Дефинитивно има мало разочарување во мене заради пропуштените шанси и пропуштените 2 бода кои ги имавме врака, ама уште еднаш примивме ефтин гол додуша Шкртел(кој го маркираше Чичарито за корнерот) се лизна инаку се ке беше поинаку како и да е.....
Реина-Немаше многу работа, неможеше ништо да стори при голот на Чичарито
Кели-Ретки излети напред, солиден натпревар ама 2-3 пати беше фатен надвор од позиција, но одлично го покри Кара
Кара-Одлична партија на легендата, заедно со Шкртел беа одличен тандем денеска
Шкртел-Според мене еден од подобрите на мечот, нити една топка не му помина
Енрике- Ех од кога велев него да го купиме 80% од вас беа скептични

, одлична партија, како во напад така и во одбрана со напомена оти со Даунинг во неколку наврати не се разбраа најдобро
Адам,Лукас-Одлична партија на двајцата посебно Адам кој беше одличен. неколку пробиви во напад....
Џерард-Конечно се врати и одма постигна гол.....на почетокот делуваше неспремно, ама како шо поминуваше мечот беше се подобар и подобар....
Даунинг-Не би се изненадил ако го видам на следната утакмица со Норич Белами стартер, мислам дека беше најслаб поединец кај нас( и покрај неколкуте успешни центаршути)
Кајт- Како и секогаш шо би рекле Англичаните Run his heart out, не ги остај дефанзивците на Јунајтед да здивнат....
Суарез-Добра партија, сепак мислам оти во првото полувреме мораше таа шанса да ја претвори во гол, ако го има навредено Евра расистички ке добие некоја утакмица казна
YNWA