Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен развој на настаните за Вардар по денешното коло. Лира ако изгледаше смешен на почетокот од неговото доаѓање, во последните неколку натпревари се повеќе се наметнува како клучен играч во завршницата од нападот. Исто така полека се потврдува дека Јуфо е играч-потег и ни ја донесе оваа исклучително драгоцена победа во ситуација кога ни недостигаше идеја на противничката половина, а со тоа ги демантира оние тврдења дека бил ѓубрето донесено од Шкендија.
 
Апослутно почна повеќе да игра Јуфо, а за Лира мислам имаше вишок килограми на почеток, и поради тоа мал радиус на движење, што е клучно во фудбалот, сега веќе наликува на играч.
Не гледав денеска прв пат после 2години, сум пропуштил многу, кој гледал нека даде кратка анализа.
 
Веројатно ова со Лира ви е за памет да не летате пред врмее со проценки, па макар и да е добар во првите натпревари. Мора да се пофали и Васоски ја стегна екипата, иако мислев дека е тешка труба, но очигледно за сега добро го испекол занаетот. Со Победа очекувам само победа
 
А Васоски уствари уште е само в.д. тренер или целосно ја превзема позицијата? Оти на почетокот нели рекоа само привремено он ќе води но сеа ќе биде стварно глупо да го сменат коа вака добро му иде, со оглед на играчкиот кадар и целата криза стварно максимум има извадено до сега.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Последно уредено:
Чудно коло [emoji848]
Да изгубат во ист ден на домашен терен двете првопласирани екипи е и повеќе од сомнително.

Во секој случај одлично за нашиот Вардар, кој треба да се одважи во сабота со победа над Победа на неутрален терен во Штип.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
Во Штип?
 
Апослутно почна повеќе да игра Јуфо, а за Лира мислам имаше вишок килограми на почеток, и поради тоа мал радиус на движење, што е клучно во фудбалот, сега веќе наликува на играч.
Не гледав денеска прв пат после 2години, сум пропуштил многу, кој гледал нека даде кратка анализа.
Не одигравме лош натпревар. На гостинот не му оставивме многу простор за игра и освен еден дел од 10-та до 25-та минута кога Кратовци имаа две шанси, скоро и да не го видоа нашиот гол. Можеби немаа ниту шут кон голот.
Овојпат ротиравме во одбрана, Манев беше на клупа, Попов стартуваше, Тошевски беше на десен бек, а на лев покриваше Брда.
Во средината Битанг доби одмор, а Цветановски беше младинецот во првиот состав, со оглед на тоа што Тодоровски беше на клупа.
Барсегјан беше доста борбен во првиот дел и воглавно нападите одеа преку него. Во офанзивата не може да се спореди борбеноста на Брда и Барсегјан со спротивната страна на која го имаме невидливиот Цветановски и Тошевски кој е прав труп за игра во напад. Лира имаше еден убав пробив, но со лоша завршница, а истиот играч ја имаше и најголемата шанса кога доби одличен центаршут, но не ја зафати добро топката и ударот со глава заврши во гол-аут. Во прво полувреме Попов се дереше по се на теренот, по судијата, по соиграчите, а беше крив за скоро секоја ситуација :D Сепак, се' на се' одигра добар натпревар.

Во вториот тргнавме многу поофанзивно. Прво Лира биеше со глава по едно нафрлување на Тошевски, но центаршутот беше млак и голманот лесно одбрани. Потоа, Барсегјан имаше можност да додаде до Брда на крило кој беше во добра позиција, но се реши да шутира и неговиот одличен удар заврши крај стативата.
Следуваше добар удар на Лира од 20-тина метри. Гостинскиот голман одбрани со прекрасна парада, а при падот беше во несвест неколку секунди.
Битанг го замени Цветановски на крило, а се спремаше и Максимов да влезе во игра кога падна еднствениот погодок.
Јуфо закачи еден отпадок со волеј, топката оттапна пред гостинскиот голман, кој немаше шанси да го одбрани ударот.
Јуфо е најзапален од сите, само коментира по ФБ, става слики, лајкува коментари, а и кога даваме голови се чини највеќе се радува. Го изнабацува знакчето, се молеше две минути откако даде гол.
Сепак, покрај голот повторно имаше еден куп грешни додавања во средината. Се чини дека со играњето на Најдовски конечно ја вративме доминацијата во овој дел од теренот. Тројката од Мицевски, Најдовски и Јуфо е добро решение и треба само Бразилецот да има поголема креативност во завршните пасови за да бидеме доста поубиствени.
Битанг е добар на крило, штета што немаме добар млад играч и мора да стартуваме со Цветановски. Подобро е Тодоровски да игра бек, а Битанг крило според мене.
Тогаш влезе Максимов и уште еднаш докажа колку е очаен. Барсегјан му се изнавика во неколку ситуации во кои едвај се откриваше и при една ситуација во која можеше да испринта контра, а ја забави акцијата.
За разлика од него, Лира целосно ме демантираше и по репрезентативната пауза е како нов играч. Одлично се гради, далеку поподвижен е, како тенк ги руши противничките дефанзивци. Барсегјан ни е ударна игла, а дефинитивно ни фали уште едно добро крило...
Лесно го приведовме мечот до крајот, а гостите мислам дека немаа ниту една шанса во второ полувреме.

Наредниот дуел со Победа е последен пред репрезентативна пауза ако не се лажам. Ако играме во Штип, мора да искористиме да ги победиме. На крај краева треба да вратат три бода поклон што ги добија лани :D
 
Има реванш куп утакмица со Ѓорче Петров, па со Академија Пандев на домашен и тогаш е паузата
 
Со Најдовски, уште пред некоја утакмица напоменав, дека добиваме на цврстина и сигурност во средниот ред. Едноставно за дечкото мора да има место во првите 11, па дури би рекол и дека во оној лански Вардар ќе имаше запазена улога.
Цветаноски и Максимов ни се дефинитивно најслаби карики и ја нарушуваат компактноста на тимот во моментов. Покрај уште едно крило, мислам дека ни треба и лев бек за да не се мачиме со деснаци на таа позиција. И секако поголема конкурентност, ама тоа отом потом. Прво нека се решат покруцијални прашања во клубот...
 
mene najdovski ic ne mi se sviga. moze se dobiva na cvrstina ama ja gusi igrata. sekoja bukvlano sekoja topka ja vraka nazad a imase i dva tri kiksa protiv sileks. vo ovoj vardar koga nema drug ok moze proaga ama daleku e od igrac kakov sto ni treba.
 
Откако си заминаа Фелипе и Хасани од лигава, истата е за класа послаба од минативе сезони.
Се гледа дека ниту најсилните екипи немаат играч во средината кој може да ја задржи топката и да ја организира играта (знам дека Буба не беше класичен средњак, но сепак учестуваше скоро во секоја акција за гол). Во ваква ситуација, нас ни е кец на десетка што имаме тешкаши како Битанг и Најдовски, кои дефанзивно им оставаат многу малку простор за игра на противниците. Така што, во ваква ситуација Најдовски ни е многу корисен играч.
Голем плус за нас е што имаме високи играчи и на секој трети прекин имаме стопроцентна шанса, а најчесто така постигнуваме и голови.
 
Да не се залетуваме, но бројките кажуват дека имаме моментално најдобра одбрана у лигата, а најзаслужни се Гачевски и Новак, нападот полека се воигрува, имавме доза на среќа на почетокот со резултатите, а тоа беше една од клучните работи да појдеме напред, играчите почна да победуваат. да им се крева самодовербата, да веруваат во соиграчите и најважно тренерот.
Потешкоти ќе имаме сигурно уште, но радува фактот што од натпревар во натпревар играме се подобро.
Али мене највеќе ме засега ситуацијата во клубот и највеќе би се радувал со стабилизација и можно останување на Самс, со мал процент од град Скопје, за уште подобар Вардар.
 
Нели мислите дека е најдобро Берсегјан да игра позади Лира, а Јуфо и Битанг по страна? Мислам дека Јуфо има играно и на крило, добар е, трча се труди, ќе покрива и во одбрана и плус со Најдовски ќе бидем ептен поцврсти. Манев ми се допаѓа, по подвижен е од Попов и знае пас да даде. Само на лев бек ни треба младинец и ќе биде топ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom