Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Сезонава Лукас Леива има направено 45 лизгачки стартови од кои 73.3 % се успешни....го прави тоа во просек на секои 14тина минути....со оваа статистика тој избива на прво место во премиер лигата....ДА...на ПРВО место :cuc:
--- надополнето: Oct 10, 2011 4:10 PM ---
Лукас Леива во досагашниот дел од сезоната ја загубил топката само 2 пати....

П.С. информацииве ги вадам од фб, што пишуваат...како и да е....

Знаете дека статистиката ми припага мене! :cool:

За статистички податоци имаш вака....

На ФБ :
https://www.facebook.com/AnfieldIndex

И нивниот сајт :
http://www.anfieldindex.com/

Што се однесува до поопширни статистички податоци (од каде по некој пат преземаат и Енфилц Индекс) ја имаш оваа страна!

http://www.optasports.com/sports/football.html

Како што споменав на неколку пати.... доколку му требаат на некој за некоја страна за некои Специфични статистики за Играчи нека праша слободно..... со драга воља би помогнал колку би ми дозволило времето!



 
не е до нас, Macedonian Reds имало 11 админи а и ние на нашата сме 5, ќе биде вкупно 16 и ке стане "хаос" според мене, вака на 2 страни е поубаво, фановите ке имаат можност за повеке информации, но во последно време гледам дека се почесто Macedonian Reds ги зимаат истите новости кои нашата страна ги објавувава а тоа мене лично не ми се допаѓа, така да до спојување тешко би дошло
брат, јас сум еден од Админите на Macedonian Reds, ние уште малку ќе станеме Официјален Фан Клуб на Ливерпул во Македонија, ти кажуваш дека сме краделе новости од вашата група, можеби ако ја објавиме покасно новоста, иначе исти се новостиве за Ливерпул, еден е Ливерпул , нормално дека ќе имаме идентични постови, можеби да имало копирано некој пост од помладите Админи, се извинувам за тоа, но вие треба да ја избришете вашата фан група пошто имаше една, а вие ја копиравте зошто !? ај ве молам избришетеја пошто има една фан група на Ливерпул а тоа е Macedonian Reds !
 
брат, јас сум еден од Админите на Macedonian Reds, ние уште малку ќе станеме Официјален Фан Клуб на Ливерпул во Македонија, ти кажуваш дека сме краделе новости од вашата група, можеби ако ја објавиме покасно новоста, иначе исти се новостиве за Ливерпул, еден е Ливерпул , нормално дека ќе имаме идентични постови, можеби да имало копирано некој пост од помладите Админи, се извинувам за тоа, но вие треба да ја избришете вашата фан група пошто имаше една, а вие ја копиравте зошто !? ај ве молам избришетеја пошто има една фан група на Ливерпул а тоа е Macedonian Reds !
Најмногу ме иритира кога некој ке каже да ја избришам групата, сите знаеме дека Macedonian Reds е официјалната страна на нашиот клуб, но наброј ми причини зошто да ја избришам таа страна, ако добро си видел на фб, сите други тимови имаат по најмалку 2 страни. Зошто ние да немаме? Страната е од корист за сите фанови на Ливерпул разбери веке еднаш
 
Суперстар.....се извинувам за статистиките.. :) ама немаш представа колку ме иритира ругањето на Лукас....неможам да опишам....секој лош коментар наменет за него од кожа ме вади....незнам како да опишам....од две причини...прво што е дефинитивно играч број еден за минатата сезона...а и оваа не изостанува од приматот...а второ, што не сум тип на фан, да си ги руга играчите....можда во афект....додека трае утакмицата, за шанса или пенал глуп, фаул...ама вака....не сфатливо ми е..!!!!

За страните....никој неможе да ви забрани...имајте си ја страната, само немој да обвинувате за кражба, зошто и вие истото го правите...дали крадете меѓу себе...дали од официјалната на ЛФЦ...дали од лфц трансфер спекјулешнс....или бог сам знае од каде копате информации...!!! мој предлог е...зошто ќе се официјализира..уствари веќе е официјализирано, само треба документи во банка да се поднесат за жиро...и печатите да се земат ( за тој што незнае)....тие две страни, да се претопат во една....МОЈ совет....ако сакате прифатете го...ако не, никому ништо...ќе се обвинувате и понатаму за "кражби"....
 
јас и уште двајца од фан клубот сакаме да идеме......во план ни е...не ни е битно дали е со Манчестер...или Евертон....или било која друга (иако би било одлично да е дерби некое)...па разбрав дека поверојатно е да добиеш виза со здружениево што го оформивме, како официјални членови да идеме...и плус, мора прво да имаш карта авионска купено и за утакмицата...па да аплицираш за виза, како гаранција...и ти даваат виза само за влез и излез со датум кој ти е наведен на авионскиот билет (што не е и некоја гаранција, можеш да го смениш датумот на летање...ама визата ќе ти биде истечена)....комплицирано е...и исто така планираме во сопствена режија....

епа ајде ако сакате за догодина т.е. 2012 да отидеме на дербито со Челзи 5-ти Мај е ??? Сигурно не се испродадени картите уште сега за тој натпревар ??
 
епа ајде ако сакате за догодина т.е. 2012 да отидеме на дербито со Челзи 5-ти Мај е ??? Сигурно не се испродадени картите уште сега за тој натпревар ??

Не се распродадени, во Јануари ќе има продажба на билети...и јас сум за, искрено...и има време да се консолидираме...да се средиме...јас ќе им спомнам во сабота, на утакмица...незнам дали доаѓаш да гледаш и ти, ако си од Скопје....да се запознаеме...ако не, ќе те известам тука, да ти пренесам....што како....а би требало да се ЗА!! :)
 
Леброн доаѓа у сабота на Енфилд . ГАЗЕЊЕ !!:D
леброн колку што знам има многу мал дел акции и во барселона така да леброн не е кујзнае кој во тимот тука е само заради своја реклама
 
Кој сака нека биде присутен на Енфилд битно да победиме и да ја намалиме колку толку разликата и да се одржува добрата форма само така може да се направи нешто.
 
Момци ќе може да се обидете и да направите како би сакале да изгледа една маица на Ливерпул на Македонскиот фан клуб на Ливерпул.Потрудете се(барем тие шо се добри со фото шоп)да напраите неколку типови и да ги постирате овде па да се одбере најдобрата.На другаче чичко му има фирма за штампање на маици(кој ги има низ скоро цела Македонија),па праевме муабет и рече ќе дае попуст ако се земе одреден број на штампани маици.Штапмата е доста добар квалитет.Цената би требало максимум да биде до 250 денари а минимум највероватно околу 180-190(верувам дека и максималната цена да биде не е премногу тоест е реална и секој би можел да даде пари).Раширете на тие шо не се членови на кајгана а се фанови на Ливерпул дека ќе се штампаат маици и ако не ги мрзи и они да дадат тоест да напраат некоја идеа за маица.Ако може ова шо побрзо да се направи за шо побрзо маиците да се иштампаат.
 
Леброн им поклонил вакви слушалици на играчите...Би убил за овие! :D

nzh0jaj:iphone
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom