи до 49%, со дополнителна годишна претплата на сезонска карта. Доколку не платиш сезонска една година, клубот си ја враќа акцијата назад и ја нуди на друг. На овој начин секоја година ќе има клубот некаков стартен буџет. За себе лично кажувам дека сум спремен да купам акција и потоа да си плаќам сезонска секоја година и тој износ да биде околу 100€ на пример.
Штом финансиски ќе се стабилизира, верувајте дека дури и поголеми фирми сами ќе ти се лепат за да те спонзорираат. Телеком одма го направи тоа со РК Вардар.
За приказнава со акции пример ми е хрватски клуб од австралија. Функционираат на овој начин од 1953, а еве линк и од сајтот за цената на членските Melbourne Knights
 
,,Проектот Самсоненко испадна дека е најголемото зло на Вардар што му се случило"? Види другар, не ме сфаќај погрешно, не сакам да те напаѓам, ама да кажеш дека Самсоненко бил ,,најголемото зло" на Вардар не точно!
Да не испадне дека политизирам, меѓутоа за жал во 2017та година кога се смени власта државата скроз се поремети. Самсоненко беше под постојан напад од сегашнава власт и цело време му вршеа рекети.
Да, не е оправдување што го остави клубот со долг од 3.5 милиони евра, меѓутоа за жал политиката си го направи своето од кое Вардар го изеде подебелиот крај!
Не заборавај дека благодарение на Самсоненко Рк Вардар освои два пати лига на шампиони, а Фк Вардар освојуваше титули во македонската лига. Исто така за прв пат во историјата на македонскиот фудбал еден наш клуб и тоа Вардар играше во групна фаза Лига Европа.
Понатаму да не заборавиме дека Самсоненко ја изгради салата Јане Сандански и тоа по сите европски стандарди и Рк Вардар си доби своја сала.
Да не заборавиме дека Самсоненко изгради тренинг центар за Фк Вардар во Хиподром исто така по европски стандарди, за кој ниту еден клуб во Македонија нема.
Се надевам дека се разбравме.
Поздрав и имај убав ден!
 
Ама и да не заборавиме дека ни салата, ни тренинг центарот се на Вардар.
И да не заборавиме дека ради тој долг Вардар не сака никој да го финансира. Колку добро направи, толку и му еба матер на клубот.
 
Салата ја користи Рк Вардар, а за тренинг центарот во Хиподром тоа е веќе друга политика. Пак ќе повторам, во 2017та година премногу политиката влезе каде што треба и не треба и за жал Вардар го изеде подебелиот крај. Туку да се надеваме дека ситуацијата некако да се среди и да се врати стариот Вардар.
 
Салата Јане Сандански е дадена под концесија на МОК. Играме таму на добра волја.
 
Што тресете глупости бе, како Вардар не е способен да си ги присвои објектите, што е Вардар? Па сите тие гарнитури што го воделе Вардар биле Вардар и истите тие, а во овој случај Самсоненко му го земале и тоа малку што го имал Вардар. Дај бидете малку разумни.
 
znaci vardar go vodese grad skopje. mozese da presece i da pobara gradski da e vraten na vardar. sega imame dogovori so sams sto ne se ispostuvani. na sud moze da se pobaraat i da se dadat objektite nazad na klubot vo zamena za dolgot. ima nacini samo nema koj da go isturka toa.
 
Читам Гостивар се ослободил од Танушев,Ѓорѓевиќ и уште неколку ќе добиеле шут карта.Сега прашањето е може ли Вардар да собере некој посебно Танушев добро би дошол
 
Читам Гостивар се ослободил од Танушев,Ѓорѓевиќ и уште неколку ќе добиеле шут карта.Сега прашањето е може ли Вардар да собере некој посебно Танушев добро би дошол
Мислам дека со сите странци што им дојдоа дека ѓи раскинаа договорите. Би било добро ако можеме некако да донесеме дел од нив ако се добри. Во овој случај потребни ни се барем најмалку уште 4 играчи и тоа најмногу напаѓач.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom