Подолго време го следам форумов тука и ретко сум се вклучил во дискусија.Жувеам и работам во странство и можам да си дозволам да купам повеќе членски.Но прашањето ми е што потоа со парите од членските.Како ќе се изврши уплатата на собраните средства ако сметката не биде одблокирана.Како и општините ќе префрлат одредена сума на пари кога и тие не можат да се извршат уплата.Мислам дека прво требаше да се заврши работата со долгот да може да се осблокира сметаката па после вакви акции да се прават.Повеќете луѓе де скептици за ваков вид на уплата знаејќи дека сметката е блокирана.
Ако подолго време го пратиш форумот и актуелните случувања околу клубот ќе знаеш дека една група на луѓе, безпоштедно, 24/7, и целосно волонтерски пробуваат да исправат некои работи кои навидум изгледаа(т) невозможни и никој пред нив се нема зафатено со истите.
Ја до тој степен слепо им верувам, затоа што да не беа тие дечки со конкретни чекори и контакти, клубот не што немаше да биде у Прва лига, него ќе тераше со младинци у Општинска или Трета лига да игра моментално.
Парите што ти, јас и останатите ќе ги дадеме ќе се трансферираат на сметка “Здружение 35 години Вардарци” и ќе бидат наменети за заостанатите плати на актуелниот состав, се со цел да нема други заминувања како денешното на еден од носителите на играта, Размоски.
Затоа би ти препорачал воопшто да не се сомневаш на намерите и каде ќе завршат нашите пари и би те замолил да ја прошириш Идејата за спас на клубот на колку што можеш повеќе нашинци во земјата во која се наоѓаш.
Акцијата е и со цел да покажеме по не знам кој пат дека Вардар не е само локален градски клуб, него национален симбол преку кој се идентификува Македонецот на спортски план, а овој пат позади таква акција седат луѓе кои не се испратени од некој локален штаб што доби уште поголеми симпатии дека никој нема политички товар да одработува за некоја партија.
Секој што е добронамерен е добредојден да помогне на клубот, без разлика дали е функционер, симптизер или непартиски пристрасен.
Дека нас не нѐ интересира кој од која партија е, покажува фактот дека 13 скопски општини (голем дел Вмро) на 20ти-25ти јули ќе уплатат солидна сума на пари на истата сметка на која јас и ти ќе уплатиме за сезонски.
Додека на Централно ниво (сдс) паралелно течат разговори со директорката на ујп да има отпис на КАМАТАТА спрема нив, се со цел со собраните досегашни средства да се покрие дел од долгот за да се одблокира сметката.
Според денешната прес-конференција сите имале “искрени” намери и ќе излезат во пресрет во законски рамки да му помогнат на клубот.
Притоа оваа Акција е иницијална каписла во кој смер ќе се движат работите со клубот, затоа воопшто не се мисли, купи Сезонски колку што ти дозволува буџетот, навистина ќе му помогнеш на клубот.