Не одигравме лош натпревар. На гостинот не му оставивме многу простор за игра и освен еден дел од 10-та до 25-та минута кога Кратовци имаа две шанси, скоро и да не го видоа нашиот гол. Можеби немаа ниту шут кон голот.
Овојпат ротиравме во одбрана, Манев беше на клупа, Попов стартуваше, Тошевски беше на десен бек, а на лев покриваше Брда.
Во средината Битанг доби одмор, а Цветановски беше младинецот во првиот состав, со оглед на тоа што Тодоровски беше на клупа.
Барсегјан беше доста борбен во првиот дел и воглавно нападите одеа преку него. Во офанзивата не може да се спореди борбеноста на Брда и Барсегјан со спротивната страна на која го имаме невидливиот Цветановски и Тошевски кој е прав труп за игра во напад. Лира имаше еден убав пробив, но со лоша завршница, а истиот играч ја имаше и најголемата шанса кога доби одличен центаршут, но не ја зафати добро топката и ударот со глава заврши во гол-аут. Во прво полувреме Попов се дереше по се на теренот, по судијата, по соиграчите, а беше крив за скоро секоја ситуација

Сепак, се' на се' одигра добар натпревар.
Во вториот тргнавме многу поофанзивно. Прво Лира биеше со глава по едно нафрлување на Тошевски, но центаршутот беше млак и голманот лесно одбрани. Потоа, Барсегјан имаше можност да додаде до Брда на крило кој беше во добра позиција, но се реши да шутира и неговиот одличен удар заврши крај стативата.
Следуваше добар удар на Лира од 20-тина метри. Гостинскиот голман одбрани со прекрасна парада, а при падот беше во несвест неколку секунди.
Битанг го замени Цветановски на крило, а се спремаше и Максимов да влезе во игра кога падна еднствениот погодок.
Јуфо закачи еден отпадок со волеј, топката оттапна пред гостинскиот голман, кој немаше шанси да го одбрани ударот.
Јуфо е најзапален од сите, само коментира по ФБ, става слики, лајкува коментари, а и кога даваме голови се чини највеќе се радува. Го изнабацува знакчето, се молеше две минути откако даде гол.
Сепак, покрај голот повторно имаше еден куп грешни додавања во средината. Се чини дека со играњето на Најдовски конечно ја вративме доминацијата во овој дел од теренот. Тројката од Мицевски, Најдовски и Јуфо е добро решение и треба само Бразилецот да има поголема креативност во завршните пасови за да бидеме доста поубиствени.
Битанг е добар на крило, штета што немаме добар млад играч и мора да стартуваме со Цветановски. Подобро е Тодоровски да игра бек, а Битанг крило според мене.
Тогаш влезе Максимов и уште еднаш докажа колку е очаен. Барсегјан му се изнавика во неколку ситуации во кои едвај се откриваше и при една ситуација во која можеше да испринта контра, а ја забави акцијата.
За разлика од него, Лира целосно ме демантираше и по репрезентативната пауза е како нов играч. Одлично се гради, далеку поподвижен е, како тенк ги руши противничките дефанзивци. Барсегјан ни е ударна игла, а дефинитивно ни фали уште едно добро крило...
Лесно го приведовме мечот до крајот, а гостите мислам дека немаа ниту една шанса во второ полувреме.
Наредниот дуел со Победа е последен пред репрезентативна пауза ако не се лажам. Ако играме во Штип, мора да искористиме да ги победиме. На крај краева треба да вратат три бода поклон што ги добија лани