Фан клуб - РК Вардар

Штета што не ја погодивме на десен бек, очајно ни фали опасен бек на таа позиција. Јагуриновски е добар за замена, ама не и за да биде прва постава.
Добар е за замена, за домашно првенство само, и тоа за противници што не се Пелистер и Алкалоид, и за нив е дискутабилно дали е добар ко играч за ротација, многу дискутабилно.

Со барем еден (многу) подобар десен бек од Јагуриновски и секако, бољи тренер, Вардар може да се надева за многу поише од очекуваниот декор сезонава и евентуално куп у Македонија. Не се лоши ако се земе све во предвид, ама озонска дупка имаат у напад зашто се тотално безопасни десно, а и до кога со Недановски не ми е јасно, освен за кертејкер у веќе усрана сезона у никој случај не е за главен тренер макар и амбициите ти биле сведени на минимум. Асистент ок еве, ама главен тренер? У никој случај, со сета должна почит кон него, едноставно нема капацитет за тоа.

Исто и голман прв, никад не би се ослонил на Томовски ама ова е последна ствар за која треба да се размислува за да се менува нешто.

За денес очекувано, ако сакаш нешто повеќе за вакви мечеви, каде на хартија си многу послаб, единствен фактор кој нешто може да смени и изнуди е тренерот, изненаде бев што у прво се држеа и да беа малце поприсебни, и ќе водеа на полувреме. Можеше да се изгуби денес попристојно ама тоа е што е секако овој двомеч беше однапред решен, добро е за играчите што искусија ваков тим за противник, лошо е што нема тренер што би можел да го извади цел максимум од играчкиот кадар.
 
Лазаревски, Јасухира и Срдановиќ најдобри денес.
Срдановиќ можда не е некој ултра квалитет ама пак е енергичен играч со самодоверба, мислам дека е доста достојна замена за Манасков.
Лазарeвски изгоре 60 минути сам ги изигра (јбг немаше со кој да ротира) зато и на крај промаше неколку топки.
Фали уште еден среден бек квалитетен за во ротација.
На десен бек сме најслаби.
Исто ни фали втор голман.
Ова за да сме конкурентни во европски натпреварувања.
Во секој случај има потенцијал тимов уште повеќе да напредува.
Јапончето по секоја цена да го врзат (доколку е можно) на неколку години.
 
Голман имаме само еден со ОК квалитет , десен бек немаме ниеден, среден бек само еден квалитетен, замена никаква , лев бек сме ОК, пикер и крила сме исто ОК, дали ќе имаме среќа да направиме нешто у домашно првенство ќе видиме….. Зашо трошиме пари за просечен играч на десен бек па поарно да не купуваме и да заштедиме пари наместо да трупаме шкрт роба..
 
До некаде тоа што го очекувавме тоа и се случи, прво полувреме и јас се изненадив и дури добив некоја надеж дека може нешто да направиме, во второ ставија Германциве во втора брзина и за нас почна потопот, сепак тоа е вистинскиот приказ за разликата во квалитет помеѓу двете екипи.

Косуке и Николиќ се нашата надеж за цела сезона, во нив ќе се крстиме.
Двајцата во постава изгледаат сосема солидно и добро се разбираат, штета што немаме некој добар шутер на десен бек, тоа би било перфектна бековска линија за наши услови.
Вака со Јагуриновски се кочи играта и нема кој да распали од 9 метри, на Томи сите знаеме дека толку му е капацитетот, може е борбен и има желба ама квалитетот е тој.
Шпанецот се плашам дека ќе испадне послаб и од Томи.
На лево крило со Срдановиќ сме добро покриени, се гледа дека е добар играч и ќе може да ја истера цела сезона сам на таа позиција.
Лазаревски изигра добра партија ама никако не може да биде пикер за 60 минути, да го донесевме Врањеш многу по друго ќе беше, вака ќе цркне Мечка сам цела сезона.
Томовски си е добар, Петриќ може како ротациски играч да се користи во моменти кога ќе ни треба шут од далечина или да го одмори Николиќ.
Карапалевски и Мишевски во тие 2-3 напади што добија шанса кажаа доволно за себе, нема потреба повеќе да се трошат зборови за нив, имаат среќа што е таква ситуацијата во Вардар па затоа се уште дел од клубот, очигледно на нив не може да се потпреме ни со Пролет кога ќе играме, а не со екипа од рангот на Рајн Некар.

Ни останува сега уште една екскурзија до Германија и после ќе се посветиме на домашно првенство.
Добро ќе ни дојдат овие 2 натпревари барем да видиме како стоиме со квалитет на играчи и до некаде да знаеме што да очекуваме од сезоната.
Капацитетот е тој, финасиите се толку, добро е барем што не се случи некое по црно сценарио и уште постоиме, ни останува да ги бодриме и во вакви услови.
 
До некаде тоа што го очекувавме тоа и се случи, прво полувреме и јас се изненадив и дури добив некоја надеж дека може нешто да направиме, во второ ставија Германциве во втора брзина и за нас почна потопот, сепак тоа е вистинскиот приказ за разликата во квалитет помеѓу двете екипи.
Јас мислам и во прво полувреме играа во прва брзина, додека во второ повеќе ние изгубивме гориво, отколку што тие сменале од втора во прва брзина.
Едноставно резултат на слаба ротација на клучни позиции, некој играчи мораа по 60 мин да играат и изгубија здив веќе во 35та минута, по 3-4 играчи се враќаа во одбрана за време на нивните контри/полуконтри.
 
