Ти текнува на ланскиот муабет дека не треба да се има две јаки крила? Eте зошто треба.
Инаку, ако збориме реално, салава е ниво подоле од Борис Трајковски (зборам за арената, не за подтрибинскиот простор, вецињата итн..). Голем минус е тоа што нема монтажни, би имало дупло подобра атмосфера ако има барем 5-6 реда монтажни до теренот. Вака доле гледаш ко у дупка.
Исто, позади гол ако си седнат во првите 5-6 реда НИШТО не се гледа во шестерецот пред тебе затоа што теренот е преблиску до горната трибина. Додај ја на тоа и црната мрежа, уште полоша глетка. А пази, цената за таму е иста ко за главните трибини.
Плус пред трибината кај Комити има
еден грд испадок (соба ли е што ли е), тотален нон-сенс. Може има и на спротивната не видов бидејќи ко што пишав ништо не се гледа под тебе. Вака ем нема монтажна ем не глеаш ко шо треба.
На крај, мене ми е многу аматерско intro-то. Ако пушташ 7/8 такт пушти веќе „Ој Вардаре“, не рандом измиксано техно-оро. Или ако пушташ песна за атмосфера, пушти Seven Nation Army или такво нешто.