Уфф многу сте испушувале бе, 50 страни, се изначитав (ретко убави постови, почесто глупости)

... Ајде вака да почнам, во овој подготвителен период додека бев на одмор изгледав колку што можев, колку што бев во можност, против МЛС Старс, Барселона и овие опрошталните мечеви на Сколси и ВДС, во 10-12 дена измешани чувства, радости за победите во пријателските, тага за опростувањето од фудбалот на две легенди и разочарување од мојот Партизан, јебига, Фудбал

...
Гледам тука сте пишувале за Снајдер и за Вучко имате некаде 3-4 страни (мада веќе си отиде во Јуве, сепак изнесов мое мислње за него)... Бев за доаѓање на Снајдер, но после денешниот натпревар ептен се подзамислив, што дури мислам и дека нема да биде добра идејата, кој играч го имаме во Клеверли не сме сите уште свесни... Одличен подготвителен период, добри натпревари, одлични резултати, хуманитарни мечеви, опроштални натпревари како што доликува за големи фудбалери... Ги испративме Сколси и ВДС во мирување, и ќе ми треба некое време да се привикнам на нивното отсуство, посебно за ВДС, бидејќи голман е еден

... Прееска кога му вратија еден пас на Де Геа, за момент помислив дека топката е во нозете на ВДС... Таков е фудбалот, секогаш на убавите нешта им доаѓа крајот, Легенди заминуваат, други надежи доаѓаат...
Бидејќи, скоро секоја година ние ја отвараме сезоната со Супер Куп

, веќе ми стана како навика и секогаш уживам во ваквите натпревари, желен за фудбал, желен да си го гледам мојот тим како се бори за трофеј во официјален натпревар по пауза од некаде 2 месеци

... Денес баш и тоа ми се оствари, гледав прекрасен фудбал, со доста голови и прекрасна игра на Манчестер Јунајтед... Без разлика на резултатот на полувремето, јас бев задоволен од играта... Имав некое претчуство дека доколку постигнеме брз гол дека ќе го завртиме резултатот

... Клеверли ме изненади најпријатно, како и Нанињо

... Легенда си замина (Сколс), ама која надеж ја имаме во Клеверли, секоја чест за детето, импресионирам сум од него, дај Боже да продолжи уште подобро во целата кариера...Мислам дека Ферги ептен им се налути на Рио и Видиќ поради нивната ноншалантност и незаинтересираност денеска и затоа ги извади на полувреме и ги фрли во оган младите

... Велбек така малку одвојуваше негативно од другите, беше како исфрлен од колосек и мислам дека Берба требаше да настапи

... Головите прекрасни, посебно вториот, Гоше на Пес неможе да изведе ваква акција

... Гледам тука сите се нафрливте на Де Геа. Првиот гол тргна и подзастана, но Рио беше надскокан од Лескот, додека вториот гол, требаше да не му се дозволи на Џеко да шутира, а и топката имаше незгоден пад... Не го окривувам Де Геа ни најмалку, прв официјален натпревар во голем клуб, на 20 години, на легендарниот Вембли, против градски ривал, пред 80 илјади публика, меч за трофеј... Не е лесно... Највеќе ми е мило за него, бидејќи после третиот гол, кога го дадоа во кадар, ептен силно издиша и го исфрли товарот од плеките, му олесна

...
Тоа би било од прилика се, наредната недела почнува првенството (Недела од 17:00 часот на Спорт Клуб на гости кај ВБА), кое очекувам да биде највозбудливо до сега, најнеизвесно и секако на крајот ние да испаднеме победници

...
Glory