Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Море луѓе во 9 вечерта дојдов дома од утакмица, со менување на два автобуси. Еееееј, 6 саати за домашна утакмица потрошив. Без кола, можеш да се отпишеш од доаѓање на утакмица. Не аверзија, утробава ми се превртува кога треба да одам до Маџари на утакмица. Никаква поврзаност нема со автобуси и тие автобуси што одат, цело Скопје го вртат, 100 саати одиш од Маџари до Центар. Недела ко ден, автобус еднаш на пола саат. Пред нос ми кидна кога заврши утакмицата, ми дојде да се самоубијам, дремев ко мисир пола саат. Па и тие со кола не сакаат да одат. Нема паркинг никаде, трева да се пикаш по улиците, меѓу зградите, ќе те затворат од сите страни, не можеш да мрднеш.
Еднаш со точак отидов, ДВЕТЕ ГУМИ МИ СЕ ДУПНАА или некој ми ги дупнал за време на утакмицата.

Ама ова не е причина за мал број публика. Па во Маџари сигурно ќе имаме повеќе обична публика од градски. Квалитетот на спортот си го прави своето, далечината на било кој од стадионите, иселувањето, немањето население кои повеќе генерации ќе живее тука (ко главен град сме транзиционен град, не можеш да изградиш фан база со дојденци од сите краишта кои ќе се задржат овде една генерација и пак бегаат во странство).
Не сме ние ко помалите градови каде што секој со секого се знае и се дреме пред коперација и утакниците на локалниот клуб (особено ако има успеси) се главен настан. Пола комшии ти одат на утакмици, сите сте мештани (максимум доселеници од околните села), стадионот ти е на максимум 20 минути пеш од каде и да тргнеш.
 
Секој ќе најде изговор за одење или не одење до Маџари, но тоа е реалната ситуација и мора да ја прифатиме.
Од друга страна не знам зошто не ја искористиме групава за договарање за заедничко одење, па може и да се направи вибер група за полесна комуникација.
За во неделата ми откажаа двајца другари за одење (едниот ќе прскал против бубаШАРБИ дома, другиот за Крушево си се договорил) и си викам кој ве Тииит идам сам со кола. Можев уште 4ца да земам од Центар/Аеродром...
 
Кога е Вардар во прашање еднакво важни се како фудбалските така и не_фудбалските околности.
Фудбалските прво - Две воведни утакмици ние изгледаме баш залутано во лигава , 180 мин а ние вкупно 3 шанси имаме направено за гол муабет да не правиме. Се гледа дека фали квалитет и по секоја цена мора да се засилиме со уште 3,4 играчи ако сакаме и да се надеваме на директен опстанок. Среќа наша што и воШка и гостивар се тука негде(за никаде) со нас па ќе има простор да ги надминеме во сезоната ама и само Ама ако се појачаме во сите линии на теренот. За пофалба и единствен со преодна оценка е Брда , солидни се Мишковски и до негде Гача и Лемос а се друго е за клупа и втора лига да игра. Оној лука е убедливо најлош фудбалер што заиграл во Вардар, а мислев дека гешовски благојче е без конкуренција. Ако Грне не го седне од нареден меч на клупа нека се утепа , типот е играч минус за Вардар во старт ..

2. Не_фудбалските - Се добива впечаток дека помалце дечкиве од КОМИТИ се губат во водењето на клубот. Секоја чест за нивниот ангажман си стои фактот дека Вардар немаше да постои да не беа КОМИТИ, но од најавите пред сезоната до денешен ден нема реализација и решавање на ниедна битна точка од проблематичните. Прво се изгуби транспарентноста и нема повеќе соопштенија за продадени билети(сезонски) и други активности, второ на објавени соработки од финансиски и друг аспект со општини и градот Скопје нема ни една официјализирана , и тука не е проблемот што се излажани од партиите него што нема никаков притисок кон истите. Трето може и најважно е што и покрај најавите за договор со Ујп за репрограмирање на долгот нема ништо од тоа, напротив долгот се зголемува секој месец со каматите што се трупаат. Ќе мора да се превземе поголема активност во потрагата по генерален спонзор и да се нуди клубот надвор од Македонија бидејќи вака веќе не оди, одлична е идеата за Клуб на народот/навивачите ама јасно е колку е mission impossible во РМ тоа, едвај 1000 луѓе на дербито со омразениот ривал ви кажува многу за интересот.
Како знаеме и умееме мора да најдеме некој да го финансира клубот бидејќи вака ништо не правиме, не личи Вардар да има едноцифрен број бодови во цела сезона и да се ситат гомната искомплексирани ..
 
Последно уредено:
Што да објават друже, нема ништо за објавување. Цело време се работи, не се застанати. Сите беа свесни дека е преголем залак водењето на клубот, ама немаше друго решение.
Огромен број на фирми беа поминати, не сакаат ни да чујат да инвестираат, при долг од 3 милиони евра.
Плус, прво прашуваат во партија, па после се нафаќаат за инвестиции. Партиите во моментов не помагаат, ниту сдс, ниту дпмне. Барем по ова прашање се здружени.
Не знам што би можело да се направи плус, секаде е заглавена работата.
Продадени се околу 4.000 членски. Луѓето се уште имаат дилеми дали парите ќе одат во вистинска насока. Сепак низ годините имаме оставено толку лоша сликанво јавноста, што и јас да не ги познавав дечките што трчаат во моментов, немаше да инвестирам. Долго време треба за да се испереме од партиски ликови од 90тите и од цела негативна медиумска кампања што се водеше против нас.

Единствени кои првично помогнаа беа Тимчо и Орце, ама по баражот немаме добиено ништо.
Партииве си водат стихијна меѓусебна војна (сдс со инститициите како ујп и пуиг, дпмне со општините), вклучувајќи ја Данела, така што никој не сака да помогне, а друг да си ги препише придобивките.

За мене најголемо разочарување е дијаспората (особено прекуокеанската), очекував барем они да купат едно 5000 билети. Ама веројатно со новиве генерации, изумрена е конекцијата со Македонија.
 
Народот како да престана да купува членски кога се дозна дека ќе се игра во Маџари.Многу од тие што ги познавам,а не се влезени во навивачки филм сакаат да си седнеле во кафеанче близу стадионот па да седнече како луѓе на трибина и тоа е реалноста.Плус обичниот народ сака на како утакмици да оди не им е привлечно домашното првенство.Нема врска дека Вардар е слаб па затоа не одат и кога беше јак и играше во Европа Лига на домашните утакмици повеќе од 1000 души немаше.Освен комити кој стварно доживеаа бум и ја кренаа групата на високо ниво останатите чекаат европска утакмица,или некој дуел кој решава за титула/опстанок.
 
Групата јасно кажа дека сака Вардар да игра на градски , но еве сега гледате каква е ситуацијата со тревникот катастрофа и пак се затвори стадионот до септември со Италија ..
Што да направи групата повеќе , кога овие се идиоти , ја незнам што правеа цело лето 2 месеци за да го напраат теренот , сега им текна кога почна сезоната дека треба да се реновира , крајно аматерски или пак се сомневам дека ова намерно некој ни го прави незнам веќе што да кажам ...
 
На одмор биле од ПУИГ. Да се врати раководителот па ќе потпише за реновирање.
 
Не сакам да бидам погрешно сфатен, ама дечки ова вака не оди. Секоја чест на дечките од Комити што се ангажирани за клубот 24 часа, меѓутоа навивачи не можат да водат клуб. Треба сериозно да се почне да се преговара со богати компании и фирми за да го превземат Вардар инаку тешка ни е работата! Ова со сезонските карти ако се продадат до кај 5,000 на коњ сме, меѓутоа не треба да се ослонуваме на тоа. Работата со општините искрено освен Кисела Вода и Аеродром не знам другите колку би давале од нивните буџети за Вардар. Најдобро би било да се почнат преговори за превземање на Вардар со компанијата Ватростална на Михајло Михајловски бидејќи мислам дека он би можел да одвои буџет барем до кај 3 милиони евра. Или да се бараат странски компании кои ќе можат долгорочно да инвестираат во Вардар. И годинава ако испаднеме 9то место на табела би било добро.
 
Добро не ви е јасно една очигледна работа на вас што коментирате дека вака не одело, дека навивачи не можат да го водат клубот.
Прво да разјасниме навивачите го водат Вардар околу организацислиот дел највеќе трчаат основни работи да обезбедат, спортскиот дел си го работат спортисти луѓе кои биле во фудбалот Бајо и Грне пред се.
Второ од мои извори мн им е ветувано на момците од Комити се нафатија највеќе мислам дека поради кај и да се барало спас изговор е, си има сопственик затоа е и оваа иницијатива клуб на народот. Е сеа доаѓаме до моментот ќе се префрлам на Михајло што кажа за РК дека до колку фирми допис е пратено и никоја не одгпцорила позитивно, чим Михајло низнисмен познат во јавноста не можеше во РК да обезбеди спонзор, замисли колку им е потешко на Комити, кога човек со таквии релации врски пријатели не може.
Плус како најголем фактор е политиката, власта е против Вардар тоа да ви е јасно и тие идат да го уништат, заедно со опозицијата кои си фаќаа политички поени демек ама веќе провидни се, а се со цел да им угодуваат на браќата кои и де факто се уствари власт, и го држат главниот збор. Македомче продадена душа и дунда не смее да писне.
Е тоа е проблемот, и затоа треба да се дава подршка да се оди на стадион за инат на сите.
 
Види те разбирам што сакаш да кажеш. Јасно ми е дека имаме проблем со власта и јасно ми е дека дуи ја држи ФФМ. Јасно ми е дека и Михајло имаше проблеми со наоѓање на спонзори за Рк Вардар, меѓутоа некако за Рк Вардар се најдоа спонзори особено кога Борко стана извршен директор. Деновиве како што видов неколку фирми потпишаа договор за спонзорство на Рк Вардар. Меѓутоа што ќе правиме со Фк Вардар? Имаме доста голем долг од 3.5 милиони евра или 4.5 милиони како и да беше и сега Комити ќе го водат клубот? Пак ќе кажам, секоја чест и почит за Комити што не дозволија Вардар да згасне, меѓутоа тие да го водат клубот некако не оди. Немаат финансиска моќ за да го водат Вардар. Мора по секоја цена да се најде некој наш или странски инвеститор што полека ќе го исплаќа долгот и долгорочно ќе вложува во Вардар. Еве не мора да е Михајло. Зашто не го превземе Комерцијална Банка на Хари Костов? Тие малку пари имаат? Муабетот ми е дека треба да се оди да се преговара со вакви личности како Михајло или Хари Костов за некакво превземање на Вардар инаку втора лига не ни бега повторно. Се надевам дека за брзо време ќе се средат работите и ќе го гледаме стариот Вардар кој играше групна фаза во Лига Европа ⚫️!
 
Најдобро би било да се почнат преговори за превземање на Вардар со компанијата Ватростална на Михајло Михајловски бидејќи мислам дека он би можел да одвои буџет барем до кај 3 милиони евра.
Ако Ватростална е способна да одвои 3 милиони евра за буџет на спортски клуб ондак РК Вардар ќе биде 3 пати по ред европски шампион а не да се ебава да собира ефтини спонзорчиња и подпросечни играчи од српска лига.

Не е така лесно и едноставно како што мислиш. Хари Костов од чиста мира ќе троши свои милиони на фудбалски клуб од кој ќе има апсолутно 0 финансиски ќар. Секако.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom