- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
Мислам дека не е во ред веднаш да му се пресуди на Бонучи, по една грешка. Минативе две сезони под Конте ги изигра брилијантно, и мислам дека на сите дефанзивци на светот може да му се случи да направи грешка. Порано ниту Монтеро, ниту Песото беа сметани за најдобри на својата позиција, и нив му се случуваше по некој кикс (особено на Монтеро), па сепак беа нераскинлив дел од тимот, за сега секој за нив да има само убави зборови.
Воопшто не е една грешка, сети само колку беа првата и втората сезона(посебно првата, втората се оправи). Ама ајде, прва сезона, па сите му ги опростија, така и јас. Ама фактот останува дека Бонучи е киксер по природа. Спореди го со Киелини или Барзаљи, на пример. Едноставно има такви типови на играчи, што се добри дефанзивци, али се киксери. Според мене, Бонучи е таков. И факт е, дека на колку поважна утакмица кикснуваш, толку повеке ке го памтат тоа. Не дека утакмицава со Галата беше клучна за цела сезона(сега за сега), али ако(не дај боже) испаднеме од ЛШ за бод или два, баш оваа ке се покаже за клучна.
Друго е што воопшто не ми се допага тој филм што го форсира, дека е бјанконеро до коска, иде со навивачите да навива, незнам ти што...За освојувањето на 30тата титула постојано покажуваше со прстите 3, нели, ради 30тата титула. Тоа, заедно со навивањето, ми изгледа за лижење гз на навивачите и лугето од клубот, за да си ја осигура иднината тука. Да не помисли некој дека ова е ради грешката, не е, како што спомна и ти, неможе од една грешка да му се суди. Едноставно не ми се сфига вакво улижување.