Фан клуб - РК Вардар

Јас преку 30 пати станував, и никој ништо не ми викаше. Ама тоа беше бидејќи цел мој блок стануваше и ко домино ефект мораа сите, па нема лутиш. Не ми сметаше станувањето, но некако ми сметаше погрешниот момент за тоа. Глупо е според мене додека трае контрата каде што ќе има 1в1 со голманот да се станува, бидејќи додека сфатам дека тие пред мене ми пречат и треба да станам го пропуштам голот :icon_lol:. Најдобро би било со седење да се проследи контратата, и при голот во радост да се стане, па тогаш може и станат со свирење да се пропрати нападот на противникот. Како и да е, натпреваров беше она totally worth it во секој поглед (y)
 
Сакав вчера нешто да пишам за утакмицава, ама заглавив и не успеав. Еве утро по утакмица, уште ме држи еуфоријава. И така отидов болен на утакмицава, останав тотално без глас по неа. Ама ако, не е проблем за тебе. :)

Ова е веќе нешто. Една од нашите најдобро изиграни утакмици. Разноврсни во напад, одлични во одбрана. Засилувањата топ, Лацковиќ и Штербик мотивирани ко да имаат 20 години, а не како да се при крај на кариера. Шишкарев одлична замена за Брумен и ако не иде на едниот, на другиот сигурно ќе му иде. Горбок ги избуши "своите". Kој мерак ми се направи човече. Карачиќ се враќа во одлична форма, оној на кој сме навикнати. Прибак малку изгубен и по исклучувањето веќе не доби многу минутажа.

Лавовиве се изгубија. Топката од раце им паѓаше. Само Петерсон некако не се исплаши од атмосферата и беше одличен. Може требаше малку Растворцев да се проба во одбраната, ама добро се затворија сите останати играчи. Мирхол дуел не можеше да добие. Ду Риц по неколку влеза во први 10 минути му се влезе агресивно и при секој пресинг топката од раце му паѓаше. Кога влезе цигото Ларсен, знаев дека тоа е тоа. Врска нема, знаев дека ќе играат како со играч помалку. Генсхајмер и Гретски комплетно отсечени. Ландин во многу поразлично издание на кое сме навикнати. Како пиленце некое, а не оној Ландин што го знаеме против Македонија на свој терен. :)

Навивањето чиста 10ка. Комити беа во доста голема бројка, ама на почеток некако полошо делуваа отколку против Чеховски. Може ради некои новини на Вардар, како пуштање на цеде на некои навивачи песни? Мислам дека смета тоа, барем според мене. Али после топ беше, а и обичната публика многу се запали. Кај мене на блок 15ка не седнавме и постојано вршевме притисок. Среќа океј дечки има позади мене и они стоеа, па нема никакви проблеми кај нас. Јас искрено ќе си земев карти за стоење, ама го носам татко ми со мене, а човекот си има проблеми со нозете па од време на време сака да седне.

Паркингот шта речи, иста ситуација ко и минатата утакмица, а најверојатно вака ќе биде и секогаш. Така да преку локалниот паркинг од лево на салата, ставање колата на тротоар и боље отколку да бидам паркиран во сала. :)

П.С. Лино, оваа е таа душа и срце за која ти зборуваш, а не ја покажуваш ни со Загреб.
 
Предност во оваа утакмица имаше Вардар, а причина за тоа е распоредот на натпревари.
Рајн-Некар во истиот ден кога Вардар играше дома со Чековски гостуваше на Везпрем, потоа во средата пак имаше натпревар со Хановер па после 3 дена пак патување и гостување во Скопје.
Тоа е вообичаено за Германците али сепак тоа се 3 натпревари за 7 дена од кои двата беа едни од најтешките гостувања. Од друга страна Вардар имаше цела недела да се спрема за овој натпревар и тоа е одлично бидејќи немаа меч од СЕХА кој би требало да го играт во средината на неделата.
Сега имаме пак исто сценарио каде што Вардар има цела недела да се спрема за Монпеље, додека Монпеље игра првенствен натпревар во четврток. Може не е кој знае каква предност тоа за Вардар но сепак не е исто да одиграш 2 или 3 натпревари за 7 дена.
Според мене утакмицата ја добивме поради одличната одбрана каде што освен Абутович ќе го издвојам Лацкович.
Лацкович игра и во напад па тогаш Вардар прави само 1 измена со тоа што Лацкович игра на позиција 4 во одбрана. Тоа е многу подобра комбинација а се виде на и овие 2 наптревари одколку да игра Тоскич на таа позиција во одбрана. Кога го одмараат Лацкович тогаш Тоскич игра во двата правци, а Горбок оди на лев бек.
Хрватот е еден од најважните играчи на Вардар па да се надеваме дека ќе биде здрав цела сезона.
За Штербик нема потреба да се трошат зборови, друго е кога се има класа голман :)
 
Каква одбрана им изигравме во второ полувреме уште неможам да се свестам :D

Им ја најде Раул добитната комбинација со Абутовиќ и Лацковиќ на 3 и 4 и Брумен на 5. Послаба одбрана игравме од кај Карачиќ затоа и Петерсон толку голови. Али ова големиот Рајн Некар десет минути само еден гол да даде, топки од рака да им паѓаат да незнаат кај тераат, пикерот и крилата отсечени беше најмоќното чувство на светот.

Прибак послаба партија изигра, али тоа е предност кога имаш длабочина на екипата и друг ќе го покрие.

Изиграа одлично момците секоја чест.
 
Тешко дека некој ќе го добие Вардар во Јане годинава, едино Веспрем ама и за нив не сум нешто многу убеден после вчерашното издание. Јане е прав вулкан, фантастична атмосфера прави публиката, а посебно Комитите. Плус мора да се додаде фактот дека Вардар има неверојатен тим сезонава, сепак не е само до публиката...

Пред да почне сезоната во ЛШ сметав дека Веспрем ќе ги победи сите по два пати освен Рајн Некар на гости. Но, откако ги изгледав двата нивни последни дуели во ЛШ, па и не сум толку сигурен дека ќе ги победат сите по два пати. Ранлив е и Веспрем, се виде вчера против Монпеље, патем има убаво објаснето Томазино во темата за ЛШ. Илиќ ги спаси со голот на 30тина секунди пред крајот за два разлика, иако рака на срце имаше чисто пробивање од него. И против РНЛ се мачеа, доста време беше егал мечот...
Умре тоа време кога неколку екипи стандард си ги тепаа останатите со убедлива разлика, сега не е така, играат и останатите екипи квалитетен ракомет, буквално не смее опуштање против ниту еден противник.

Следи тешко гостување во Монпеље, одличен тим имаат, едино слаба карика им е голманот. Лани им бранеше Омејер, сега без него друга е приказната. Мора да одиме на картата замор, бидејќи Монпеље игра првенствен меч во четврток. Тешко ќе е, ама ако Вардар успее да ги добие тогаш мислам дека ќе се бори и за првата позиција без никаков сомнеж. И никако не ја исклучувам опцијата дека Монпеље може да плесне еден од РНЛ и Веспрем во Франција.
Сега за сега 3/3 за Вардар и фантастична атмосфера и во клубот а и меѓу навивачите. Само нека продолжат вака. (y)
 
Утринското кафе си го почнав со снимката на мир и од друг агол да го видам натпреварот.
Мислев зезате за Перо уста го заболела ама навистина рече дека Вардар е печен за Ф4 :cautious: така искоментирал и лани против Флензбург и знаеме како заврши. Да му ибам педерот
Од тоа што го видов најмногу ме радува фактот што за разлика од лани техничките грешки кои ни беа болка во играта, оваа година истите се сведени на минимум, во прво полувреме забележав само 3 технички грешки, второ може 2-3 не сум сигурен што е одлично.
Што се однесува за оние кои биле "прекорувани" од тетарската публика чувајте ги нервите за натпреварите кај ЖРК, таму ќе ви требаат.
 
Не е нормален Перо, лани спиздев против Фленсбург. Таман заводе Вардар после големата негатива и овој почна: Еве го Вардар на фајнл фор, ита Вардар кон Келн. И од тој момент бродолом, пласман на Фленсбург во Келн на најболниот начин. :facepalm:

Среќа вчера не ги урочи па да изгубат, едноставно до толку беа добри што ни Перо не можеше да ги урочи. :ROFLMAO:
 
Абе да ве прашам, кај ви е подобро за навивање, онака лично, субјективно. У Борис или Јане? Ме интересира поединечно мислење па да видам генерално како ви се чини споредбата. Поздрав.
 
За мене Кале>Борис>>>>Јане...

Вчера се изјаснив околу некои работи кои можеби влијаат врз навивањето, а ги немало во Кале и Борис, а тоа се пуштање екстремно гласна музика после секој гол или прекин, досадно најавување на играчите со спикер кој не престанува да збори, пуштање на химната на Комити на звучник итн...
 
секако кале не го спомнав, но.1 е без сомнение, туку меѓу јане и борис. Мада ќе има појаки утакмици, тек почеток е сега. Ќе се уклопат некои сегменти и кај вас.
 
. Шишкарев одлична замена за Брумен и ако не иде на едниот, на другиот сигурно ќе му иде.

.

Ти текнува на ланскиот муабет дека не треба да се има две јаки крила? Eте зошто треба. :D

Инаку, ако збориме реално, салава е ниво подоле од Борис Трајковски (зборам за арената, не за подтрибинскиот простор, вецињата итн..). Голем минус е тоа што нема монтажни, би имало дупло подобра атмосфера ако има барем 5-6 реда монтажни до теренот. Вака доле гледаш ко у дупка.

Исто, позади гол ако си седнат во првите 5-6 реда НИШТО не се гледа во шестерецот пред тебе затоа што теренот е преблиску до горната трибина. Додај ја на тоа и црната мрежа, уште полоша глетка. А пази, цената за таму е иста ко за главните трибини. :)

Плус пред трибината кај Комити има еден грд испадок (соба ли е што ли е), тотален нон-сенс. Може има и на спротивната не видов бидејќи ко што пишав ништо не се гледа под тебе. Вака ем нема монтажна ем не глеаш ко шо треба.

На крај, мене ми е многу аматерско intro-то. Ако пушташ 7/8 такт пушти веќе „Ој Вардаре“, не рандом измиксано техно-оро. Или ако пушташ песна за атмосфера, пушти Seven Nation Army или такво нешто.
 
Вчера чадот ги сјеба, не им испали како што треба :pos: два пати пробаа да пуштат чад пред најавата, се направи облаче од 5 сантима и се откажаа.

ВИП делов е катастрофа жива, партер можеа да стават комотно и исто за ВИП фотељи ќе имаше место под нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom