Јас до некаде ги разбирам доста. Не би сакал да се распаднат и камо среќа еден ден пак да имаме два тима во ЛШ (здравје и три). Кој бил почесто во Битола, поготово од 90-тите наваму знае дека градот е статус-кво. Речиси и ништо не е променето. Многу слабо се инвестира во градот што е факт. Е сега тие немаат на пример баскет традиција. Да излезеш во маало да играш баскет - таму тоа го нема (затоа и ден денес се чудам што запнале да тераат некаква кошарка). Тие немаат ни одбојка, а фудбал нешто што имало од време на Југославија и до некаде 90-тите (последниве години висеа во втора лига). Како за втор или трет најголем град во државата, тимскиот спорт им е на доста ниско ниво и можат само со ракомет да се пофалат, што е ок. Им ги разбирам фрустрациите. Битола била значаен центар пред 100-тина години и си го има тој шарм од тој некој период како град на конзулите и слично (Скопје брзо порасна и ја претрка Битола). И тоа е и затоа имаат некаков набој и хејт према се што е од Скопје. Ама кога треба било каква работа, сакале нејќеле мора во Скопје да дојдат да си завршат работа. Многу луѓе им се иселија, а башка што РЕК ги труе секоја зима.
Верувам дека со проектот нивен сакаат нешто поголемо да направат, ама па тие што го водат клубот не знаат како. На крај тоа им е единствен спорт во кој имаат некаква традиција и тоа само во машка конкуренција (жените беа топовско месо за Кометал, па и за екипи како Гевгелија, РК Скопје, Кале Кичево, Металург, ЖРК Вардар во поново време).

А ниту тоа што дивееле ме изненадува, ниту тоа што Деки Бој дивеел и го земале на распит во станица ме изненадува (он проблеми правеше по дискотеките и кога играше за Металург).