Фан клуб - РК Вардар

За тоа караванот требаше да движи низ цело Скопје, ќе искочеа луѓе од дома/работа да ги поздрават и тоа да биде тоа. Да нема брукања со знамиња, песни, сакндирања.

Ма да позади таа ложата политичка нешто друго се пееше


За Вардар се што дадов...
 
Од цела усрана прослава хајлајт момент ми беше кога почна да се скандира "Столе ти си наша икона", ама тие до мене лошо ги заслушаа изгледа и се придружија со "Никој ништо не ти може Николаа "

Водителкана посебна прича, свршаваше кога Кањелас се обрати на македонски.
Мислам дека ипак ова беше прослава со некоја наметната пропаганда.
Премногу потенцирање на национализам, како да се работи за репрезентација.
Лелее и ја го чув ова ама по толку време слушање скандирања овие години мислев дека ми се причинува :pos:

Срамота беше и тоа со Кањелас дека научил, научил ок, негов избор, не ги прај другите што не научиле дебили.
 
Шо е причава што овие љунгиве шверцери скокаат на секој пост као тепале некого од нашиве на прославата? Да не знае некој нешо поише?
 
Шо е причава што овие љунгиве шверцери скокаат на секој пост као тепале некого од нашиве на прославата? Да не знае некој нешо поише?
Имаше едно видео (не знам колку е веродостојно) од неделата вечерта дека провоцирале/нападнале некого на плоштад. (ги имаше како трчаат по Камен мост) Видеото го има на фејсбук страната на Шверцери.

@VeS ќути, ја слушам Столе, а во глава ми иде „Шутка не ти бега Никола“. :pos:
 
не сакам да мешам политика, но само нешто кратко. околу груевски и жереновски, и други слични. но конкретно еве околу овие двајца.
ок, секој има право и слободна воља да оди на која сака утакмица, да се слика и да...што знам, фаќа политички поени?! ништо од тоа не ми е спорно, абе ако сака со лавови и петокраки на трибина, ме заболе. не ме интересира.

она што е битно т.е. најбитно, и што доколку бев новинар ќе го направев, ќе побарав доказ од двајцата за платена карта за во сала, купена од нив лично, по можност извод од картица. пошто ваљда не плаќале со кеш? значи доказ за платена карта од картица на лично име. по можност и за хотел и лет. за целосен престој. тоа е тоа за кое што они треба да одговараат, а не дали биле и се сликале. дури и би им побарал фискална сметка за дресовите што ги носат, да видиме дали е купен од фан шоп со љубов и како придонес кон клубот и фаншопот, или даден гага ко на шеф.

сите знаеме како се отидени. ако не е така, слобдоно нека го докажат спротивното, и тогаш ќе имаат целосно апсолутно морално право да прават реклама на свои приватни профили. политичари се, тоа им е професија.
или дека се функционери (екс, како и да е) им следува од оние карти кои не се плаќаат, секогаш кога ќе посакаат? за да после си праат реклама на тоа?

и јас сакам еднаш во животот, т.е. не еднаш туку секогаш кога ќе ми се присака, карта на рака за било каде било кога. еве шефе, повелете, за вас ли...
мајмуни. лешинари.
има деца живеат и дишат за спорт, се што добиваат е дома пред телевизор, или заштетадата годишна на куп плус позајмување, па на гостување (нормално, и одморт е жртва) а да, и чат пат по некој пендрак по грб..
 
Ауффф.. Каков викенд! Не знам што да кажам, што да напишам, за да го доловам бар малку чувството изминативе 3 дена. Солзи ми доаѓаат со секое навраќање на помислата дека сме ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ, солзи ми доаѓаат и сега дур пишувам. Како вчера да беа утакмиците на Кале, доживљај ни беше победа над некоја си романска Решица, во некојси треторазреден европски куп, што сега не ни знаеме дека постои, доживљај беше секоја победа над Металург.. На Гумерсбах тогаш гледавме како да се моменталниов ПСЖ. Сеуште не ми се верува, сеуште мислам дека не сум свесен што уствари се деси, се молевме за групна фаза во ЛШ, а сега сме шампиони во истата. Колку сум само среќен што ја имам таа привилегија и чест да сум навивач на овој клуб, какви само играчи имаме, срцево ми е полно, идоли, легенди, мудоњи. Секоја чест за момците, наклон до под !!! Викенд што ќе го памтам цел живот, дефинитивно најдобриот до сега во мојот живот, за ова се живее, сањавме за учество на некој ваков настан, сега имавме шанса да го доживееме и победиме на истиот. Вредеше секој потрошен денар, не ми треба одмор летово, не ми треба ништо друго после ова.

А се почна во четвртокот, ме носи брат ми до аеродром, таму празно, чекирам карта, се вртам позади мене и ја гледам цела екипа на Вардар. Штета не бевме во ист авион, преку Франкфурт летав. Дојде конечно саботата, рано бев со другарот искочен во Келн, еден куп навивачи на Веспрем, чат-пат по некој од другите клубови. Шетнавме малку, па се упативме накај сала, се најдовме со уште неколку момци и почна забавата. Тргна пивото, решивме да не ги гледаме Веспрем и ПСЖ, пивата се редеа, па негде на полувреме од првата утакмица се упативме накај сала. Пред сала во фан-зоната продолжи пиењето, направивме и таму мала фешта, почна да се загрева атмосферата. Заврши првото полуфинале, и кога почна да се празни салата влеговме. Повеќето наши што имаа карти за горе влегуваа во блокот за наши навивачи, имаше простор, се збутавме, не верувам дека на некого тоа му беше проблем. Штета, стварно голема штета што се ова се случува во една од најлошите години за Комити. Немаше никаква организација, картите беа доста скапи, управата на Вардар никако не излезе во пресрет да потпомогне на оние кои стварно сакаа да го бодрат клубот, ама тоа е, бидна. Мислам дека добри 70% во блокот беа гастербајтери, луѓе што живеат низ Европа, голем дел од нив постари луѓе со фамилии. Комити, или барем луѓе што имале некаква допирна точка со Комити, дали бевме 10-15, а и меѓу нив, пола од Дизелдорф и околината :D Пробувавме да покренеме атмосфера, почнувавме песни, ама па и луѓево освен „Ајде Ајде Вардаре“, „Зига Зага“ и „Тебе те сакаме“ друго не знаеа, па се форсираа тие. Гласот го оставив уште во саботата, мислам дека 70% од песните ги почнав, урлав ко ненормален :D Да ме праша некој што се дешавало на утакмицата и како идеше резултатот, стварно појма немам, знам дека беше тесно, никој не се одвојуваше и дојдоа последните 5 минути. Тука веќе згаснав, ми се тресеа раце, немам сила за навивање во такви моменти, само се молев, се држев за глава, срцево чукаше 300 на саат. Кога го даде Циндриќ голот ерупција, лудница на трибина, којзнае како тоа изгледаше од страна.. Каква само фешта се направи во ходниците од салата, пукаше од ехото, странциве само се чудеа и снимаа, забавата продолжи и пред сала во фан-зоната, со успат по некое пиво. Се расчисти полека, повеќето си отидоа, јас со другаров решивме да продолжиме со славје и заглавивме до 6 сабајле :D

Неделата сабајле, пука главата, утепани, тргнавме накај Келн малце покасно, се собравме истата група појачани со уште 3-4ца на исто место од саботата, а во тие моменти почињаше утакмицата за 3то место. Мислев нема да имам сила за уште алкохол, ама уз еуфорија и песна само си дојде и тоа. Во сала влегов негде пред крај на утакмицата за 3то место, блокот за наши навивачи полека се полнеше, пред почеток имаше луѓе дупло од тоа што собира, редарите се чудеа :icon_mrgr: Почна утакмицата, уште од почеток се виде дека Вардар ќе биде во егал, водството беше кај нас поголемиот дел од натпреварот, освен при крај на прво кога ја свртеа. Се играше доста цврсто, страшна одбрана изигравме. Тешко беше да се дигне атмосфера, кочеа и со песните што ги пуштаа на разглас после секој гол или одбрана, а и да не се повторувам за поголемиот дел од луѓето што беа дојдени за Вардар :) Кога стигнавме на +3 во второ збесна цела трибина, тука се крена и атмосфера, ама брзо се вратија и направија неизвесна завршница. Навикнав кога игра Вардар да има драма завршница, ама кога промаши Дибиров за победа срцево ќе ми експлодираше, мислев тоа е тоа, па уште кога израмнија они на 7 секунди.. Во тие моменти затишје, сите во исчекување, ако во полуфиналето срцето чукаше со 300, сега со 1300 на саат, пред инфаркт бев. И конечно дојде моментот, Чупич за победа. Во тие моменти веќе и не знаев што да правам, плачев, се смеев и урлав во исто време, лудница околу мене. Моменти што се памтат цел живот, да сонував, немаше вакво сценарио да замислам, победа во последна секунда... Се залетаа сите од први редови накај терен ама одма се наредија редари и жандермерија, па се смирија сите да не дојде до непотребни инциденти. Сите во солзи, се држат за глава, урлаат, Вардар стана европски шампион! Од сала изглеговме меѓу последните, и журката ја префрливме пред сала, се испеаа неколку песни, се испеа и химната за 30тиот роденден на Комити, каков само поклон добивме, викнавме и да знаат кои се најјаки :) Забавата продолжи и пред хотелот, први стигнаа ПСЖ со наведнати глави, ги испративме со спортски поздрав и аплауз, а кога стигнаа нашите уште еднаш ерупција, фрштеа пива, шампањи, се избањавме сите поштено, направивме по некоја слика, си честитавме. Полека се смири еуфоријата, сфативме сите во тие моменти што уствари се деси :LOL: Пак ќе повторам, штета што поголемиот дел беа гастербајтери, па сите фаќаа патот уште вечерта, да останеа повеќе ќе имаше лудо славје низ Келн, ама тоа е. Во секој случај, лудница викенд, за после тоа вечерта да видам што се дешава во Скопје, искрено во каква состојба е групата, а и општо државата, ни на крај памет не ми падна дека ќе видам толку народ низ Скопје и на плоштад, срцево уште толку ми се исполни. Иако меѓу нив голем број залутани фаци, фејк патриоти и луѓе што до вчера навивале за Металург, ама сепак не ми се збори на таа тема, знаеме каков е менатлитетот на луѓето тука.. Ама во секој случај, ни еден друг клуб нема да собере волку фанови во Македонија, тоа е факт!

Штета што ја посраа со пречекот вчера, ама тука кривица има и народот, кој клупските успеси ги поистоветува како репрезентативни. Ама нема потреба од негативна енергија, Вардар е европски шампион, и радоста никој не смее да ни ја одземе! Радувајте се момци и девојки, ова еднаш се доживува! И за крај: ова е моментот за враќање на Комити!!! Профитери, луѓе од интерес, изгубете се. Останатите, суетите на страна, љубовта кон Вардар на дело. Ова е момент што мора да се искористи! И кога веќе тргна со убави работи, следно е ФК Вардар во групна фаза, која толку многу ја сонуваме и чекаме, па којзнае, можеби и таму во некое далечно време ќе се израдуваме на титула :pivo2::pivo2::pivo2:
 
Последно уредено:
http://vtkielce.pl/pl/aktualnosci/klubowe/14095,luka_cindric_zagra_w_kielcach.html

Официјално, Циндриќ во Киелце од 2018/2019. Жално што Вардар губи таков играч, но очигледно е дека со финансиските можности на Киелце ретко кој може да се носи. Собраа се што е младо и талентирано таму (Мамиќ, Јанц, двајцата Дујшебаеви, Циндриќ, Чупара итн.). Сега веќе доби логика ангажирањето на Војводиќ :D.
 
Последно уредено:
На оваа свеченост во СЦ „Јане Сандански" ќе им се заблагодариме и на неколкумина наши досегашни членови кои заминуваат: Алекс Душебаев, Александер Деревен, Петре Ангелов и Горан Симиќ. Секогаш ќе им бидеме благодарни што беа дел од шампионскиот тим на Вардар.
 
Ејјјјј разочарување ми е ова за Лука, таман почна да игра....
 
Ako go begat cindric ke gi ebam vo dupe site, morat po sekoja cena da go zadrzhat !
 
http://vtkielce.pl/pl/aktualnosci/klubowe/14095,luka_cindric_zagra_w_kielcach.html

Официјално, Циндриќ во Киелце од 2018/2019. Жално што Вардар губи таков играч, но очигледно е дека со финансиските можности на Киелце ретко кој може да се носи. Собраа се што е младо и талентирано таму (Мамиќ, Јанц, двајцата Дујшебаеви, Циндриќ, Чупара итн.). Сега веќе доби логика ангажирањето на Војводиќ :D.
Новиот Циндриќ ќе биде он :D
 
Лелее и ја го чув ова ама по толку време слушање скандирања овие години мислев дека ми се причинува :pos:

Срамота беше и тоа со Кањелас дека научил, научил ок, негов избор, не ги прај другите што не научиле дебили.

ДАЛИ ВИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ВИ СЕ ОБРАТИ НА МАКЕДОНСКИ??? И ТОА САМО ПОСЛЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПРЕСТОЈ ВО МАКЕДОНИЈА. ТОА Е ЖЕЛБА, ТОА Е УСПЕХХХ, ТОА Е ЖОАН КАНЕЉЉАС!
со љ :D
 
Пеењето на националната химна на почетокот е океј. Тоа е тренд на многу клубови, дури и на тие кои се ко Вардар со малку домашни играчи во тимот. Дебилно беше што Лоба излезе ненајавено на сцена и почна да пее, сите се збунија.

Пуштањето/пеењето на „Излези момче“ ЕДНАШ е во ред. Сепак песната оригинерно е од Војводи и се спомнува „гоцевата раса“ а знаеме Делчев што бил и на чии бајраци и трибина се вее. Проблемот беше што овие ја оставија на рипит и ја отупеа ко Деспасито да е.

Поминувањето низ цел град кој некој го спомна е неизводлива идеја. Играчите и вака беа преморени од возењето на пеколно сонце од аеродром до плоштад. Доволна беше рутата иако беше нелогична. Поминување низ Автокоманда??? Лол. Па уште и луѓе собрани на мостот отпоздравуваат. Да помине бус на Ѕвезда низ Дорчол или бус на Челзи низ Вест Хем, нема да остане читаво стакло. Но тоа доволно говори колку тоа ривалство со Металург, за жал, пропадна. Мoжда тоа е најизводливата рута и другите се комплицирани, ама ипак изгледаше малку приглупо.

Да останеше Металург читав клуб, пола од тие шо ги кудите дека навивале за Вардар, немаше да навиваат. Затоа беа глупи на времето „желбите“ да пропадне Металург. Здраво ривалство е најдоброто нешто за развивање и на клубот и на навивачите.

Тоа што цела Македонија викендов славеше - е во ред. Сепак сме вукојебина во која вакви успеси се дешаваат еднаш на 15 години и нормална е таа слика. И Вардар сепак е најпознатиот македонски клуб, од Југославија наваму. Немаше да ја има оваа реакција кај луѓето од Екс-Ју ако ова го направеше Металург, затоа што тоа не е име кое порано било слушнато. Вардар, Работнички, Пелистер, можеби и Тетекс и Борец (и уште неколкуте што заиграле за првата југо лига) се имиња кои „одекнуваат“ у бившата држава.

Коментарите од типот: Ех на прославата 100.000 души а од тие само 100 најверни, се точни. Ама за тоа не се криви тие 100к души. За тоа се криви тие што сами решиле од „најверни“ да не го пратат веќе клубот туку да дежураат редовно на ФБ со коментари: Абе остај го ова срање, јако беше у Челенџ Куп, Раул е пичица не е Вујо.

Секоја генерација си има свој херој, оваа нашава еве фати два хероја. Вујо го знаеме, ама не дечиштата шо сеа почнале да гледаат Раул ќе им биде херој. На некого сеуште најдрага ќе му биде победата над Кил пред 15 години и Малцев ќе му биде херој, на некого (секого) ќе му биде херој Немања Прибак и неговите голови у последна секунда, ама на некого и Лука Циндриќ, иако ќе си бега педерот.

Таа поделба на правилни и неправилни фанови некад сами ја форсрираат некои беспотребно. Ја не можам да се мерам со @Colt Willcox, @Незапирливи 1903/87 итн, не сум ни од Скопје. Ама не ми е ни тоа намерата а ни многу други сигурен сум. Плус сигурен сум дека моментално повеќе „провинцијалци“ се загреани за клубот, него Скопјани. Многу самобендисанот бликна кај некои oд метрополата па им било испод част да делат сала со нескопјани...

Сетете се на атмосферата од првата сезона во ЛШ од оваа етапа, кога се играше во БТ. И тогаш 2/3 од салата беа луѓе од Тетово, Гостивар и Куманово па атмосферата беше врвна. За падот на посетеноста е крив клубот што се пресели у Аеродром, за падот на френетичноста се криви Комити со пред се нивната нередовност на трибина која доведе до нередовност на останатите, од кои многу одеа во сала пред се ради атмосферата.

Зошто паднаа Комити на тоа ниво и зошто се спукани со управата не знам и затоа не се ни мешам во тие муабети толку, да се вратам шо сакав да пишам за луѓето од клубот и управата.

Имаш once in a lifetime прилика за ова, дочек на шампиони, да направиш спектакл и имаш цели 2 дена да го спремиш тоа! Ај да дојдеа у недела дечкиве ок, ама дојдоа вчера. Бината, декорацијата тоа беше ок - ама тоа го спремиле од Телеком.

Нека организира Коце или кој и да е, нека фрлат они пари ама ти имаш бе директори, нека најдат тројца понормални луѓе, изрежи си едно ебано ЦД со песни за Вардар, напрај си сценарио, викни некој што бар еднаш бил на утакмица да го прочита истото.

Секој клуб си одбира по една „комерцијална“ песна која си ја присвојува ко неофицијална химна. Вардар дури има комерцијални песни у кои се споменува „Вардар“. Виолета Томовска е за среќа уште жива легенда. Викни ја, пушти и на плејбек бар песната, нека се крене еуфорија. Овие пуштаат Излези Момче 13 пати а Ој Вардаре требаше газдата да ја запее.

Оној Давор ти е типичен пример за партиски вработен кадар. Батето лупнал наочарите, иде ко министер, не знае шо збори а ни што работи ваљда. Ништо чудно и вечер да ја утупи прославата.

Крај краева имаш навивачка група, иако е во никаква состојба, викни еден од нив измеѓу преставувањето на играчите да крева атмосфера. Не да платиш плава кокошка која крека без врска. Реков, боље играчите да ги пуштеа сами да се највавуваат и зборат шо сакаат.

Но со оглед какви никакви потези правеа во текот на овие сезони откако се преселија во Јане Сандански, не требаше ни да се очекува повеќе, Вардар е најдобриот клуб ама и најлошоводениот клуб од ПР и маркетиншка страна, а има огромен потенцијал во придобивка на нови фанови кои ќе се идентификуваат со Вардар а не да го мешаат со успех на репрезентација.

И најбитното од се е Вардар да не ја повтори грешката на другите од минатото и ова да испадне само епизодна приказна. Сеа е најбитниот дел, да се продолжи барем во играчкиот дел со трансфери на ниво, а не да се пуштаат Циндриќ и Душебаев а на нивно место да се Војводиќ и Криштофанс, СЕХА калибар играчи. Нормално, сега веќе после освоена титула и веќе 5 години од “новата ера“ за клубот треба да се почне и со вадење таленти. Као ниакд досеа има интерес од дечишта за тренирање ракомет. Менталитетот за жал уште им е по дискотеките а не по тренинзите, ама бар 2-3 играчи би биле бар дело ротацијата во првиот тим, мора да искочат.

А засеа сепак најбитно е што ова трепка на страната на ЕХФ:

HC Vardar - 2017 EHF Champions League Winner

:kruna:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom