Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Не се расправајте за судијата АМАН. Да имаше грешки, го поништи голот (Морган каснеше и ја немаше со раце фатено кога ја шутна Тони), свиреше офсајд за џабе, фалојте над Красич и сл.... има тука за дебатирање.

Финтата е шо не треба да се правдаме со судијата оти Јувентус беше катастрофа со играта денес. ДА грешките на судијата ќе го напраеја мечот поинаков ама сепак ќе беше само еден меч - не плачете ко Шинтерашите аман. Треба да се научат грешките од овие мечој и да се зацврсти играта а за поразот биг дил, барем од Наполи изгубивме (тим кој е речиси неприкосновен на домашен терен и се над 0 поени е премија на нивни терен). Со среќа на Наполи понатаму и онака ми се резервен тим за навивање :smir:.
 
Јас да бев таму у некоја мешаница еден лакт и нокаут на голманот!!!Да му ебам све по список да направи собраќајка се му ебам колку сум го пцуел :nerv::nerv::nerv:
А ПА СУДИЈАТА АУУУУУУУУУ :zid::zid::zid:

Иначе нечинат бековите катастрофа се...МОЛИНАРОО ЗЕБИНААА ВРАТЕТЕ СЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!

Леви бекови:Коларов,Таиво,Коентрао,Бастос
Десни бекови:Ван дер виел,Џонсон,Иванович

Од овие мора да се донесе некој :toe:
 
Juventus Coach Luigi Del Neri: Lessons Need To Be Learnt After Napoli Loss А кога ќе се научатт ??
 
Добро, досега во историјата на овој клуб сте доживеале вакви сезони како оваа и претходната или дали имате сознанија дали некогаш имало вакви сезони... не сакам да кобам ама каква што е политиката моментално да не им се дава 1 денар лошо ни се пишува во следните 2-3 години :tapp:
 
Чекав да се смирам малце,па да напишам нешто,имаше доста кршење по дома...:nerv::nerv::nerv:
Натпреваров многу ме потсети на ерата на капетанот Чиро Балбоа,кој од натпревар во натпревар тонеше со неговиот брод.

Марота и Ањели,да го одврзат ќесето и да се донесат лев и десен бек,лево крило и напаѓач.Од мечов денеска се виде дека одбраната ни е како француско сирење,а во првата полусезона тие недостатоци се покриваа со добриот напад.Сега се повреди Кваља,па работите дополнително се влошија.

Знам дека уште на почетокот главна цел беше освојување на 4 место,и работите добро тргнаа,некои дури не впишаа како претендети за титулата,али сеуште неаме играчи со таков квалитет кои би не однеле до скудетото.Оваа година конкуренцијата во Серија А е доста голема,па мала е разликата во квалитет помеѓу прво и пето пласираниот.Затоа треба да се сфати сериозна работата и да се превземе нешто додека не е прекасно.Самиот факт што во два меча примивме 7,а дадовме 1 гол,јасно говори дека сме во криза,криза која секоја екипа ја има во некој период од годината,сега дојде и кај нас.Само треба соодветно да се реагира додека трае сеуште трансфер периодот.
Во плановите на управата беше да се направат мали промени,т.е да не се троши многу сеа,да се обезбеди планираното место во ЛШ,па на лето да се купуваат звучни имиња.Но работите се влошија па најдобро е да се одврзе ќесето колку што е потребно и да не се ризикува пласманот во ЛШ.

Имаше доста промени летово,се зајакна средниот ред и делумно нападот,но одбраната си остана скоро иста,се купи Бонучи,Сторари,но основата остана иста.Да ми кажеше некој дека најслабите поединци од минатата година(Гросо и Григера) ќе бидат сеуште во првиот тим немаше да му поверувам.Мислам дека и Секо да останеше ќе ги продадеше до сеа.Единствено инвестирање на Марота по бековските позиции беше Мота кој во Удинезе ќе ја грееше клупата и Траоре кој рака на срце сеуште немаше шанси да се докаже,али со оглед на тоа дека кај Венгер беше 3 опција,за таа лева страна,не знам зашто кај нас би бил во прв тим.:toe:
 
охоооооо не можам да верувам.........Тони седи в место,прави скок-пук и погодува,притоа налетува Де Сантис и се крши од Тони....да беше Дел Пиеро ќе беше обратно....чист гол како солза,Тони не НАЛЕТА туку скока и шутира-КРАЈ....ама не било така,постоело фаул....според судијата и лаици слични на него
 
Сега се враќам од именден на другар и ваков сеир немам испиено во мојата навивачка кариера пред толку широк аудиториум:kesa:. Сите што гледаат и што не гледаат фудбал ме ремплаа до доцна во ноќта.:kesa:.

Имам само нешто да ви отпеам:
Наздравите другови самном и са тугом
отишла је титула у витрине другом:pos2:

На судијата се по список да му е**м. Поништи чист гол за 1-1, во неколку наврати помошникот не суди ништо ама тој око соколово на мајка трча од 60 метри раздалеченост и суди фаул во корист на Наполи демек да докаже дека низ маглана догледува на 60 метри. Абе крвта негова да му ја е**м. Јас не знам што им е на овие од федерација што го буткаат со сила овој посран тим на Наполи да се бори за титула. Канализација на Италија!!!! Е тоа е Неапол и ништо повеќе!!!!
 
Катастрофа :kesa:

Уште не ми е јасно како може да има таков пад во играта и во мотивацијата, како да поминаа 2 од години 2010, а не две недели.

Секоја чест за Наполи, ни одржаа лекција и по којзнае кој пат ни го начукаа. Не беа тие толку добри колку што ние бевме очајни. Желба за надигрување 0, мотивација 0, тактика 0, избор на први 11 од Дел Нери -1!!! Келини и Бонучи изиграа далеку испод нивното ниво. Григера таман мислев се управи, ме демантираше, а не знам кој беше полош Гросо или Траоре. Дефинитивно уште еднаш, по којзнае кој пат, се покажа дека чкрипиме на бековските позиции и дека го јадеме немиен против мали, брзи напаѓачи ака. Лавеци, Миколи, Ето итн. Дефинитивно со ова шансите за титула се сведени на теорија, а да бидеме реални немаме ни квалитет за тоа. Амаури треба да биде прекомандуван во одбрана, а Пепе да поработи на константност. Красич и Аквилани мора поцврсто.

Едино нешто што можам горе-доле да го извлечам како помалку лошо(далеку од добро) е тоа што мислам дека Тони ќе се снајде, кока-кола е за Амаури, и дека добро е што има уште од трансфер периодот, зашто после овие 2 натпревари дефинитивно се виде дека треба да се одврзе ќесето. Она што МОРА прво да го купиме според мене е SS, играч со топка што ќе има широк радиус на движење и ќе и помага на средината. Ова денеска не личеше на ништо, бетер од второкласна англиска екипа бевме, претераа со нафрлените топки.

Како и да е, знаев, а и порано имав напишано дека сезонава ќе има нервози и радости, подеми и падови. Ова за жал дефинитивно е период на криза и мораме да почнеме да победуваме уште наредниот натпрева, а подобра прилика од Бари во Торино нема. Се надевам само дека нема веќе да има вакви периоди до крајот на годината.

И за малку ќе заборавев...... се виде колку многу значи ебаниот потег на Мело, и неговиот придонес за цврстина во играта!
 
Па релевантно поради тоа што Тони прави нормално движење со рацете при скок за да ја шутне со глава. Се наоѓа во подобра просторна ситуација од голманот КОЈ КАСНИ и налетува на раката на Тони.
Друже извини што ќе се умешам али само да ти кажам дека голманот е неприкосновен во својот петерец и не смее противнички играч да има посериозен контакт со него без разлика дали намерно или ненамерно а да не зборам за лакт... извинете на сметање :)
 
Друже извини што ќе се умешам али само да ти кажам дека голманот е неприкосновен во својот петерец и не смее противнички играч да има посериозен контакт со него без разлика дали намерно или ненамерно а да не зборам за лакт... извинете на сметање :)

Добро е што знаеш дека сметаш.:smir:

Единствен спас и дигање на формата гледам во двата следни натпревари против КАТАНИЈА во купот и против БАРИ дома.И стварно мора веќе да се решат бековските позизии ова на ништо не личи.Послаби бекови немал никогаш Јуве во целата историја.

Верувам дека ќе може да се дојде до добар пласман на крајот на првенството со враќањето на Мело во тимот и со купување на бек и евентуално шпиц SS некој што има ист профил на игра како Кваљарела.Ако не тогаш ќе гледаме реприза на ланската сезона.
 
Друже извини што ќе се умешам али само да ти кажам дека голманот е неприкосновен во својот петерец и не смее противнички играч да има посериозен контакт со него без разлика дали намерно или ненамерно а да не зборам за лакт... извинете на сметање :)

Нема потреба да се извинуваш, почнувајќи од твојата самокласификација како Анти Ѓубренташ, верувам дека секој твој коментар во врска со Јувентус е необјективен и изнуден од твојата веќе спомната самокласификација. Поради тоа немам намера да се/ти објаснувам. :smir:


п.с. само еден предлог до тебе, поднеси предлог до ФИФА да постават електрична ограда на линијата за петерец за никој да не може да му смета на голманот.
 
поднеси предлог до ФИФА да постават електрична ограда на линијата за петерец за никој да не може да му смета на голманот.
Тоа е едно од најстарите и најмногу спомнувани правила по ТВ преноси, нема некој што следи фудбал а да не знае. Тоа што вие се обидувате да го редефинирате е ок, ама нема да се промени.
 
Не се правете големи стручњаци за фудбал, затоа што и на вас да ви го поништеа истиот гол, ќе ги тврдевте истите работи како нас. Коментариве што ги вадите на оваа тема потекнуваат од интерашот во вас, а не од познавањето на фудбалот. :smir:
 
Кога ги слушам Шинтерашите со тоа дека голманот бил неприкосновен во шеснаесетник ми се се*е !!
Инаку сакам да испратам еден поздрав до судијата Морганти кој судеше "феноменално" и да му пожелам што побрзо да го снема од терените во Италија.
За натпреварот само да кажам дека Григера ми остави силен впечаток и нека гледаат сите негови соигрчи како не треба да игра еден бек. Нападот исто така катастрофа, а би рекол и добри измени од страна на Дел Нери (секоја чест) :tapp:
Ако не се одврзе ќесето, со ваков состав може да се надеваме само на 4-5 место.
 
Не се правете големи стручњаци за фудбал, затоа што и на вас да ви го поништеа истиот гол, ќе ги тврдевте истите работи како нас. Коментариве што ги вадите на оваа тема потекнуваат од интерашот во вас, а не од познавањето на фудбалот. :smir:
Не брат, кога го гледав натпреварот ми беше чудно што се буните, ама јбг, ТВ е, бидна и помина, мислев дека откако ќе ја видите снимката ќе се приберете. Страшна работа човек да гледа снимка, слики, на кои се гледа јасно како ден, дека голманот прво добива удар, па после следи шутот, и да се измислуваат „квази правила“: дали било намерно или ненамерно, дали голманот скокнал па се удрил во раката на Тони, па закаснил во скокот... мислам, смешно е, среќа што не ве читаат многу.

Најинтересно е што правилото е многу просто и сите го знаат, не треба да се правиме стручњаци, не дискутираме за ништо сложено.

Ако е за интерашот во нас, ќе им запнувавме на Миланезите за „офсајдот“ од минатото коло. ЈБГ, сакав да биде офсајд, макар и 10cm. Изгледаше како офсајд и можев да јадам бурек колку сакам. Ама ја земав сликата, ја ставив на фотошоп, ја зумирав, и ставив линија, и погоди што: не е офсајд!

И си ќутам. Зошто срамота е едно да гледам, а друго да тврдам. Најлошо од се е што, може ќе излажам некој Миланез, ама зошто да се лажам самиот себе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom