Не ни одговара што сега сменија тренер. Ќе влезеше шпанецот под голем притисок и ќе ја утнеше работата. Вака го имаат џокерот на мотивација со нов тренер.
Кажав и претходно, ние нема што да загубиме на овој натпревар, само може да добиеме. Финалето за нас во првава полусезона е во Автокоманда, но тоа е тек во февруари. После европското кое може да донесе повреди, пад или кревање на форма и да видиме сосема нови состави.
Лошо е што ко класични македонци веќе се прогласивме за шампиони (и ние, а и они не' прогласија) што се плашам дека ако загубиме во Битола, ќе донесе наплив на неосновани критики. Веќе пред очите на оние што лаат највеќе, ние сме 10 класи над другите и секој пораз е срамен. А не е така.
Ќе се плука по Чупиќ, по играчите, лесно може да тргне возот надолу, слично како што им се деси на нив по еден нерешен резултат.
А вистината е дека со пораз во Битола и Автокоманда, ако они тепаат во Охрид, ќе имаме исто бодови на крај. Што не е толку невозможно сценарио.
Тука некаде се екипите, треба само да се искористи што они веќе загубија 2 бода и имаме една утакмица гратис да ја кикснеме