Фан клуб - РК Вардар

Рајн Некар загуби од Кил на пенали во супер купот на Германија, ја прокоцкаа победата во последна минута, имаа еден гол предност и напад на 30 секунди до крај, им направија пенал и Кнор го промаши, после Екберг во последна секунда им даде гол за пенали.
Вака така Гурбиндо си лапна трофеј, наместо со Благојче Трајковски да пие кафе во Аристократ ќе крева пехари со Дувњак и компанија во Бундеслига, што ти e живот, никогаш не знаеш што ти носи.:D

Шала на страна од тоа што го покажа Рајн Некар денеска за нас не дава ни малку надеж, да не бидам премногу песимистичен ама стварно не гледам начин како воопшто би го направиле двомечот барем неизвесен, за победа да не зборуваме.
Права машинерија се швабите, цела утакмица летаат во транзиција одбана-напад, ако ни наметнат нивно темпо црно ни се пишува, вечниот Патрик Грецки и после 100 години играчка кариера воопшто нема паднато во форма, денес 8/8 ако не се лажам, Јури Кнор прерасна во еден од најдобите средни бекови во светот, соработката со пикерот Колбахер им е доведена до совршенство, со поглед се разбираат, не знам како би ги сопреле, уште кога ќе ми текне дека на тие позиции во одбрана ние ги имаме Лазаревски, Мишевски и Аларов...:sramezliv:

Единствена надеж ни останува дека ќе бидат изморени од вечерва и дека ќе немаат голем мотив за играње во Европа, сепак дури и да извадиме некој позитивен резултат на првиот натпревар не гледам разлика што тие не би можеле да ја надохнадат на нивен терен.
Ептен немавме среќа со ждребот, го добивме убедливо најтешкиот противник, штета стварно, добро ќе ни дојдеше некоја Европска утакмица после пауза од една година, колку толку да играме нешто и барем малку да се полни салата, со играње во домашно првенство освен со Алкалоид и Пелистер на сите останати натпревари ќе има мизерна посетеност.
 
Не само на домашни утакмици, вчера купував карти, за блок 13 мислам беше имаше редови кај што нема купена карта (6,7ми ред). Што е тажно на 3 дена пред утакмица што е квалификација за Европа Лига си мислам дека 20-30% беа продадени карти смао. Ако се напуни барем половина топ ќе е
 
Јане Сандански во годините кога имавме тим и пол, во првите две кола од ЛШ кои се играа уште подоцна од мечов со РНЛ, дали пола сала се полнеше. Во лош момент доаѓа мечот, продолжен викенд е, плус пекол е надвор, нема да остане жив чоек у Скопје. :)

Кога на тоа ќе се додаде дека клубов не може да фати некаков континуитет и дека прошлата сезона беше најлоша во последниве 20 години, мислам дека е нереално да очекуваме големи бројки во сала. Ќе мора да се работи на тоа.
 
Прашање е каков тип на спонзорство? Ако се само сликачи за багатела тури му курот. Треба фирми кои се кадарни да даат поголеми финансиски инекции кои позитивно ќе влијаат на буџетот и ќе може да се носат поквалитетни ракометари тамо каде што треба.
 
Ако гледаш така и најголемата банка во Македонија е спонзор за ситна пара,скоро никаква за нивни стандарди.
 
Ако гледаш така и најголемата банка во Македонија е спонзор за ситна пара,скоро никаква за нивни стандарди.

Па тоа е катастрофа. Затоа и спомнав. Поентата со повеќе спонзори е да дадат сума која ќе биде ок, а не ситнеж, и коа ќе се спои да се има ок буџет. Овака Борко се слика као врши голема работа, али прашањето е колку сето тоа му помага на клубот.
 
Има ли список на противнички играчи што патуваат за утрешната утакмица?
 
Невидов до сега објава на Комити за утрешнава утакмица,ќе се појават утре?

Sent from my M2101K7BNY using Tapatalk
 
Па кај глеаш бе друже?

ВРЕМЕ Е ЗА РАКОМЕТ!

РК Вардар во сабота игра против екипата на Рајн Некар.

Не е важно кој е фаворит на хартија, важно е присуството на секој Вардарец. Полната сала нека им ги пресече нозете на противниците, а песната комитска нека биде мотив плус за нашите ракометари, да стигнат до голема победа. Нека проработи скопскиот вулкан - сите во сала!

Натпреварот започнува во 19:00ч
Собир: 18:00ч | пред нашиот влез.
Билет: 150 ден. | пред нашиот влез.

Пред главниот влез на салата, ќе се врши продажба и замена на членски карти за ФК Вардар и продажба на маички "Вардар - клуб на народот"

Цена на членска карта: 1000 ден.
Цена на маичка: 500 ден.

ИГРАЈ ВАРДАР ЗА НАС!

Ова е објавено и ос ФК ВАРДАР

На утрешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Вардар - РК Рајн Некар, ќе присуствуваат и фудбалерите на ФК Вардар, заедно со членовите на стручниот штаб. Покрај нив, на натпреварот ќе присуствуваат и фудбалерките на новоформираниот женски фудбалски клуб Вардар.

Вардаровото семејство се обединува и ги повикува сите навивачи, утре од 19:00ч во СЦ "Јане Сандански", да дојдат и да им дадат поддршка на ракометарите. Навиваме за нова победа!

Вардар, тоа сме сите ние - Вардар над се!

Се гледаме во сала!

#ЕденЖивотЕднаЉубов
 
Гледам го средиле сајтов сосема солидно, барем вака од мое недизајнерско око, редно беше.

За денес немам големи очекувања, дури и да успееме да извадиме некој позитивен резултат за нас (пораз од гол-два) мислам дека ќе не здробат на реваншот. Они не се истиот тим што беа пред неколку години, ама сепак имаат неколку сериозни играчи со сериозно искуство како: Апелгрен, Генсхајмер (мислам дека нема да настапи, би требало сеуште да е повреден), Грецки, Колбахер, Јагањац, Киркелоке и уште некој. Не мислам дека сме толку неквалитетни колку што сме неискусни за вакви мечеви и секако неуиграни.

Во секој случај мислам дека добро ќе му дојде на тимот еден ваков меч и противник од овој калибар кога ќе се земе во предвид што не чека во текот на сезонава. Се надевам дека нема да се повреди никој.

За мене оваа сезона треба да се направат напори да се стабилизира клубот примарно финансиски и организациски. Да се види што од она што го имаме како фонд на играчи сезонава може да продолжиме да го користиме, а доколку средствата и условите на пазарот дозволуваат, на крајот на истата да се покриеме таму каде што квалитативно ќе бидеме слаби. Во исто време мора да размислуваме и за домашни играчи заради ограничувањата за странци. Второ место и пласман во европската лига за мене би било одлично, со оглед на тоа што прошлата завршивме трети, а не сум човек кој сака да скока чекори.

Но, ние сме Вардар, сме биле во подредени ситуации сто пати па пак сме успевале да изненадиме, зошто да не го направиме тоа и сезонава!? Секоја шанса што ќе ни се пружи треба да ја искористиме!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom