Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој инфо на кој датум е ждребот?
За што здреб???За распоред за прва лига???Чекајте луѓе прво од правен аспект да биде се како што треба и да се дозволи настап во прва лига.Изготвен ли е извештај за ревизија од страна на ех сопственикот Цобе на него се чекаше :facepalm: :tapp: .Нека не чува господ само,да се надеваме на подобра иднина.
 
FB_IMG_1688822299650.jpg

Силата на Вардаровите навивачи!

За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа!

Акцијата продолжува, со уште посилно темпо!

Членската карта, е обврска на секој навивач на клубот.

На сите продажни места на "МК Тикетс":

LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
LITERATURA.MK – VERO JUMBO
LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
LITERATURA.MK – Ул. Македонија
LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат
ЈК Травел, ТЦ Бисер – Аеродром
Макпетрол Козле
Макпетрол Илинденска
Макпетрол Влае

Членските карти се достапни и преку линкот:

Постои можност да се приклучат двајца повратници од едни поубави времиња за Вардар. Со едниот има значајно приближување на ставовите и се близу до постигнување на договор, со другиот пак се започнати првични разговори...
 
Странци или наши? :)
 
Странци или наши? :)
Овие се наши, иако има разговори и со некои странски играчи, но ќе видиме што од сето тоа ќе испадне.
dobro ke bese novak da go vratevte. samo sto se penzionirase pred nekoja nedela, za 1. MFL sepak verojatno bi bil odlicno zasiluvanje, no gledam deka pocnal kako pomosnik trener, taka sto verojatno e kasno za taja opcija..
Лебдеше некоја таква опција, но човекот реши да се пензионира.
Брда и Најдовски можеби

Sent from my 2201116SG using Tapatalk
Најдовски се разбира дека би бил посакуван, но у моментов е под договор со Тирана.
 
Знам дека можеби не е најпогодно време за вакви прашања, но претпоставувам следната сезона пак во истите дресови? Зарем е толку тешко за клуб со име како Вардар, да најде спонзор којшто ќе ни направи дрес и ќе не снабдува со спортска опрема? Коа ќе видам некои клупчиња од регионов дека имаат брендирани дресови од солидни спортски фирми, ми се окреќаат цревава. Со години изгледаме како футсал клуб на некој селски турнир.
 
ФК Вардар е клуб кој веќе неколку години е под директна, системска, партиско-криминална блокада. Се, заради важноста, традицијата и симболиката која со себе ја носи. Затоа, да не правиме споредби, кои се реални за нормални услови. Ништо тука не е нормално. Единствен кикс при спроведувањето на планот, им е нашиот пркос, на кој не се надеваа.
 
Чекор по чекор. Сега е најважно да се преживее, да успеат преговорите со општините, доверителите, акцијата со сезонските, да се скрпи конкурентен тим, да се привлече некој инвеститор. Тоа нека успее па сезонава и со маички ќе ја изиграме. Потоа, застанати на здрави нозе ќе се мисли на маркетинг, промоции, фан шопови и сл. Не се сомневам дека момците од Комити кои трчаат на сите страни во овој период и на тоа мислат.
 
Па нели проблемот со спонзор на дресот беше поради блокирана сметка?
 
Чекор по чекор. Сега е најважно да се преживее, да успеат преговорите со општините, доверителите, акцијата со сезонските, да се скрпи конкурентен тим, да се привлече некој инвеститор. Тоа нека успее па сезонава и со маички ќе ја изиграме. Потоа, застанати на здрави нозе ќе се мисли на маркетинг, промоции, фан шопови и сл. Не се сомневам дека момците од Комити кои трчаат на сите страни во овој период и на тоа мислат.

На последното интервју Миле изјави дека малце е стишена работата околу договорот со општините и сака да верува дека тоа е така поради летните одмори, а не поради некои позадински игри.
Мене воопшто не ми седи стабилна, биполарнана и суетна “менаџерка” у Град Скопје, а од таму се очекува најголем прилив.

Исто и за играњето на Градски не е дефинитивно, нема никаков одговор од ПУИГ, а се бара бесплатно да се користи теренот.

Во врска со генерален спонзор кажа дека се во преговори со некоја компанија, ама во интерес на истото не откри никаков детаљ, ниту у која фаза се истите.

Нормално дека најголема улога ќе игра добрата воља на државните институции (УЈП и ПУИГ) за одблокирање на сметката, а, интересно беше што на прес-конференцијата у Кисела Вода спомна дека пред неколку години имало одлука на Влада за бришење на каматите од ПУИГ, истата и била изгласана, но поради обврски кој клубот не ги исполнил според договорот, долгот не бил избришан.

Времето нѐ гази, а рокот се да се среди е околу месец-дена.
Се надевам на позитивен исход.
 
Вака, по мое... Има искрена подршка само од две - три општини, првите две ги знаеме сите, Кисела Вода и Аеродром... Оставам место и за трета општина која би влегла со чисти мисли иако тоа е веќе за дебата.Другиве поголеми МК општини да ја мочам нивната подршка.... Демек еве ви рака да не е без ништо. И сите овие други, кои прифатија било каква соработка, сите се "согласија" поради свои интереси и математички калкулации, односно да не испаднат црни овци. До госпожата градоначалничка која што очигледно има суета и презир кон се, и мисли дека е краљица поради тоа што е демек женско и "независна", нема ништо од неа! Баш и Мики кажа, дека и предложил да настапи исктено и без СТРАВ што некој друг ќе каже (читај Чаир и шпоните). Затоа што е скарана со сите и они им се едини адут да поживее политички уште малку. А што се однесува со ујп,и мафијата од асдп кои ја зголемија нагло рентата за изнајмување на градски само за Вардар... , што може да се очекува од душман кој намерно одоговлекува... Спас ни е само членските, а бројките не покажуваат место за оптимизам и таму. Бог нека ни е на помош.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom