Зизу воопшто не бил задоволен од Марсело во дефанзива. Што е и сосема оправдано, сите шанси и контри одеа од таа страна, Салах да беше малку поквалитетен играч ќе ни чукнеше бар 2 гола. Ќе го пуштел понапред.
Само проблемот е кој би играл таму, пошто паметниве од управа го пуштија Коентрао и ништо не купија. Начо дефанзивно е океј, ама во напад многу губиме, а Данило тенџерето не доаѓа во предвид.
Не знам па што толку му се запнаа на Коентрао, секоја сезона да го бркаат кoга си беше солиден како за замена, а во многу ситуации беше и подобар избор од Марсело.
Уствари ништо неочекувано од нив, златен Ди Марија го пуштија кој совршено се надополнуваше со Марсело по левата страна.