Десен бек квалитетен и уште еден голман за ротација и ќе биде интересно првенство… Томовски немаше ден, ако прво коло со шурите играме како денес во прво полувреме, и те како имаме шанси…
 
Мене голманите не ми се допаѓаат. Реално лани, голманите ни беа прилично слаби. Николиќ и Срдановиќ ми се гледаат како солидни од новиве. За Јапонецов не сум уште сигурен, али дека е подобар од Карапалевски, тоа сигурно. Шпанецон делува тотално вон форма. Петриќ ми е сомнителен, ми делува како да му фали нешто самодоверба на моменти.
 
За Јапонецов не сум уште сигурен
Озбилен си?
Па денес изгледа си гледал некоја друга утакмица, исто и со Алкалоид не си ја гледал… Дечкото има страшен преглед на теренот и одлична визија, какви асистенции до Мечка имаше денес, играта со него на терен и со Мише и Карапале не се споредува, а тек допрва се вклопува, ќе биде уште подобар.
 
Јапонецот е мислам најдобро засилување во последните две сезони, и би било добро уште веднаш да го откупат од Висла. Секоја чест за соработката со Лазаревски денес, браво!
 
Озбилен си?
Па денес изгледа си гледал некоја друга утакмица, исто и со Алкалоид не си ја гледал… Дечкото има страшен преглед на теренот и одлична визија, какви асистенции до Мечка имаше денес, играта со него на терен и со Мише и Карапале не се споредува, а тек допрва се вклопува, ќе биде уште подобар.
Не реков дека е лош. Денес даде 3 гола, ама и три пати промаши. Не викам дека немаше добри асистенции, ама имаше и доста лоши. Да бидеме реални.

А, денес јасно беше дека ќе не сомелат швабиве. Тие муабети - изгубивме глави, направивме грешки - се одлепија. Тоа се глупости. Кога тогаш ќе дојдеше момент кога овие ќе нагазеа на гас, и немаше да може да ги следиме. Ќе изиграат 10-15 мин супер озбилно. Ќе се одлепат, и тоа е тоа. Стално е така кога има разлика меѓу екипи во квалитет. Како пред недела кога Битолчанине играа со Монпелје, водеа прво, и после овие за 15 мин им направија серија 11-3, и им покажаа кој е кој.

Јас уште не сум продаден дека е полн погодок ово Јасухира. Ги гледав сите подготвителни натпревари, кои не се репер ептен. Пак ќе кажам, не викам дека е лош, само не сум убеден толку дека е топ како што го прават луѓе. Мислам дека е Јапонец, тоа им го прави посимпатичен на сите.

Дечкото е брз, пробивен, и има осет за додавање. Не се споредува со Карапалевски, кој воопшто не е пробивен, ама тоа не е достигнување, ја лани барав да го пуштат Мартин да си оди од клубот, зошто според мене нема потенцијал да се подобри.

За Јапонецов, мора да се има предвид дека се работи за човек кој нема 70кг, и е висок метро седумдест два. Не викам дека тоа е одлучно, не е, ама треба да си прилично талент да функционираш на високо, па и на средно ниво со тие предизпозиции. Овој поминал во Ним и во Висла и не импресионирал во двата клуба до степен да направат напор да го задржат. Во Ним дошол ради повреда на 6 месеци договор да пополни дупка во ростер по желба на претседателот кој го гледал на младинско првенство, а кога потпиша за Вардар, му ја гледав статистиката во Висла, поголема минутажа во домашно првенство добивал само во некои небитни натпревари. Во ЛШ, во некои не ни влегол. Океј тоа е врвот, па е донекаде и разбирливо. Сепак, има 23 години, а Борко рече дека во договорот за позајмица, од Висла дале можност да му го откупиме. Што ти кажува дека не сметаат тие многу на него. А го гледале на тренинг, на натпревари цела година. Ја базираат таа проценка на нешто.

Сепак, не значи дека ако не е доволно добар за нив, дека нема да биде за нас. Ама, уште е рано според мене да се расфрламе со изјави дека некој е полн погодок кога уште е почнато сериозно натпреварување. Ќе видиме работи како ќе се развиваат. Јас секогаш сум скептичен по природа за млади недокажани играчи. Ќе видиме. Дај боже да е топ.
 
Ама треба да земеш во предвид и со кој треба да игра Јапонецот. Нема соиграчи бе друже, момакот коа и да почне акција му ја успоруваат. Посебно Јагуриновски, па и Петриќ. Он својата работа си ја извршува маестрално за сега. Посебно добро функционира со Николиќ и Лазаревски кои се кадарни да го пратат. Тоа што промашил нешто не е мерило. Пола напади ни беа до пасивен.Камо останатите засилувања да ни беа на негово ниво, може и ќе размислувавме за титула. Ја сум презадоволен за сега од него, а мислам дека ќе биде и уште подобар.
 
Сине не мислеше валјда Стеинс го ангажиравте туку Јапонец рандом кој бар од она јас што го гледав Струга па и денес малце ради обврски дечкото е сосема ок за она со што располагате од буџет е ебени Моцарт. Ако најдам линк ќе ја изгледам баш оваа утакмица ме интересираат некои детали до кај е нивото на Вардар сезонава амбициите валјда се тука ама дали се има квалитет а и Пелистер и Алкалоид од шо видов се лук и вода.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom