На последното интервју Миле изјави дека малце е стишена работата околу договорот со општините и сака да верува дека тоа е така поради летните одмори, а не поради некои позадински игри.
Мене воопшто не ми седи стабилна, биполарнана и суетна “менаџерка” у Град Скопје, а од таму се очекува најголем прилив.
Исто и за играњето на Градски не е дефинитивно, нема никаков одговор од ПУИГ, а се бара бесплатно да се користи теренот.
Во врска со генерален спонзор кажа дека се во преговори со некоја компанија, ама во интерес на истото не откри никаков детаљ, ниту у која фаза се истите.
Нормално дека најголема улога ќе игра добрата воља на државните институции (УЈП и ПУИГ) за одблокирање на сметката, а, интересно беше што на прес-конференцијата у Кисела Вода спомна дека пред неколку години имало одлука на Влада за бришење на каматите од ПУИГ, истата и била изгласана, но поради обврски кој клубот не ги исполнил според договорот, долгот не бил избришан.
Времето нѐ гази, а рокот се да се среди е околу месец-дена.
Се надевам на позитивен исход.