Нема да прави веќе глупости т.е. ќе си продолжи со старото, ќе си биде капитен, ќе си трае на голот, ќе се дружи со другарчињата од Барса и се ќе биде идеала.
Се надевам само дека е кадарен Карло да ја погоди најдобрата варијанта на игра на Реал за да освојуваме титули инаку џабе ако чека на овие.
Па вика дека поддршката од колегите од репрезентацијата му значела многу.
Инаку ја сум на став дека ова со Зидан како асистент е уште почуден избор од самиот Анчелоти. Фактички вака Зидан се враќа од коњ на магаре. Од функција каде што би имал огромни овластувања во составање на тимот, се симнува на помошник на тренерот, функција која најмногу се осврнува на тактиката, каде што не верувам дека Зизу има големи познавања.
Но од друга страна пак, Зидан имаше нешто слична функција и кај Мурињо, кога беше „директор на првиот тим (?)“. Еден новинар имаше пишано за анегдота која му ја кажал Мурињо за гостувањата во Памплона, дека Жозе во првата негова сезона од медиумите и играчите слушал како гостувањата таму се тешки и затоа Жозе стартувал со двајца копачи (ваљда Ласс и Кедира тогаш) и утакмицата завршила 0-0, бодови кои после влијаеа оти завршивме втори.
Следната сезона зборувајќи со Зидан добил сосема поинаква слика за таму, и излегол со сосема различна (напаѓачка) формација и победил. Зборот ми е, Зидан може најмногу да пренесе искуство врз другите моментално, ваљда тоа го правеше и кога имаше функција кај Мурињо.
Втора работа од која ми е страв во ситуацијава, е потенцијаното мешање на Зидан, директно во работата на Карло. Лично и јас сакав Зидан да биде инволвиран на клупата, желбата ми беше заедно со Лаудруп да бидат тандем, но еве сеа кога официјално е асистент, некако ми е несигурна таа работа...