Не ни треба предавник во тимот си отиде во Челзи си ја упропасти кариерата, а во Милан беше газда. Берлускони му е кум на неговото дете и он си отиде.
Види вака:
Предавници се Инзаги, Анри, Шевченко, Тевез, Робен, Рибери, Лука Тони, Клосе итн...
И сега што треба да се прави. Ако игра Милан со Челзи во ЛШ што треба да му се направи на Шевченко? Ајде жив да го запалиме.
+
НЕСТА НЕМА НАМЕРА ДА СИ ЗАМИНЕ ОД САН СИРО
Во Милан до крајот на кариерата
Алесандро Неста изјави за италијанските медиуми дека не ни размислува за заминување од Милан. Напротив, екс-капитенот на Лацио планира да остане на Сан Сиро до крајот на својата богата кариера.
"Имав неколку понуди од клубови од Англија, но решив да останам во Милан. Никогаш не зажалив бидејќи навистина сум вљубен во овој клуб и не сакам да си заминам оттука. Моја желба е да останам на Сан Сиро до крајот на кариерата и ќе сторам се за тоа да ми се исполни. Дури откако ќе се пензионирам, ќе се вратам во Рим", истакна Неста, кој е столб на одбраната на "росонерите" во последните пет сезони.
Италијанскиот дефанзивец не жали ниту за ланската одлука да стави крај на својата репрезентативна кариера.
"Дојдов до дел од кариерата кога веќе не можев да се концентрирам на две работи. Го избрав Милан, и со овој тим станав европски шампион. Мислам дека ја донесов вистинската одлука", прокоментира Неста.