Не брат, кога го гледав натпреварот ми беше чудно што се буните, ама јбг, ТВ е, бидна и помина, мислев дека откако ќе ја видите снимката ќе се приберете. Страшна работа човек да гледа снимка, слики, на кои се гледа јасно како ден, дека голманот прво добива удар, па после следи шутот, и да се измислуваат „квази правила“: дали било намерно или ненамерно, дали голманот скокнал па се удрил во раката на Тони, па закаснил во скокот... мислам, смешно е, среќа што не ве читаат многу.
Најинтересно е што правилото е многу просто и сите го знаат, не треба да се правиме стручњаци, не дискутираме за ништо сложено.
Ако е за интерашот во нас, ќе им запнувавме на Миланезите за „офсајдот“ од минатото коло. ЈБГ, сакав да биде офсајд, макар и 10cm. Изгледаше како офсајд и можев да јадам бурек колку сакам. Ама ја земав сликата, ја ставив на фотошоп, ја зумирав, и ставив линија, и погоди што: не е офсајд!
И си ќутам. Зошто срамота е едно да гледам, а друго да тврдам. Најлошо од се е што, може ќе излажам некој Миланез, ама зошто да се лажам самиот себе?