Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Џену Силва ведеше не Милнер, иначе не знам зашо си била против Јанг ама доста наивно мислење ти било.
Друго лошо си мислела дека ќе изгубиме. :)

Пер, што знам, мислев дека ќе ги држат Бебе и Обертан, си мислев џабе трошење пари ама сеа се каам стварно :) А ова што мислев дека ќе изгубиме, епа пролетва во ФА кога игравме тие играа копачки и им ја земаа топката од нозе на нашиве, башка Керик се плаши кога го притискаат :) Ама видов дека со подавања средија работа и цело време трчаа по топката :)
Не знам зошто цело врмее мислев Милнер дека беше.... сеедно, гомна се кој и да е :icon_lol:
 
ама Мајкл Џексон ме разубеди. Значи Џеват кога сака да игра може многу, не само цепaчење. И нека ми каже некој само дека не е класа :)
Цела утакмица го зборевме Џексон во друштво, иста фризура иста боја исти движења :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:


Само за Џену Грл !!!
 

Само за Џену Грл !!!

Море, Dirty Diana беше денес, не Били Џин :)))) Цар ми е мене Нани бе, лани само јас го бранев кога киксна против Ливерпул, другиве го испратија на трансфер листа :)
 
Ја знате традицијата кој освои Комјунити Шилт освојува и Премиер Лига :)
 
Честито титула Манчестеровци..Не знаете каков мерак ми напраивте што им го збрцнавте у 93 :pos:
 

Ќе си земам за слобода да го изанализирам мечот против Сити,бидејќи некој во овој наш фан клуб ми рече дека немам доволно фудбалско познавање но тој најверојатно не е фан на Јунајтед.
Стартен состав кој го очекував оние кои имаат најдобар фитнес во моментов освен Керик кој требаше да биде оној кој ќе обезбеди сигурна игра во средината со повеќе помош за одбраната.Но не му одеше на Ферги се по планот.Играта беше контролирана, Фердинанд некако ме изненади со слабиот фитнес,но нормално е тоа за човек кој го мачат доста повреди а згора на се и годините му се се повеке премногу блиску беше до Де Геа.Во нападот го немаше никаде оној фудбалер кој фалеше(Керик),тој стоеше премногу повлечено тоа беше причината заради која не постигнавме гол првиот дел.Головите на Сити после прекин и одличен шут,можеби доколку Де Геа немаше толку трема ќе ги спречеше и двата гола,но добро е сеуште е дете и има простор за напредок до бр.1 во свет.
Втор дел,измени кои и јас да бев тренер токму тие би ги направил.Можеби Ферги дури тогаш помислил да жртвува трофеј заради воигрување и калење на млади фудбалери на ваков меч.
Тоа што фалеше го добивме на терен,млади гладни за успех и докажување,кои во тие моменти за победа би убиле човек,Клеверли отиде поофанзивно,Андерсон превзема лидерска позиција во средината се преку него.Нани и Јанг се будат,Руни и Велбек ја развлекуваат одбраната на Сити,бековите влечат по страна,стоперите повисоко поставени побрзи,со поеќе храброст самите да ја изнесуваат топката во противничката половина И ТОА БЕШЕ ФОРМУЛАТА ЗА УСПЕХОТ.
Смолинг одличен влез и намалува.ЦУНАМИТО наречено Јунајтед зема се поголем замав.Нани полека го руши крајбрежјето.Потоа привидно стишување,за на крај целиот брег да биде потопен во последен момент.Тоа беше играта на Јунајтед!!!
УФФФ колку сум горд на цел Јунајтед,само вака да продолжат,ако треба и срцето ќе го дадам на Ферги и дружината ако е потребно само религијата да продолжи вака!!
ГОРД СУМ НА ВАС МОМЦИ!!!!!!!!!
GLORY!!!!!!!MANCHESTER UNITED!!!
 
^ Брат не се нервирај толку на туѓи провокации инаку не сме свесни какви таленти имаме Фарселона може да ни носи вода а во тоа ке се убедите во иднината.
 
3j7968y


:)
Импресиониран сум од Андерсон и Смалинг денеска. Како само одигра Андерсон второ полувреме, на моменти и атракции правеше. Смалинг 2-3 пати ја загуби топката, но имајќи предвид дека ова е еден од ретките натпревари на кои игра десно, сосема задоволително. Џонс и Еванс изиграа перфектно во одбрана и тоа е она што ни дава предност пред другите, дури и да ги нема Рио и Вида(кои рака на срце направија грешки денес) имаме адекватни замени. Клеверли исто откако влезе ја размрда играта и заслужува поголема минутажа годинава. Де Геа можеби можеше подобро да интервенира при вториот гол, но сепак прв натпревар беше, а и солиден беше во второ.Велбек и Руни солидни, Jaнг по асистенцијата се разбуди, исто и Евра, да се надеваме ќе ја врати формата од пред 2 сезони. Тоа е тоа, одлична увертира пред почетокот на новата сезона и да не се купи никој сум задоволен и верувам во овој тим, но и да се купи нема штета од вишок нели ? :)
 
^ Брат не се нервирај толку на туѓи провокации инаку не сме свесни какви таленти имаме Фарселона може да ни носи вода а во тоа ке се убедите во иднината.

Е сеа и тие си имаат таленти, секоја чест за нив :)

Нани: Секогаш треба да се игра до крај

Клеверли: Ова е само почеток
 

Како што имам разбрано Барса има повеке центри за млади од нас тие ги вадат од Аргентина,Бразил и др.
Додека ние ги вадиме од самиот град точно имаат таленти се додека нашиве не се покажат во тој поим ке бидат подобри.
 
Уф уф.. сеа доаѓам дома и што да видам, еден натпревар на Утд ќе испуштам у 3 год и одма циркуси се дешаваат.. :vozbud:
Ако некој најде торент, или ако ја даваат реприза на Спорт Клуб нека ми пише во ПП, ова мора да го гледам.. :)
 
Леле немам зборови, какво само газење, посебно во второ полувреме. Нека ни е честито ЃАВОЛЕШТИНИ !!!
 
Како што имам разбрано Барса има повеке центри за млади од нас тие ги вадат од Аргентина,Бразил и др.
Додека ние ги вадиме од самиот град точно имаат таленти се додека нашиве не се покажат во тој поим ке бидат подобри.

Грешно си разбрал. Барса да, има доста центри низ светов али освен Меси немале друг талентиран Аргентинец а уште помалку Бразилец во своите школи.
Главно или 90% од талентите се Шпанци кои произлегуваат од Ла Масија, школа стационирана во градот Барселона а најголем број од Шпанците доаѓаат од Каталонија.
Поздрав.
 
^ Како што знам Каталонија е непризнаена држава во Шпанија и дека луѓето кои зборам за вистинските каталонци не се шпанци веројатно живеат и таму и шпанци нешто како Косово само што никако неможат да добијат независност поправи ме ако грешам
 
282046_10150269738404279_275722274278_7829510_6975239_n.jpg


На Виера му се плаче или да?
Кој мерак на комшиките да им го дадеш 3 сезони по ред во 90 +
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom