Ај сега со ладна глава. Бевме далеку од перфектни, ама бевме таман за толку подобри колку што беше потребно. Сепак, немерливо е искуството што некои наши играчи го имаат во однос на играчите на Пелистер. И покрај целата тензија, не игравме во грч. Во секој момент знаевме што сакаме.
И сосема заслужено се радуваме на титулата број 15. Да се надеваме дека овој натпревар ќе даде ветер во грб и ќе го зацврсти клубот. Дека ќе влета уште некој спонзор. Што се случува со спонзорството од Општина Аеродром? Има некој инфо? Официјализирано ли е? Да се надеваме дека оваа победа ќе донесе продолжувања на договорите и нови играчи. Тоа е најважно во моментов.
А во врска со вчерашниот натпревар. Колку и да го оспорував и мрчев - Тале во овие две сезони направи целосна трансформација - from zero to hero. Од хејтање на почетокот на првата сезона, вчера беше качен на рамења на навивачите и пееше "Имаш Вардар ти..". Многу значаен придонес вчера со 6 голови и доста асистенции. Борко, исто човек на кој сум му дал толку многу хејт. Вчера беше оној правиот. Со провокации со кои ги измести од ритам. Со 8-9 одбрани за 20 минути, со одбранет зицер во последниот напад. Што би рекол он - Кога сакаш пливаш, кога сакаш се сунчаш. Куни Моралес на 36 години изигра како младич. Ја искина мрежата, решеташе од каде сакаше. Карапалевски, капа долу момче. Толку сигурен во себе, без загубена топка, подели еден куп асистенции. Очекувам ако остане Дејвис, дека следната сезона ќе има многу позабележителна улога. И за крај уште два збора за Столе - капитенот капитенски. Ако треба, ќе изиграше и со една нога, ама немаше да ги остави своите момци.
Денес нека прослават, а од утре уште посериозни тренинзи. Остануваат три натпревари кои мора да се сфатат максимално сериозно. И куп во Кавадарци.