Ај малце коа се смирија страстите да пишам збор-два.
Утакмицата уште од старт тргна лошо и веќе на полувреме се откажав дека ќе победиме. На крај момците се вратија од -5 негатива и дојдоа на +4, чисто се сомневам дека во историјата на ЛШ имало ваков камбек. Згора на се коа ќе видиме они дадоа само 10 гола во второ полувреме, али доволно за да слават. Играта ни беше прочитана, ама никој нема да ме убеди дека судиите не не оштетија, и тоа многу!! И на крај исклучувањето на Чипурин мислам пресудно беше. Не се задржувам за играта многу, Марче ќе си напише за тоа извештај у негов стил.
На трибина делириум беше. Рака да се кренеше удираш 3ца до тебе од што немаше кај да се стои. Врв на се беше тоа што неколку што излеговме од фудбал порано поради обврски за во сала, кога влеговме буквално имаше луѓе кај делот на Комити облечени у одела со, сакоа. Ало бре на утакмица ли беа или на свадба. Дури после сфативме што е работата кога на влез се проверуваа карти, да не речам, а ќе речам едно 50 само јас ги видов со фалц карти. Од карши некој да му ја покажев картата ќе ја приметеше, али нема везе битно да се влезе нели. Од обична публика се префрлаа кај Комити и стари лица дури им се дава до знаење ова е трибина за Комити, тие викаат ааа ако и ние сме Комити. Касно беше веќе да се ургира трибината крцаше неможеше воздух да се земе.
Навивањето мене не ми се свиѓаше, али другари што прателе од дома викаа дека било екстра. Кореографијата уште малце фалеше за да биде топ али и таа помина.
И за крај, у топ 6 сме, а тимов го играме само 1 година. Што ли ќе биде догодина... Повеќе среќа и да се надеваме на титула
