Ова е тимот. Леон и Хевен не ги ни рачунам, сеуште се тинејџери и ќе имаат епизодна улога. Леон може и да не добие минути во ПЛ воопшто ако се тресеме за опстанок до Мај
И јас би сакал сите да се продадат освен новите играчи од летово и можеби Јоро, но реалноста е друга. Такво нешто не е можно во 1 или 2 преодни рока. Тимов е гладен за ок играчи моментално, не само за одлични играчи, колку и тоа да звучи тажно. Затоа што повеќето се тешка катастрофа.
Според мене, чистката треба да почне од играчи што изиграат 2 натпревари, најчесто лошо, и потоа се повредени 2-3 месеци (Шо, Мартинез, Маунт, Маласија ако е уште жив) и играчи што се екстремно глупи што и ако останат здрави, и кога играат добиваш впечаток дека е подобро дрво да ставиш на сред терен место нив, повеќе работа ќе заврши (Далот). Да се исчистат овие 5 и да се заменат со лев бек, десен бек, и лев централен бек во глупата формација на Аморим кои се барем на ниво на квалитет на трансферите од ова лето како Мбумо и Куња, можеби ќе тргне тимот нагоре. Вака не би имал проблем Касемиро и Мегваер да останат уште една сезона. Веќе не фали само квалитет, туку и квантитет. Секако, уште еден играч за врска е must, без разлика дали Касемиро останал или не. Можеби тогаш магарето на клупа и ќе го врати Бруно малку напред.
Тројката напред се среди колку толку и на Аморим е да го извади најдоброто од нив. Останатото, освен Јоро не гледам друг играч што би бил првотимец во солиден тим во наредните 2-3 години што без проблеми барем би се квалификувал за ЛШ. Затоа лев бек, десен бек, играч за врска, минимум еден централен бек мора наредно лето. Ако нешто се земе во зима ќе биде бонус.
Е сега, тоа што ништо од ова нема да се случи и ќе го остават Далот како заменик-капитен и капитен за 2-3 години откако тимот и официјално ќе биде на ниво на Барнли со 3 последователни сезони финиширани под 15 место, е друг муабет.