Одлична игра и победа на Јувентус.Играчите покажаа максимална пожртвуваност на терен,максимална концентрација и резултатот беше потполно заслужен .
Фелипе Мело прераснува во вистински лидер на Јувентус.Уште еден одличен натпревар за него во оваа сезона,со доаѓањето на Дел Нери,Мело игра одлично,самоуверено и го дава максимумот на терен.
Одличен погодок и на Кваљарела.Заедно со Дел Пиеро се најдобрите напаѓачи во Јувентус.Има одлично чувство за гол,тоа го докажа многу пати оваа сезона.
Мартинез исто така одигра одлично овој натпревар.Марота изјави дека Мартинез е одличен играч,само сеуште не го покажал неговиот вистински потенцијал поради честите повреди од стартот на сезоната.