Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Toa со Зидан е НАЈСУПЕР!
и мислам дека повеќето клучни одлуќи ќе ги има Зизу во тимот...
ај за 1-2 години и главен тренер :drk::drk:
 
tumblr_moyagdlqD21rhwcm8o2_250.gif


Каков аматер е овој Албиoл... како ли игра во Реал јас се чудам :cautious:
 
„Модриќ е одличен играч. Не можете да го споредите со Пирло затоа што Модриќ игра на повеќе позиции во тимот. Среќен сум што имам играч како него во екипата.“
у превод-Модриќ го сакав и у ПСЖ ама ме заеба Реал,сега душа ќе му вадам на терен од играње :D
„Составот е одличен. Во наредните денови ќе зборувам со луѓето од клубот за да одлучиме дали ќе има новости. Не знам дали Иско ќе биде нов играч на Реал и дали Кака ќе си замине.“
у превод-Можда Иско да дојде,ама Кака не си оди,милениче ми е :D
 
Не знам дали Иско ќе биде нов играч на Реал и дали Кака ќе си замине.“
у превод-Можда Иско да дојде,ама Кака не си оди,милениче ми е :D
Иско е желба на Зидан и мислам дека 99% ќе дојде во Реал.
 
Ај да прашам некој што има подобра меморија, кој тренер ја воведе сегашнава 4-5-1 формација со еден истурен напаѓач? Пелегрини? If so, има шанси Карло да ја смени формацијата целосно нели? Пошто сите нагаѓања за тимот и кои играчи ќе играат се базираат на сегашната 4-5-1, како да мора таа.
 
4-5-1? Повеќе е 4-2-3-1... со овие играчи таа формација најдобро прилега. Со Пелегрини игравме со едно крило и двете телиња играа често заедно... Бензгуин Игунзема :pos:

 
Гледајќи го Анчелоти у другите тимови, посебно последнава година у ПСЖ мислам дека не сака многу "копачи" во тимот у стилот на Кедира. Модриќ место него, Озил на крило и Кака како офанзивен за врска би била средината. Нормално и Роналдо лево :D
 
Ај да прашам некој што има подобра меморија, кој тренер ја воведе сегашнава 4-5-1 формација со еден истурен напаѓач? Пелегрини? If so, има шанси Карло да ја смени формацијата целосно нели? Пошто сите нагаѓања за тимот и кои играчи ќе играат се базираат на сегашната 4-5-1, како да мора таа.

Пелегрини најмногу го нејќев и заради ова, немањето муда да си скрои своја формација и потпаѓањето на притисокот од „погоре“ кој да игра а кој не.

Најрпво, мораше да играат Роналдо и Кака (што беше сосема нормално, нови World Class засилувања), секој би ги играл, па игравме нешто како:

Ласс - Алонсо
Кака - Роналдо
Игуаин - Раул

па ај после мораше Гути да игра, па Гути го пикна место Кака (кога овој се повреди). Па после Гранеро мораше да игра, па и него го вметна ко крило (еееј Гранеро спор ко желка = крило!), па Гути играше крило, па со Игуаин и Бензема заедно = каша попара.

Не паметам со него да имавме една концепција во играта и да задржавме иста формација повеќе натпревари по ред. Едноставно човекот (можеби и не можеше да го искаже максимумот тука затоа што му се мешаа во работата) не остави никаков белег, ништо по што би се воделе идните тренери.

Мурињо веднаш почна да форсира 4-5-1.4-2-3-1 и од таа не одстапи, затоа што делумно и заради него таквата формација постана најчестата која се игра денеска потиснувајќи ја „легендарната“ 4-4-2.

Анчелоти бар колку што го пратев, во ПСЖ фосрираше 4-3-3 или 4-4-2 (дијамант). Вторава во Примера е погубна според мене. Тимот е составен за 4-5-1/4-3-3 и мислам дека не треба да менува многу у тој поглед...

п.с.

946519_10152006357067306_598744483_n.jpg


:pos:

Каков лик еј, делуваше ко изгубен и незаинтересиран, ќе има смеење со Карлито мислам. :D
 
Здраво дечки! Прв пат го посетувам вашиот фан клуб, а единствената причина за тоа е да го поздравам најдобриот потег на Реал Мадрид во последната декада. Карло Анчелоти е тренер кој му одговара на вашиот тим 100%. Човекот има големо фудбалско познавање, тактички е способен, знае како да игра со ѕвезди во тимот и што е најважно има доста смирен карактер. Мислам дека нема да се повторуваат ситуации како кога Мурињо беше тренер, пред се против Барса оние тепачки, валкани ситуации, полемики за судиските одлуки и слично. Анчелоти ќе воведе мир во соблекувалната, нешто што искрено фали многу во Реал. Играчите исто така мислам дека ќе го почитуваат многу, пред се поради неговата кариера и нема тој да дозволи никакви ситуации на караници, дискусии и слични работи кои ја нарушуваат хемијата во тимот. Такви ситуации во Реал ги имаше многу досега. На крај, Анчелоти одсекогаш покажал дека знае како да игра во компетиција со елиминациона фаза. Или поточно, тој знае како да игра во ЛШ. Мислам дека ако на еден тим му треба пред се ЛШ, идеален тренер е Анчелоти. Дури и јас не знам како, но човекот има пронајдено некаков начин како да им пристапува на натпреварите во ЛШ, како да го постави да игра тимот таму и како пред се да се дојде до резултат. Едноставно не може да се занемарат неговите резултати со Милан во ЛШ од 2003-2007.

Во националните првенства често знаеше да направи и некоја грешка со Милан, некогаш едноставно пристапувајќи му на натпреварот премногу конзервативно и дефанзивно, но се поправи во последните сезони. Јас очекувам Реал наредната сезона под негово водство да игра пред се похрабро и поостро, но во ист момент почисто. Тимовите на Анчелоти играат цврст фудбал, а ретко груб.

Така да ако некој може да ви ја донесе La Decima, тоа е Карло Анчелоти. Поздрав (y)
 
Ај да прашам некој што има подобра меморија, кој тренер ја воведе сегашнава 4-5-1 формација со еден истурен напаѓач? Пелегрини? If so, има шанси Карло да ја смени формацијата целосно нели? Пошто сите нагаѓања за тимот и кои играчи ќе играат се базираат на сегашната 4-5-1, како да мора таа.

hhhh.png
 
Сите оние што мислат дека Кака ќе е стартер се лажат. Ќе си остане на неговата позиција на клупата, тоа секако доколку Анчелоти има две чисти во главата. Иако изгледа дебилно сметам дека ќе е доволно паметен да го остави Кака на клупа, а и Озил да не игра на крило. Доколку Кака стане стартер а Озил на крило тогаш ќе му ебам се по список и ќе го пцујам секоја ебена утакмица без разлика дали победуваме.

Иско е доста паметен трансфер за ротација помеѓу Озил и Ди Марија. Ако не друго барем сите од овие тројца ќе играат подобро бидејќи ќе се натпреваруваат за 2 места. Исто така тука е и Хесе кој може да влезе во ротација, али незнам каков ќе биде Анчелоти со младите.

Формацијата би требало да биде истата, 4-2-3-1 или 4-3-3 со тоа што Озил ќе игра малце поназад. Очекувани стартери според мене во средината ќе бидат Озил, Модриќ и Кедира. Исто така тука квалитетен ДМФ би завршил доста работа во ротацијата и за острина на играчите. Може да се земе и млад играч да собира искуство додека игра Чаби овие 2 сезони па после може да го замени за стално.

Од првата сезона немам очекувања од него. Не верувам дека ќе ја освои Ла Лига ни ЛШ евентуално Купот на кралот, така да нека си го искористи кредитот паметно. Само се надевам дека ќе го задржи моментумот со доминацијата над Барса.
 
Rea.JPG
2013/2014 Касиљас,Марсело,Рамос,Варан,Карвахал,Модрич,Кедира,Роналдо,Кака,Озил,Иско,Бејл,Мората,Бензема
Фифа кажа дека од в година по 14 можа да игра :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom