Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
cestitki na site fanovi na liverpool za golemata pobeda nad scumchester united
 
Честитки и од мене за победата, сосема заслужена, никој така не' не надигра сезонава како вие денес :toe:...
 
Честитки за победата над Скум Јунајтед.
 
Честита нека ни е победата изигравме фантастично од прв до последен играч и мораме да признајме стартот на Кара беше за црвен.....Како и да е....invincible a??Во 1 месец 3 порази имат :)
 
Кога му пееа Happy Birthday на Кени !!!

[video]http://www.sportpost.com/video/view/Liverpool+fans+sing+Happy+Birthday+to+Kenny+Dalgli sh[/video]
 
Facts of the day!!

На Луис Суарез му треба нов долен дрес, по можност со поголеми џебови, да има кај да ги стаи сите играчи на Скамчестер!
-Меси му вика на Роналдо: "Јас за тебе сум Луис Суарез!"
-5 играчи на Скамчестер денес се видени во Скопје. Се претпоставува дека се кај Цакан да им ги мести кичмите!
-Кајт му рекол на ван дер сар: "Прости ми, сепак постар си!"
-На денешниот тренинг деби имаше и Carroll - the beast!
-рафаел проба да го провоцира Шкртел... LOOOL!
-Само еден навивач на манчестер (од многуте) се јави да честита, другите не се знае каде се!
-Фергеј не дава изјави на медиуми после натпревар! Простено му е, сепак Coward Webb денес не можеше да настапи!
-Карагер го чекал Нани цело време после натпревар да му се извини! Незгоден старт, да, но сепак покажа зошто е класа!
-Irish Pub грмеше!
-Гори Гори манчестер јунајтед - THIS IS ANFIELD!
-Го обожавам руменилото на обравчињата на Фергеј кога е нервозен!
-Некои викаат дека Шрек денес настапувал за првиот тим на Скамчестер! Се претпоставува, но се уште не е докажано!
-Така се игра тимски! Така се сака Ливерпул!
-Простете драги другари, навивачи на Скамчестер, морам да провоцирам, сепак вакви победи ми се најслатки! Ништо лично! :)
 
:pos2::pos2:
А Чак Норис на Меси му рекол - Јас сум Керол за тебе!
 
Имате среќа шо не играше Видич, немаше вака да бидит, ама то е то честито победа
зависи среќа со две лица ќе беше ако играше видич ќе добиеше црвен оти не го бива и мора да ги тегне за дрес, но уште една (не)среќа па и веб не ви игра , ризично му било да гази по травата на енфилд карагер налетувал со маи гери :pos2:
 
Честито победа, одлична партија (бар до 60 минута дур ја глеав јас т.е дур не се заеба стримот)! Одавна неам видено олку добра партија од ливерпул. И да, Суарез е мајсториште :)

Стајте видео од 1 гол ако можете.

Поздрав
 
Не е толку битно што го победивме Јунајтед, сеедно е кој ќе земе титула кога тоа не е Ливерпул.Денеска радуваше пристапот на играчите.Радуваше атмосферата во тимот.Денеска и покрај тоа што знаевме само си потврдивме дека милионите за Суарез се и тоа како оправдани.Уште Керол да ги оправда во иднина и ќе биде топ.Ливерпул е кој што малку троши и евентуално фрлање во бунар 40 мил би значело пропаст...
За Дирк.Две години трубам дека е роден голгетер.Оној класичен голгетер.Неатрактивен, работник и трудољубив.Одсекогаш викав дека грешка беше што Бенитез го претвори во крило.Ќе се изнадаваше голови.
Мислам дека Луис треба почесто да ги изведува слободните бидејќи тоа го прави екстра.

И на крај ќе кажам нешто со резерва и незнам како ќе го разберите но мислам дека Карагер и Шкртел се доста самоубииствена двојка позади.Во смисла дека воопшто не се сигурни и барем еден од нив мора да биде надвор.денеска имавме среќа што како барселона нападот и средината ги сокри слабостите на одбраната а и Јунајтед беа отепани.Правата посериозна шанса човек две глави понизок од нив им даде гол со глава од 5 метра

Јас сваќам дека Ливерпул е религиа и не се откажува туку така од своите легенди , но Ливерпул не смее да биде заложник на сопствената доброта и да игра со легенди кои останале само легенди.Не велам ништо за Џејми но ете Даглиш или било кој во иднина се сомнева во квалитетите или на Џејми или на Стивен нема потреба да ги форсира само поради тоа што се легенди ...

Еден прост пример.Не сакам да го спомнам ама ќе го спомнам.Ако пред два месеца некој ни речеше дека Торес ќе го нема ќе се чудевма како ќе изгледа тимот.И еве денес имаме играчи како него ако не и подобри.Се надевам добро ќе протолкувате
 
Честитам......

Слатка победа која ни ги наполни срцата за оваа сезона.

Мислам дека до споменикот на Шенкли треба уште еден, Кинг Кени!:vozbud:

Суарез МоМ, едноставно незапирлив, заслужен за сите 3 гола.

Дебито на Керол ми изгледа некако застрашувачки, но сепак тоа беа само 15 минути каде ништо не може да се оцени.

Џерард иако играше со инекција одигра цел натпревар.
Добро е тоа што Мираљес во прав момент дојде, во време каде Џерард полека но сигурно треба да си се врати на старата позиција (не мислам на Десно Крило) затоа што се гледа дека нема сили во нападот, сега треба само да се користи неговиот Ум истото тоа што го прави Карагер!

Атанасе спомна дека треба да се размислува за помала минутажа на нив двајцата.
Јас би го рекол токму спротивното. Мора да се користи нејзиното искуство.

Незнам дали некој го забележа Кара. На 4-5 пати камерата го фати како дава совети на Керол (при влегувањето), Шкртел (при секој корнер), Лукас (после ударот на Бугаринот).....итн.
Значи мора да се има такви играчи на теренот што ке командуваат, затоа што едноставно тим без искуство е самоубиство!

Уште еднаш честитки за победата!!!:vozbud:
 
Не ми успеа првиот пат да ја аплоадирам....незнам како преку УРЛ...како и да е....дел од момците од Ајриш
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom