реално, ова не е правата сила на тимот на вардар.
после оваа утакмица постојат 2 опции:
1.на спонзоров ваш му требаат пари од кладење, па си ја намести утакмицата, во шо не верувам, но...

2.вардар изигра колку што можеше денес, а то би значело дека уште вечерва тренерот треба на клоца да лета.
со ваква игра, посебно против псж за 2 недели, вардар нема што да бара. мора одма да се превземат некои акции.
Нема кладење друже, си изгубија поштено, нема збор тука.
Ве поздрави Криштофанс

Еее три години кога плачам да се купи овој играч никој не ме ебава

Терзиќ ќе го носеле

Земи си го Криштофанс бе, и напад и одбрана ќе ти игра. Плус ослабен е, многу е поподвижен сега.
Нашиве играчи спрема нивниве беа како џуџиња човече.
Дури и Абутовиќ изгледаше како кускуле према нив, а Расторцев кој го рачунаме за карпа спрема нивниве е како првооделенец.
Не знам зошто се чекаше толку за да се внесат Абутовиќ и Мите Стоилов во игра кога се гледаше дека одбраната ни е швајцарско сирење.
Да примиш 37 гола од Татран и тоа на домашен терен е сериозна опомена.
Па сигурно не може да се очекува победа над ПСЖ од сегашна гледна точка.
Одбраната е трагедија. Сега нека си ги исчукаат тоа главите што ги дадоа Драгаш и Кукоски...
Драгаш и Абутовиќ во одбрана беа одлични, вака...
Не утепаа со проигрувања на пикер, Петро не уништи.
На спротивната страна судијата беше многу попустлив, сто фаули на Петро не ги санкционираше со две минути.
Не знам што му е на овој Кастратовиќ што ми игра со едни исти ракометари цело време. Дибиров може беше добар денес,ама греота е да не добива шанса Марковиќ на вакви мечеви. Дибиров иако дава магични голови, сепак понекогаш претерува и тргнува да гаѓа во некои невозможни ситуации. Да не зборам што за пенали е труп жив а упорно него го ставаат.
Гласни жици искинав за да се стави Марковиќ да шутира ебате

Го отупе со Петриќ денеска. Душебаев изигра само 5 минути. Вистина е дека Алекс продаде две топки во првиот дел, ама па и Петриќ беше очај во тие моменти. Додуша се поправи после тоа, заигра подобро...
Брумен не може да оди веќе, денес беше очаен според мене. Не знам за кај ги чува Раковиќ и Јовчевски???
Тоскиќ не беше лош, ама голманов нивни не ОТКИНА. Колку зицери ни скрати по пикер...
На крајот секоја акција преку Столе ни одеше, добро ги завршуваше акциите но и он утна 2-3 ако не се лажам. И Тоскиќ утна 2-3 зицери...
Добри акции имавме по пикер, ама голманов нивни имаше одличен ден.
Лазаров имаше свои минути на крајот, само една сооло акција ја рокна во статива

И одново и одново и одново утнуваме контра во крајни моменти. Ќе намалевме на 1 разклика на 40 секунди до крај.
Мите Стоилов ја здена во главата на нивниов голман. Како не го мавна појако се да му ебам
Растворцев камен one more time...
Колку само можеа подобри договори да направат на лева бековска позиција ццц
П.с. влага
Дим4е кога водевме неколку разлика. Му викам среќа Криштофанс е камен денес. И кога почна...
Од веце да ја џитнеше ќе погодеше...
САКАМ ДА ГО КУПИМЕ И ТОЧКА!
Камо среќа сезоната да ни биде како лани, реприза после проазот од Татран
Единствена светла точка денес бевме ние - Комити. Мора да си се самопофалам. На -7 грмеше цела сала. Во секој момент ечеше песна и после поразот со песна беа испратени нашите играчи.
Ова нека им биде поука за многу поважните мечеви.
Реално и со поразов и без него би требало да влеземе во фајнл 4. Добро е што сега ги треснаа од земја, да се опаметат за поважните мечеви.