Моето мислење за најголемо зло го темелам на повеќе факти...
Самсонено не е финансиер и дојде во МК за да биде маска фасада на „главните финансиери“ кои беа партиско-мафијашка група која даваше наши пари во спортот.
Под наши пари мислам на пари од македонските даноци украдени со разни споменици, тендери и останато. Така што ако во периодот пред 2017год си работел и си плаќал даноци, тогаш и ти, и сите ние останати сме си го финансирале спортот во МК, со акцент на РК, ЖРК, а покасно и на ФК Вардар.
Целта на ова финансирање не беа Европски титули (што е наша најголема среќа што воопшто се случија), туку популизам и одвлекување на внимание на народот од товарење на нивните бродови. Слободно изгуглај го „мултимилионерот“ Самсоненко и нема да најдеш ништо за него во Русија освен нешто поврзано со ракометот и тоа откако се прослави со РК Вардар.
Од толку добро што му сакале на ФКВ, си го купија помошното игралиште на ФКВ и тоа на име на своја фирма „
Во 2015-та година компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар.“
Добро е што се изгради салата во Аеродром ама и за таа сме дале ние пари, па дури и за хотелот кој е во приватна сопственост.
Единствено среќна околност е тренинг кампот во Хиподром кој што е изграден во јавно-приватно партнерство со општината, па останало во државна односно општинска сопственост.
И да не го тупам... веднаш би го избришал и би се откажал од успехот на ФКВ во Лига Европа само во моментов ФКВ да е со 0 долг. Не ми треба таков успех ако го снема клубот. Пример е РК Металург, почнаа со успеси во ЛШ многу пред РК Вардар, а сега „
Ракометниот клуб Металург, некогашната гордост, четврт-финалист на Лигата на шампионите и повеќекратен шампион на Македонија е исклучен од машката Супер лига. Ова значи дека автоматски е префрлен во најнизок ранг на натпреварување.“
И Бонус трака, не сум ја знаел оваа постара вест од 2018год ама еве ако прочита некој од Комити да пробаме да го возобновиме овој контакт (на сметка на нарушените односи Укр-Рус)
Шахтјор спонзор ФКВ
Имајте убав ден, се гледаме во Охрид во недела!