Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
За пофалба е тоа што успеале да договорат играч како Лемос. И официјално е нов играч на Вардар. Сега треба да се потрудат да донесат уште некој квалитетен играч, бидејќи и Воска и Гостивар значително се засилени во овој преоден рок. Патем Жунињо е слободен играч, а од домашната лига слободен играч е Ѓорги Стоилов кој би завршил добра работа во средниот ред. Исто и Матеј Цветаноски е слободен, ама сега со доаѓањето на Лемос позицијата лево крило е веќе покриена. Треба да се разгледаат и побараат потенцијални засилувања во Србија и Бугарија, со оглед дека на Грне му е познат тој терен. Кога може една Воска да го договори Маронг, зошто име како Вардар да не може да договори далеку позвучни имиња. Иако сите сме свесни дека финансиите се голем проблем, сепак верувам дека може да се изгради добар тим за оваа сезона.
 
Од сигурни извори разбрав дека сте барале десно крило, шпиц и штопер за првотимци и сте нуделе доста висока плата за моментални услови во макфудбал. Изгледа ќе склопите квалитетен тим иако сите екипи се засилуваат и нема аутсајдери годинава како лани, можеби Брегалница делува послабо, но сепак ако ги погодат странците ќе бидст добри. Еве шпицот што го зедоја на 3 меча има 3 гола. Ѓорче исто имаат послаб тим според мене, доста им заминаја а немаат добри замени земено.
 
Кога може една Воска да го договори Маронг, зошто име како Вардар да не може да договори далеку позвучни имиња. Иако сите сме свесни дека финансиите се голем проблем, сепак верувам дека може да се изгради добар тим за оваа сезона.
Секако дека на некојси играч од Гамбија му прави разлика дали ќе игра за Вардар, Воска или Перпарими.
Кој му даде пари, таму ќе игра, гледаат да избегаат од тоа пустините, да се пробијат после градејќи cv во Европа.
 
За пофалба е тоа што успеале да договорат играч како Лемос. И официјално е нов играч на Вардар. Сега треба да се потрудат да донесат уште некој квалитетен играч, бидејќи и Воска и Гостивар значително се засилени во овој преоден рок. Патем Жунињо е слободен играч, а од домашната лига слободен играч е Ѓорги Стоилов кој би завршил добра работа во средниот ред. Исто и Матеј Цветаноски е слободен, ама сега со доаѓањето на Лемос позицијата лево крило е веќе покриена. Треба да се разгледаат и побараат потенцијални засилувања во Србија и Бугарија, со оглед дека на Грне му е познат тој терен. Кога може една Воска да го договори Маронг, зошто име како Вардар да не може да договори далеку позвучни имиња. Иако сите сме свесни дека финансиите се голем проблем, сепак верувам дека може да се изгради добар тим за оваа сезона.
озбилен си со матеј цветановски?
 
Секако дека на некојси играч од Гамбија му прави разлика дали ќе игра за Вардар, Воска или Перпарими.
Кој му даде пари, таму ќе игра, гледаат да избегаат од тоа пустините, да се пробијат после градејќи cv во Европа.

Имаш право, но сигурен сум дека покрај финансискиот аспект има и други фактори кои имаат големо влијание. Да го земеме за пример Лемос. Што мислиш не постоеле други опции во странство, па и тука во клубови од нашата лига во кои сигурно би добил и поголема плата? Едноставно покрај висината на платата ја препознал искреноста и вербата во проектот кој се планира да се реализира.
 
Прегледај го приврзокот 384934

Ајде за арно, за убаво.
Него утре е 20-ти, што конкретно треба да се случи?
На дневен ред во советот на Град Скопје е иницијативата за одобрување финансиска помош за ФК Вардар.
Од сигурни извори разбрав дека сте барале десно крило, шпиц и штопер за првотимци и сте нуделе доста висока плата за моментални услови во макфудбал. Изгледа ќе склопите квалитетен тим иако сите екипи се засилуваат и нема аутсајдери годинава како лани, можеби Брегалница делува послабо, но сепак ако ги погодат странците ќе бидст добри. Еве шпицот што го зедоја на 3 меча има 3 гола. Ѓорче исто имаат послаб тим според мене, доста им заминаја а немаат добри замени земено.
Реално тие три позиции ни се најкритични. Доколку придобиеме појачања од калибарот на Брда и Лемос, ние би биле сосема друга екипа.
Имаш право, но сигурен сум дека покрај финансискиот аспект има и други фактори кои имаат големо влијание. Да го земеме за пример Лемос. Што мислиш не постоеле други опции во странство, па и тука во клубови од нашата лига во кои сигурно би добил и поголема плата? Едноставно покрај висината на платата ја препознал искреноста и вербата во проектот кој се планира да се реализира.
Гостивар проба да го минира трансферот, ама безуспешно...
 
Ја пратам седницава на Град Скопје у живо.
Само што усвоија некој амадман за спорт од околу 12 милиони денари и за истите средства ќе имаат право да аплицираат СИТЕ спортски колективи, а под кои услови појма неам.
Не беше нигде потенцирано дека тие средства се исклучиво за Фк Вардар, него баш напротив за сите, како што нагласи тој на говорница успешни спортски колективи.

Еве го линкот од седницата, 1:18:50 збори за амандманот.
 
Последно уредено:

Не е пројдена точката за ФК Вардар. Петта е на дневен ред.
1689854422321.png
 
Колку што сфатив одобрено е само не се знае точната сума.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom