Ќе пробам да го составиме тимов.
Голмани: Филип Гачевски, Гоце Јовчев (младинец, 19 години), Никола Филевски (младинец, 18 години)
Одбрана: Ненад Мишковски (штопер), Христијан Вецески (штопер), Јорго Папули (штопер), Дарко Глишиќ (лев бек/лево крило), Владица Брдаровски (десен бек), Давид Велковски (десен бек/десно крило), Симеон Здравковски (десен бек, младинец, 18 години)
Средина: Мартин Блажевски (дефанзивна средина), Кристијан Николовски (дефанзивна средина), Ѓорѓи Дошев (дефанзивна средина, младинец, 18 години), Дарко Мицевски (средина), Нијаз Јусуфи (средина, младинец, 20 години), Горјан Цветков (офанзивна средина, младинец, 18 години), Матеј Гаштаров (офанзивна средина, младинец 17 години), Бенјамин Демир (десно крило/лево крило), Дарио Десниќ (лево крило), Матеус Лемос (лево крило), Роберт Митев (лево крило), Лука Трајковски (лево крило)
Напад: Дејан Цветановски (напад/лево крило), Владимир Жоглев, Давор Лефковски (младинец, 17 години), Марко Николовски (младинец, 17 години)
Голем дел од играчите се од младинците, земени за подготовките. Не знам дали ќе се смета сериозно на некој од нив. Секако мора да имаме младинец во прв состав. Јусуфи имаше некоја болест, не знам дали тренира или не.
Ваквиот состаб е преслаб за во лигава, особено во напаѓачкиот дел.
Некаде ко да прочитав дека Дошев и Стојилевски си отишле.
Во поглед на останатите, Митев, Жоглев, Николовски, Папули, па по мене и Блажевски, Велковски, Вецевски и Цветановски, освен за ротација немаат квалитет за прва лига.
Со други зборови кругот на прволигашки играчи би го затворил со Гача, Глишиќ (ако му се погоди ден, инаку просек), Брда, Мишко (ветеран), Лемос и Десниќ (и он повеќе влече кон ротација). Дискутабилен е и Демир, разочара со однесувањето во минатата сезона. Лука е исто енигма, 2 години нена фудбал играно.
Очајно фали добар напаѓач.
Edit: Го избришав Стојилевски, во Брера отишол.