Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Точно една седмица од почетокот на акцијата за поддршка на фудбалскиот клуб Вардар со купување сезонски билет по цена од 1.000 денари продадени се околу 2.500 билети и со тоа собрани 2,5 милиони денари или над 40 илјади евра, дознаваме од навивачката група „Комити“.

Така и напишав пред недела-дена, дека најоптимистичко сценарио у првите 2 недели за мене е 5000 карти или 80.000 евра, што се надевам за една недела и стварно 5000 ќе бидат.

Мора да се размрдаат фирмиве како казина и кладилници и поголеми претпријатија да покажат општествена одговорност на дело…
Кога беше првата акција за обични карти, се активираа и многу луѓе од јавниот живот како актери, спортисти, пратеници, функционери…

Како и да е, 20-ти се ближи ќе видиме реално на што сме тогаш…

П.С. :

IMG_1111.jpeg
 
Последно уредено:
Дефинитивно слаби бројки, испод секакво очекување. Кај е проблемот, којзнае
 
Дефинитивно слаби бројки, испод секакво очекување. Кај е проблемот, којзнае
Мора да има реклами. Посебно на фејсбук и инстаграм. Тикток пак е според мене моментално најпопуларен и таму мора да има промоција. Тие што стварно се за Вардар веќе купија, останатите или не чуле или не им чуе. Меѓутоа, останувам на ставот дека со помош на рекламите ќе убедат барем уште илјада луѓе.
Исто потребна е промоција низ Австралија и Европа.
 
Дефинитивно слаби бројки, испод секакво очекување. Кај е проблемот, којзнае
Според мене проблемот се заснова врз основа на тоа што нашиов народ се храни од теории на заговор. Во врска со иницијативава, одма следува муабетот за на клупи за грицкање семки: " Да бе сигурно на Комити ке им давам 1000ка глупости Вардар ке го спасувале, воџите парите во џеб ќе си ги стават." Едноставно мислам дека немаме некоја култура за да може да се продадат некоја значителна бројка на карти. Второ, мислам дека и кај помладиве генерации се нема родено некоја голема љубов према Вардар која би ги понела кон тоа да ги притиснат родителиве да купат некоја карта плус. Пре би донирале 20 фунти на Манчестер Јунајтед. Единствено мислам дека сепак има меѓу народов некоја емоција која ја буди Вардар. Кај мене лично, на страна тоа што го пратам Вардар редовно, само што ќе се присетам на приказните на татко ми и дедо ми како пред триесетина години редовно си купувале блок карта за на јужна и се собирале голема група на луѓе од цела населба, само од почит према нив би ми била доволна причина да си купам барем некоја симболична бројка на карти, кој колку е во можност се разбира. Вардар живеел и ќе преживее и ни една карта да не се продаде, ама да се потрудиме да го вратиме онаму каде што му е местото.
 
Па од самите си патиме. Како што може Суперхикс да пее за концерт за соживот, можат и еден концерт за Вардар да направат а парите од картите да идат на контото на Вардар.

На слики сите го сакаат Вардар.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Гача,Мане,Брда,Глишиќ..топ одбрана.Да се надеваме на крилни засилувања и напаѓач/и.
Никако не го заборавај Мишковски. Човекот е доктор!
Точно една седмица од почетокот на акцијата за поддршка на фудбалскиот клуб Вардар со купување сезонски билет по цена од 1.000 денари продадени се околу 2.500 билети и со тоа собрани 2,5 милиони денари или над 40 илјади евра, дознаваме од навивачката група „Комити“.

Така и напишав пред недела-дена, дека најоптимистичко сценарио у првите 2 недели за мене е 5000 карти или 80.000 евра, што се надевам за една недела и стварно 5000 ќе бидат.

Мора да се размрдаат фирмиве како казина и кладилници и поголеми претпријатија да покажат општествена одговорност на дело…
Кога беше првата акција за обични карти, се активираа и многу луѓе од јавниот живот како актери, спортисти, пратеници, функционери…

Како и да е, 20-ти се ближи ќе видиме реално на што сме тогаш…

П.С. :

Прегледај го приврзокот 384087
2.500 нема шанси у моментов. Зашто во понеделникот беа околу 1.500. Сега претпоставувам дека се движи бројката према 2.000.

Точно е за Матеус инаку. Доаѓа од Бразил на почеток од следната недела и се приклучува на припремите.

Искрено мислам, барем 90 % од тие јавни фаци тогаш дека не се активираа по своја лична волја, туку по иницијатива на Комити. Немаат свест за жал, иако се декларираат за навивачи/симпатизери на ФК Вардар. Верувај.
Дефинитивно слаби бројки, испод секакво очекување. Кај е проблемот, којзнае
Далеку дека се слаби. Малку се претера во очекувањата дека туку така ќе пламнат 30.000 сезонски карти. Еве ти еден линк чисто да си имаш инфо за да нема непотребни разочарувања.

https://sportal.blic.rs/fudbal/medj...n-broj-sezonskih-ulaznica/2022080815051621574

Зборуваме за Хајдук и Звезда, кои реално се врвот на Балканот во поглед на посетеност. Е па кога тие имаат 10.000, односно 6.800 сезонски карти, како тоа сега Вардар со да речеме 5-6.000 е недоволно. Да не летаме и ние превише во облаци.
 
Последно уредено:
Ајде честито
a39d28f9a288d99c06cd4204e02f2235.jpg


Sent from my 2201116SG using Tapatalk
 
Штом го носат Лемос висока плата му имаат понудено, со оглед што на Ѓорче им бараше многу повисоки примања од оние кои ги имаше за да потпише нов договор. Додека овој другиот односно Педрињо Браз пред да оди во Бугарија, играл во Германија во некои нисколигаши.
 
За опстанок се плашевме а правиме шампионски тим
Треба да се балансира со очекувањата. Во моментов реалност е борба за опстанок. Таму треба да бидеме фокусирани и свесно да го поддржиме клубот. Целта на секој навивач во моментов треба да биде продажба на што е можно повеќе членски карти. Тука е нашата сила, тука треба да ја покаежеме нашата љубов. Мотивирајте ги вашите блиски, роднини, пријатели, познаници. Секоја членска значи чекор понапред кон остварување на целите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom