Фан клуб - РК Вардар

Столе кој ѕвер е, неможеа тројца да го бутнат, како никој друг знае да се загради и да прими топка не дека Тото е слаб ама реало Столе кога влезе у игра се стабилизиравме


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кога влезе Карапалевски успеа да ја раздвижи играта, одлични додавања имаше до Столе.
Според мене многу подобра опција е од Додиќ.
 

Attachments

  • 283C39E6-1C7F-42E2-8C17-948600C2611E.jpeg
    283C39E6-1C7F-42E2-8C17-948600C2611E.jpeg
    146,4 KB · Прегледи: 55
  • 4BB2617F-5BAE-420F-9BCA-30E56A7B2723.jpeg
    4BB2617F-5BAE-420F-9BCA-30E56A7B2723.jpeg
    298,1 KB · Прегледи: 57
Dobro Utro
bcb26ea690c88174370aecfd31a6bf39.jpg


Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Тимур гостуваше во утринска емисија на Сител. Најави дека можно е да остане во Вардар.
Уште еднаш се потенцираше дека Михо нема сили сам да го тера финансирањето.
Исто така, го издвои Столе како клучна фигура за успесите на клубот.
 
Јас ја слушав и емисијата што ја постираше некој со Марко Савовски каде што објасни што се случило во соблекувална за втората шампионска титула во европа. Интересно делче каде што е добро пресликана големината на Столе.

Јас од оваа перспектива гледам колку безвезе беше револтот кон Столе во епизодата со Манасков. Столе со сите овие години и сите тие соиграчи што ги имаше се избруси и е во вистинска смисла на зборот капитениште. Во таа ситуација не ни требаше да реагира на друг начин едноставно се обиде да си го заштити соиграчот што е одлука на место.

Околу утакмицава, стварно врв и напето 60 минути. Имав флешбек од тоа што го доживувавме во ерата со Металург со таа разлика што тогаш Металург имаше одлична екипа но слаба поддршка а овде Пелистер има поддршка ама има и дискутабилна екипа.

Кај нас веќе по не знам кој пат се докажува дека Вардар има нешто специјално во себе, вистинска штета е што некој инвеститор не може да го препознае тоа и приказнава да поживее уште подолго. Ако продолжи со кратење на финансии Вардар за очекување е трајно да се изгуби моментот.

Во поглед на екипата Михајло е стар лисец и сигурно има сугерирано кон Дејвис теретот на овој натпревар да го понесат играчите што ќе останат наредна сезона. Тоа би биле Дибиров Талевски Моралес Карапалевски Георгиевски Столе и голманите. За нив стварно не треба да се размислува за продолжување на договор.

Остатокот од екипата претпоставувам ќе се склопува према ограничувањата што ги имаме за странци. Добро е што во ситуацијава прилично чиста е сликата кои играчи заслужуваат а кои не заслужуваат да останат, а и во случај кај некој ако имаме дилема ( рецимо Гаџа) ќе може во секој момент да им го плеснеме ефектот што го имаа/немаа сезонава.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ај сега со ладна глава. Бевме далеку од перфектни, ама бевме таман за толку подобри колку што беше потребно. Сепак, немерливо е искуството што некои наши играчи го имаат во однос на играчите на Пелистер. И покрај целата тензија, не игравме во грч. Во секој момент знаевме што сакаме.
И сосема заслужено се радуваме на титулата број 15. Да се надеваме дека овој натпревар ќе даде ветер во грб и ќе го зацврсти клубот. Дека ќе влета уште некој спонзор. Што се случува со спонзорството од Општина Аеродром? Има некој инфо? Официјализирано ли е? Да се надеваме дека оваа победа ќе донесе продолжувања на договорите и нови играчи. Тоа е најважно во моментов.
А во врска со вчерашниот натпревар. Колку и да го оспорував и мрчев - Тале во овие две сезони направи целосна трансформација - from zero to hero. Од хејтање на почетокот на првата сезона, вчера беше качен на рамења на навивачите и пееше "Имаш Вардар ти..". Многу значаен придонес вчера со 6 голови и доста асистенции. Борко, исто човек на кој сум му дал толку многу хејт. Вчера беше оној правиот. Со провокации со кои ги измести од ритам. Со 8-9 одбрани за 20 минути, со одбранет зицер во последниот напад. Што би рекол он - Кога сакаш пливаш, кога сакаш се сунчаш. Куни Моралес на 36 години изигра како младич. Ја искина мрежата, решеташе од каде сакаше. Карапалевски, капа долу момче. Толку сигурен во себе, без загубена топка, подели еден куп асистенции. Очекувам ако остане Дејвис, дека следната сезона ќе има многу позабележителна улога. И за крај уште два збора за Столе - капитенот капитенски. Ако треба, ќе изиграше и со една нога, ама немаше да ги остави своите момци.

Денес нека прослават, а од утре уште посериозни тренинзи. Остануваат три натпревари кои мора да се сфатат максимално сериозно. И куп во Кавадарци.
 
 
Дај линк да видам што кажал Марче.
Тој дел е некаде од 50-та минута натака
 
На страна сите рчки со дечките од спротивниот фан клуб, многу се радувам што домашното првенство доби вистинско дерби. И се надевам дека ќе опстои што подолго.
Покрај сите големи победи против разни европски гиганти, до ден денес најдрага победа ми беше победата против Металург во Кале. Е вчера додадов уште една, победата во Битола.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom