Фан клуб - РК Вардар

Кај бе сакаш резултат без одбрана, ова беше катастрофа триес и кусур парчиња да попиеш.
 
Од добиена утакмица што се вика само да се доиграше рутински Татран со само 10 минути игра си го доби мечот :facepalm:

Од одбраната ќе почнам :D
Па добро бе одбранава ни е раштиман оркестар.Што толку се форсира 5-1 одбрана и што Дибиров се лета толку напред, колку само простор прави за бековите тоа е чудо нешто.Да бираат дали да шутираат, дали да спуштат до пикер.Значи сто пати напоменав Тоскич во одбраната е :facepalm::facepalm::facepalm: колку гола само примивме поради него :place:
Од кога си отидоа Кукоски и Драгаш одбраната изгуби во висина и пред се во стабилност.

Нападот исто така денес слабо..
Петриќ колку и да играше пак ја кочи акцијата некако, исто како Карачич што правеше но барем сега Карачич шутира или асистира.Прибак изигра солидно иако на моменти имаше и он неколку грешни додавања.Што толку се чека со уфрлувањето на Столе во игра уште на сите не ни е јасно :D Мора порано да влегува и денес видовме заедно со Филипче добро функционираа.
И почесто Филип нека ги шутира пеналите неможе само Дибиров или Брумен.
А Мите Стоилов е права легенда, клучен напад да утнеш... :mad: Ееееее и после сакаме Македонски играчи во тимовите :facepalm:

Убаво им рече Кастратовиќ на еден тајмаут да не брзаат во напад неможеме да ги бркаме цело време кога тогаш ќе паднат и они физички.Тоа се случи во последните 7-8 минути ама нашиве не искористија.
И преку кур веќе со тоа не биле уиграни,нови играчи бла бла бла...
Па до кога ќе се воигруваат бе?Од кога ќе изгубиме од ПСЖ и после од Тун??

А Татран со брз центар не утепа.Каква само транзиција имаат момците секоја чест.Оној Криштопанс не утепа ебате волот ни одраз ни ништо само ја крева раката и знаеш дека е сигурен гол упм :icon_mrgr:
 
5-1 со дибиров напред е катастрофа.Ако играат веќе 5-1 мора Марковиќ кецот.Ако сака да игра Зоки 5-1 одбрана мора да играат Брумен,Душебаев,Чипурин,Растворцев и Прибак додека Дибиров одма би се мењал дека и така му е блиску позицијата до клупа.
 
реално, ова не е правата сила на тимот на вардар.
после оваа утакмица постојат 2 опции:
1.на спонзоров ваш му требаат пари од кладење, па си ја намести утакмицата, во шо не верувам, но... :unsure:
2.вардар изигра колку што можеше денес, а то би значело дека уште вечерва тренерот треба на клоца да лета.
со ваква игра, посебно против псж за 2 недели, вардар нема што да бара. мора одма да се превземат некои акции.
 
реално, ова не е правата сила на тимот на вардар.
после оваа утакмица постојат 2 опции:
1.на спонзоров ваш му требаат пари од кладење, па си ја намести утакмицата, во шо не верувам, но... :unsure:
2.вардар изигра колку што можеше денес, а то би значело дека уште вечерва тренерот треба на клоца да лета.
со ваква игра, посебно против псж за 2 недели, вардар нема што да бара. мора одма да се превземат некои акции.
Нема кладење друже, си изгубија поштено, нема збор тука.

Ве поздрави Криштофанс :icon_lol:
Еее три години кога плачам да се купи овој играч никој не ме ебава :icon_mrgr:
Терзиќ ќе го носеле :icon_mrgr:
Земи си го Криштофанс бе, и напад и одбрана ќе ти игра. Плус ослабен е, многу е поподвижен сега.
Нашиве играчи спрема нивниве беа како џуџиња човече.
Дури и Абутовиќ изгледаше како кускуле према нив, а Расторцев кој го рачунаме за карпа спрема нивниве е како првооделенец.

Не знам зошто се чекаше толку за да се внесат Абутовиќ и Мите Стоилов во игра кога се гледаше дека одбраната ни е швајцарско сирење.

Да примиш 37 гола од Татран и тоа на домашен терен е сериозна опомена.
Па сигурно не може да се очекува победа над ПСЖ од сегашна гледна точка.
Одбраната е трагедија. Сега нека си ги исчукаат тоа главите што ги дадоа Драгаш и Кукоски...
Драгаш и Абутовиќ во одбрана беа одлични, вака...
Не утепаа со проигрувања на пикер, Петро не уништи.
На спротивната страна судијата беше многу попустлив, сто фаули на Петро не ги санкционираше со две минути.

Не знам што му е на овој Кастратовиќ што ми игра со едни исти ракометари цело време. Дибиров може беше добар денес,ама греота е да не добива шанса Марковиќ на вакви мечеви. Дибиров иако дава магични голови, сепак понекогаш претерува и тргнува да гаѓа во некои невозможни ситуации. Да не зборам што за пенали е труп жив а упорно него го ставаат.
Гласни жици искинав за да се стави Марковиќ да шутира ебате :tapp:
Го отупе со Петриќ денеска. Душебаев изигра само 5 минути. Вистина е дека Алекс продаде две топки во првиот дел, ама па и Петриќ беше очај во тие моменти. Додуша се поправи после тоа, заигра подобро...
Брумен не може да оди веќе, денес беше очаен според мене. Не знам за кај ги чува Раковиќ и Јовчевски???

Тоскиќ не беше лош, ама голманов нивни не ОТКИНА. Колку зицери ни скрати по пикер...
На крајот секоја акција преку Столе ни одеше, добро ги завршуваше акциите но и он утна 2-3 ако не се лажам. И Тоскиќ утна 2-3 зицери...
Добри акции имавме по пикер, ама голманов нивни имаше одличен ден.
Лазаров имаше свои минути на крајот, само една сооло акција ја рокна во статива :place:
И одново и одново и одново утнуваме контра во крајни моменти. Ќе намалевме на 1 разклика на 40 секунди до крај.
Мите Стоилов ја здена во главата на нивниов голман. Како не го мавна појако се да му ебам :tapp:

Растворцев камен one more time...
Колку само можеа подобри договори да направат на лева бековска позиција ццц


П.с. влага Дим4е кога водевме неколку разлика. Му викам среќа Криштофанс е камен денес. И кога почна...
Од веце да ја џитнеше ќе погодеше...
САКАМ ДА ГО КУПИМЕ И ТОЧКА! :D

Камо среќа сезоната да ни биде како лани, реприза после проазот од Татран :D

Единствена светла точка денес бевме ние - Комити. Мора да си се самопофалам. На -7 грмеше цела сала. Во секој момент ечеше песна и после поразот со песна беа испратени нашите играчи.
Ова нека им биде поука за многу поважните мечеви.
Реално и со поразов и без него би требало да влеземе во фајнл 4. Добро е што сега ги треснаа од земја, да се опаметат за поважните мечеви.
 
Ем играме со прв тим ем губиме, Дибиров и Брумен ќе прегорат, а Марковиќ и Раковиќ/Јовчевски се и повеќе од солидни замени...Кој беше толку паметен да не остави без Драгаш.. :facepalm:
 
Темелков бил да ја гледа утакмицата, ете зашто сме изгубиле :icon_mrgr:

Од друга страна добро е што медиумскиот притисок полека ќе падне, а воедно и очекувањата на "експертите". А ние сме најопасни баш кога сме најпотценети :sneaky:
 
Dajnis.jpg

малеееее :pos:
 
Сериозно, не ве читав претходно. Од утре картите се пуштаат во продажба, за ПСЖ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom