Ауффф.. Каков викенд! Не знам што да кажам, што да напишам, за да го доловам бар малку чувството изминативе 3 дена. Солзи ми доаѓаат со секое навраќање на помислата дека сме ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ, солзи ми доаѓаат и сега дур пишувам. Како вчера да беа утакмиците на Кале, доживљај ни беше победа над некоја си романска Решица, во некојси треторазреден европски куп, што сега не ни знаеме дека постои, доживљај беше секоја победа над Металург.. На Гумерсбах тогаш гледавме како да се моменталниов ПСЖ. Сеуште не ми се верува, сеуште мислам дека не сум свесен што уствари се деси, се молевме за групна фаза во ЛШ, а сега сме шампиони во истата. Колку сум само среќен што ја имам таа привилегија и чест да сум навивач на овој клуб, какви само играчи имаме, срцево ми е полно, идоли, легенди, мудоњи. Секоја чест за момците, наклон до под !!! Викенд што ќе го памтам цел живот, дефинитивно најдобриот до сега во мојот живот, за ова се живее, сањавме за учество на некој ваков настан, сега имавме шанса да го доживееме и победиме на истиот. Вредеше секој потрошен денар, не ми треба одмор летово, не ми треба ништо друго после ова.
А се почна во четвртокот, ме носи брат ми до аеродром, таму празно, чекирам карта, се вртам позади мене и ја гледам цела екипа на Вардар. Штета не бевме во ист авион, преку Франкфурт летав. Дојде конечно саботата, рано бев со другарот искочен во Келн, еден куп навивачи на Веспрем, чат-пат по некој од другите клубови. Шетнавме малку, па се упативме накај сала, се најдовме со уште неколку момци и почна забавата. Тргна пивото, решивме да не ги гледаме Веспрем и ПСЖ, пивата се редеа, па негде на полувреме од првата утакмица се упативме накај сала. Пред сала во фан-зоната продолжи пиењето, направивме и таму мала фешта, почна да се загрева атмосферата. Заврши првото полуфинале, и кога почна да се празни салата влеговме. Повеќето наши што имаа карти за горе влегуваа во блокот за наши навивачи, имаше простор, се збутавме, не верувам дека на некого тоа му беше проблем. Штета, стварно голема штета што се ова се случува во една од најлошите години за Комити. Немаше никаква организација, картите беа доста скапи, управата на Вардар никако не излезе во пресрет да потпомогне на оние кои стварно сакаа да го бодрат клубот, ама тоа е, бидна. Мислам дека добри 70% во блокот беа гастербајтери, луѓе што живеат низ Европа, голем дел од нив постари луѓе со фамилии. Комити, или барем луѓе што имале некаква допирна точка со Комити, дали бевме 10-15, а и меѓу нив, пола од Дизелдорф и околината

Пробувавме да покренеме атмосфера, почнувавме песни, ама па и луѓево освен „Ајде Ајде Вардаре“, „Зига Зага“ и „Тебе те сакаме“ друго не знаеа, па се форсираа тие. Гласот го оставив уште во саботата, мислам дека 70% од песните ги почнав, урлав ко ненормален

Да ме праша некој што се дешавало на утакмицата и како идеше резултатот, стварно појма немам, знам дека беше тесно, никој не се одвојуваше и дојдоа последните 5 минути. Тука веќе згаснав, ми се тресеа раце, немам сила за навивање во такви моменти, само се молев, се држев за глава, срцево чукаше 300 на саат. Кога го даде Циндриќ голот ерупција, лудница на трибина, којзнае како тоа изгледаше од страна.. Каква само фешта се направи во ходниците од салата, пукаше од ехото, странциве само се чудеа и снимаа, забавата продолжи и пред сала во фан-зоната, со успат по некое пиво. Се расчисти полека, повеќето си отидоа, јас со другаров решивме да продолжиме со славје и заглавивме до 6 сабајле
Неделата сабајле, пука главата, утепани, тргнавме накај Келн малце покасно, се собравме истата група појачани со уште 3-4ца на исто место од саботата, а во тие моменти почињаше утакмицата за 3то место. Мислев нема да имам сила за уште алкохол, ама уз еуфорија и песна само си дојде и тоа. Во сала влегов негде пред крај на утакмицата за 3то место, блокот за наши навивачи полека се полнеше, пред почеток имаше луѓе дупло од тоа што собира, редарите се чудеа

Почна утакмицата, уште од почеток се виде дека Вардар ќе биде во егал, водството беше кај нас поголемиот дел од натпреварот, освен при крај на прво кога ја свртеа. Се играше доста цврсто, страшна одбрана изигравме. Тешко беше да се дигне атмосфера, кочеа и со песните што ги пуштаа на разглас после секој гол или одбрана, а и да не се повторувам за поголемиот дел од луѓето што беа дојдени за Вардар

Кога стигнавме на +3 во второ збесна цела трибина, тука се крена и атмосфера, ама брзо се вратија и направија неизвесна завршница. Навикнав кога игра Вардар да има драма завршница, ама кога промаши Дибиров за победа срцево ќе ми експлодираше, мислев тоа е тоа, па уште кога израмнија они на 7 секунди.. Во тие моменти затишје, сите во исчекување, ако во полуфиналето срцето чукаше со 300, сега со 1300 на саат, пред инфаркт бев. И конечно дојде моментот, Чупич за победа. Во тие моменти веќе и не знаев што да правам, плачев, се смеев и урлав во исто време, лудница околу мене. Моменти што се памтат цел живот, да сонував, немаше вакво сценарио да замислам, победа во последна секунда... Се залетаа сите од први редови накај терен ама одма се наредија редари и жандермерија, па се смирија сите да не дојде до непотребни инциденти. Сите во солзи, се држат за глава, урлаат, Вардар стана европски шампион! Од сала изглеговме меѓу последните, и журката ја префрливме пред сала, се испеаа неколку песни, се испеа и химната за 30тиот роденден на Комити, каков само поклон добивме, викнавме и да знаат кои се најјаки

Забавата продолжи и пред хотелот, први стигнаа ПСЖ со наведнати глави, ги испративме со спортски поздрав и аплауз, а кога стигнаа нашите уште еднаш ерупција, фрштеа пива, шампањи, се избањавме сите поштено, направивме по некоја слика, си честитавме. Полека се смири еуфоријата, сфативме сите во тие моменти што уствари се деси

Пак ќе повторам, штета што поголемиот дел беа гастербајтери, па сите фаќаа патот уште вечерта, да останеа повеќе ќе имаше лудо славје низ Келн, ама тоа е. Во секој случај, лудница викенд, за после тоа вечерта да видам што се дешава во Скопје, искрено во каква состојба е групата, а и општо државата, ни на крај памет не ми падна дека ќе видам толку народ низ Скопје и на плоштад, срцево уште толку ми се исполни. Иако меѓу нив голем број залутани фаци, фејк патриоти и луѓе што до вчера навивале за Металург, ама сепак не ми се збори на таа тема, знаеме каков е менатлитетот на луѓето тука.. Ама во секој случај, ни еден друг клуб нема да собере волку фанови во Македонија, тоа е факт!
Штета што ја посраа со пречекот вчера, ама тука кривица има и народот, кој клупските успеси ги поистоветува како репрезентативни. Ама нема потреба од негативна енергија, Вардар е европски шампион, и радоста никој не смее да ни ја одземе! Радувајте се момци и девојки, ова еднаш се доживува! И за крај: ова е моментот за враќање на Комити!!! Профитери, луѓе од интерес, изгубете се. Останатите, суетите на страна, љубовта кон Вардар на дело. Ова е момент што мора да се искористи! И кога веќе тргна со убави работи, следно е ФК Вардар во групна фаза, која толку многу ја сонуваме и чекаме, па којзнае, можеби и таму во некое далечно време ќе се израдуваме на титула


